Обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа - Канал 5

Обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа

Сиљановска-Давкова укажа на важноста на градењето судски имунитет на политички притисоци.

Обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на отворањето на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и од Источна Европа, којашто ја организираше Врховниот суд во соработка со CEELI Институтот во рамките на Проектот на ЕУ за владеење на правото.

Според неа, Врховните судови, како највисока инстанца во судската хиерархија, го гарантираат владеењето на правото и ја персонифицираат независноста на судството.

За неа, во ера на сериозно пореметена рамнотежа на трите власти, во корист на егзекутивата и релативизирани спреги и кочници, има насушна потреба од компетентни, кредибилни и храбри судии, одважни во креирањето рационалност, конзистентност и кохерентност во интерпретацијата и примената на законите во судските постапки.

Сиљановска-Давкова укажа на важноста на градењето судски имунитет на политички притисоци.

Таа посочи дека не секогаш политички легитимните реформатори посегаат по реформи заради надминување на неоправдано долгите судски процеси, корупцијата и недовербата во судството, туку вистинската намера им е регрутирањето на политизирани и дисциплинирани судии.

Претседателката потсети дека одлуките на Врховните судови имаат силен одраз врз работата на пониските судови, како и врз перцепцијата на граѓаните за квалитетот и интегритетот на судството.

Функцијата судија на Врховен суд секаде и секогаш се смета за круна на правничката кариера, но таа не е статусен симбол, туку потврда за знаење, професионалност, етика, морал и одговорност, смета претседателката.

Сиљановска-Давкова ја афирмираше важната улога на добрата судска практика на националните врховни судови, како и на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, укажувајќи на неодржливоста на неспроведувањето на неговите пресуди од страна на членки на Советот на Европа и членки на ЕУ.

На отворањето на дводневната конференција се обратија и Африм Фидани, претседател на македонскиот Врховен суд, Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет, Дејвид Кемпбел, виш окружен судија, претседател на Комитетот за меѓународни судски односи во САД и член на Советодавниот одбор на CEELI Институтот, Роберт Р. Странг, извршен директор на Институтот CEELI, како и Гжегож Борковски од Проектот на ЕУ за поддршка на владеењето на правото.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Почитувани претседатели на врховните судови,

Почитувани судии,

Ценети гости,

Дами и господа,

Особено ми е драго што денес во Скопје се собрани претставници на највисоките судски институции од Централна и Источна Европа. Убедена сум дека и покрај, како што веќе чувме, различните модели на политички и судски систем, ќе манифестирате кохерентност околу темелните вредности и принципи на уставниот поредок бидејќи денеска како никогаш порано мора да зборуваме за поделба на власта заради доминацијата на егзекутивата, за владеење на правото заради, about rule of law because of the tendences of rule of men unfortunately, за заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот.

Секогаш сум ги потсетувала студентите дека Платон и Аристотел започнаа со „Држава“, со „Политика“, ама завршија со „Закони“. Е, вие сте тие коишто стоите зад примената на законите.

Веќе чувме дека Врховните судови не се само највисоката инстанца во судската хиерархија, туку главните гарантори на владеењето на правото, што значи главните бранители на независноста на судството, на правната предвидливост и сигурност, но и на правдата, а ако има правда ќе има и доверба од граѓаните.

Токму затоа, во уставната архитектура, вие имате специјален статус.

Веќе реков дека живееме во ера на пореметена рамнотежа на власта во корист на егзекутивата, ослабени спреги и кочници, и тогаш имаме насушна потреба од храбри креатори на кохерентност, конзистентност, рационалност, предвидливост и извесност во интерпретацијата и примената на законите.

Денеска чинам дека најповторуваниот збор е „реформи“ или „реформа“ на судството. Се разбира, без оспорување на политичкиот легитимитет на реформаторите, мислам на политичарите, мора да се почитува институционалниот интегритет, ама и индивидуалниот интегритет исто така во судството, оти судството може да функционира независно само кога е ослободено од политички притисоци.

Најчесто, реформаторите зборуваат за: долгиот пат на правдата, односно должината на постапките, тоа е македонската болка во судството, неефикасното судство, корупцијата. Меѓутоа, не смееме да превидиме дека понекогаш зад високите цели, може да се крие политичка намера за свои послушни судии.

Значи, не секогаш зад реформите стои заштитата на независното судство. Судската независност, како што веќе чувме неