3АХВ: Земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила
1Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
МакедонијаОбразованието и комуникацијата се неопходни за ресоцијализација на деца во судир со законот Средбата на деца со нивните осудени родители им овозможува на семејствата полесно да ја пребродат траумата додека нивниот член издржува казна затвор, смета Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. Средбата на деца со нивните осудени родители им овозможува на семејствата полесно да ја пребродат траумата додека нивниот член издржува казна затвор, смета Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во врска со отворањето на детското катче во Казнено-поправната установа Идризово. Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда денеска го промовираше катчето кое е наменето за средба на затвореници со нивните деца. Катчето е изградено со поддршка од Европската Унија и Советот на Европа во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Македонија“. -Секоја можност да се ресоцијализираат тие што се осудени и да се со нивните најблиски, им помага да ја пребродат траумата со која се соочуваат додека ја издржуваат казната затвор, изјави Змијанац одговарајќи на новинарско прашање пред отворањето ан четвртата конференција за мировно образование што ја организира „Меѓаши“ Во однос, пак, на децата кои се во судир со законот, Змијанац рече дека е добредојдена секоја мерка и активност што вклучува воспитание и образование – формално и неформално, нагласувајќи дека е неопходна комуникацијата со нив. -Порано имавме информации дека децата дури се исклучени од воспитно-образовниот процес. Комуникацијата им овозможува да се ресоцијализираат и кога ќе го напуштат казнено-поправниот дом односно затворот да бидат активни и одговорни граѓани и да не го повторуваат делото за кое биле санкционирани. Еден ресторативен пристап на ресоцијализација е неопходен и мислам дека тоа е добар чекор за нивно вклучување во општествените текови, изјави Змијанац. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на оваа тема посочи дека Владата презела „законски и сериозни чекори за вклучување на овие деца во образовниот систем“. -Мене ми е многу жал што во минатото имало пропусти во овој процес, но сега веќе тоа се спроведува без никаов поговор. Министерството е вклучено во организацијата. Како што знаете, училиштето „Макаренко“ стана државно училиште кое спроведува настава и во воспитно-поправните и во казнено-поправните домови. Таа веќе се одвива во зависност од потребите на децата или возрасните кои се наоѓаат таму. Тие веќе се вклопени во системот и, бидејќи тоа почна од оваа година, очекуваме да ги видиме резултатите веќе од следната година натаму, рече Јаневска. Додаде дека присуството на наставен и стручен кадар во овие установи „влијае и на едните и на другите – и на децата кои се наоѓаат таму затоа што го прекршиле законот, но и на децата кои ги посетуваат родителите или нивните блиски кои го прекршиле законот“. -Ова е повеќенасочна улица каде што системот односно државата заедно со многу други чинители, не само со МОН, помага и во ресоцијализацијата, но и во надминување на тешкотиите на тие семејства. Активно сме вклучени и очекувам резултати за неколку години, рече министерката Јаневска. Тагови: Весна Јаневска Меѓаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗапочна официјалната посета на претседателката на Индија, Друпади МурмуПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија во официјална посета на државава.По тет-а-тет средбата следеше пленарен состанок на македонската и на индиската делегација. Предмет на разговорот беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација. Соговорничките, исто така, разменија мислења за глобалните состојби, укажувајќи на потребата од почитување на меѓународното право и мирното решавање на споровите. За Сиљановска-Давкова, посетата е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката. Во заедничкото хумано наследство на Света Мајка Тереза, како и во искуството од Движењето на неврзаните, таа препознава цврсти темели на новата ера во македонско-индиските односи. Според неа, македонската геостратешка положба, инфраструктурните коридори и лесниот пристап до европскиот пазар, може да бидат од особен интерес за индиските инвеститори. Друпади Мурму оцени дека нејзината прва посета на државава е историски момент и изрази волја за нова динамика во сестраното партнерство меѓу двата народи. Според обете, политичкиот дијалог и меѓуинституционалната соработка се претпоставки за продлабочувањето на севкупните односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДва милиона луѓе на улиците на Мадрид ги пречекаа светските шампиони! Шпанската фудбалска репрезентација беше пречекана од околу два милиона луѓе на улиците на Мадрид по освојувањето на титулата светски првак на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.Неверојатни сцени во Мадрид, два милиона луѓе ги пречекаа светските шампиони! Шпанските фудбалери пристигнаа во татковината 24 часа по триумфот по продолженија со 1-0 над Аргентина во финалето на Светското првенство и по вторпат во историјата ја освоија титулата светски шампион. Победничкиот гол го постигна Феран Торес во 106-тата минута. 🇪🇸 | Ferrán Torres con su gorra de «Make Spain Great Again» durante la celebración del Mundial en Madrid. pic.twitter.com/qvo9kpNhl1 — ʜᴇʀQʟᴇs (@herqles_es) July 20, 2026 По пристигнувањето во Мадрид, шпанскиот национален тим најпрво беше примена од кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција во палатата „Зарзуела“, а потоа беше пречекана од премиерот Педро Санчез. По официјалните приеми, играчите и стручниот штаб тргнаа со отворен автобус низ централните улици на главниот град, поздравувајќи ги насобраните навивачи кои во голем број излегоа да го прослават историскиот успех. The amount of Spain fans at the parade in Madrid 🤯 pic.twitter.com/brlyPKmrp9 — FOX Sports (@FOXSports) July 20, 2026 Поворката заврши на плоштадот Сибелес – традиционалното место за прослава на најголемите спортски успеси во Шпанија – каде што беше поставена бина со музичка програма што му претходеше на пристигнувањето на новите светски шампиони. Според податоците објавени од шпанскиот бренд, кои се повикуваат на проценките на надлежните служби, на прославата на улиците во Мадрид присуствувале околу два милиона луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
ЗдравјеНова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно е изведена првата операција со роботскиот систем MedBot Toumai®, со што официјално започнува нова ера на напредна, прецизна и минимално инвазивна хирургија во болницата, во земјава и во регионотКај 57-годишен пациент беше изведена радикална роботски асистирана простатектомија со роботски асистирана лапароскопска лимфаденектомија. Станува збор за комплексна операција за лекување карцином на простатата, која со помош на роботскиот систем беше реализирана со исклучителна прецизност и максимална контрола во секој чекор од интервенцијата. Уролошкиот тим беше предводен од проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија, со целосна поддршка од д-р Александар Мицковски и д-р Владимир Лозановски и тим анестезиолози, медицински сестри, техничари и болничари. Благодарение на нивната темелна подготовка, професионалност и беспрекорна координација, операцијата помина успешно и според планираниот тек. Пациентот е во добра општа здравствена состојба, а постоперативниот тек и закрепнувањето се одвиваат според очекувањата. Овој историски успех е резултат на континуираната посветеност на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ да им ги овозможи на пациентите најсовремените медицински иновации и здравствена услуга според највисоките светски стандарди. Воведувањето на роботската хирургија претставува значаен чекор напред не само за болницата туку и за развојот на македонското здравство. ХИРУРГОТ ЈА ИМА ЦЕЛОСНАТА КОНТРОЛА ВРЗ РОБОТСКИОТ СИСТЕМ Роботскиот систем не ја изведува операцијата самостојно. Секое движење на инструментите е целосно контролирано од хирургот, кој управува со системот преку специјализирана конзола. Роботот ги пренесува движењата на хирургот со исклучителна прецизност, овозможувајќи стабилна и детална работа и во анатомски тешко достапни региони. Тридимензионалната слика со висока резолуција му овозможува на хирургот повеќекратно зголемен и јасен приказ на оперативното поле. Проф. д-р Сотир Ставридис објаснува дека ваквиот минимално инвазивен пристап овозможува поголема безбедност за пациентите и значително побрзо закрепнување. „Имплементацијата на оваа софистицирана технологија ни отвора фасцинантни можности – ни овозможува да работиме со врвна, микроскопска прецизност и да изведуваме исклучително сложени хируршки зафати. Притоа, минимално инвазивниот пристап гарантира максимална безбедност за пациентите и значително побрзо закрепнување. Интервенцијата се одвиваше беспрекорно и целосно според планираниот тек, што е директен резултат на темелната подготовка и врвната координација на целиот оперативен тим“ - изјави проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија. Во изведувањето на операцијата учествуваше и д-р Александар Мицковски, како дел од тимот уролози вклучени во интервенцијата. „Очекуваме примената на оваа технологија дополнително да ги унапреди можностите за минимално инвазивен третман во урологијата и да овозможи изведување сè покомплексни интервенции, со поголема прецизност и помала траума за пациентот. Во иднина, нејзината поширока примена ќе придонесе за пократок болнички престој, побрзо враќање на секојдневните активности и уште подобри функционални и онколошки резултати“, изјави д-р Александар Мицковски. ПРЕЦИЗНА АНЕСТЕЗИОЛОШКА ПОДГОТОВКА И ПОСТОЈАНА КООРДИНАЦИЈА Медицинската директорка на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, д-р Емилија Мирчевска, го предводеше тимот анестезиолози што учествуваше во операцијата. За д-р Мирчевска, реализацијата на првата роботски асистирана операција претставува историски значаен момент за болницата. Таа изрази голема благодарност до сите членови на медицинскиот тим за нивната професионалност, посветеност и напорна работа, благодарение на кои овој значаен медицински исчекор стана реалност. „Горди сме што можеме да понудиме напредна хируршка грижа за нашите пациенти и современите медицински технологии да ги доближиме до сите граѓани. Како анестезиолог, ми беше голема чест и професиoнална гордост да бидам дел од првата роботски асистирана хируршка интервенција во нашата болница. Анестезијата во роботската хирургија има свои специфики, бара прецизна подготовка,внимателно следење и менаџирање на сите можни промени во организмот, кои настануваат поради положбата на пациентот за време на операцијата и инсуфлацијата на јаглероден диоксид. Ваквите процедури бараат високо ниво на координација и постојана комуникација меѓу сите членови на оперативниот тим. Овој успех е доказ дека располагаме со знаење, искуство и капацитет за примена на најсовремените медицински технологии“ - објаснува д-р Мирчевска. ПРИДОБИВКИ ОД РОБОТСКИ АСИСТИРАНАТА ХИРУРГИЈА Роботски асистираната хирургија претставува револуционерен напредок во современата урологија. Благодарение на тридимензионалната HD-визуализација, зголемената прецизност и флексибилноста на инструментите, кои ги надминуваат природните ограничувања на движењето на човечката рака, роботската технологија овозможува исклучително прецизна дисекција и максимално зачувување на виталните анатомски структури. За пациентите, ваквиот пристап значи помали оперативни резови, помала загуба на крв, намалена постоперативна болка, помал ризик од компликации, пократок престој во болница, побрзо закрепнување и враќање на секојдневните активности, како и поголема прецизност при зачувувањето на околните нерви, крвни садови и ткива. Воведувањето на роботскиот систем не претставува само технолошки напредок, туку почеток на сосема ново поглавје во секојдневната хируршка практика на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи да инвестира во иновативни медицински технологии, знаење и континуирана едукација на своите тимови, со единствена цел - подобро, побезбедно и поефикасно лекување и најдобар можен исход за секој пациент. Со проширувањето на примената на оваа технологија, се очекува роботски асистираната хирургија да стане нов златен стандард во лекувањето на сè поголем број пациенти и во изведувањето на најсложените хируршки интервенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook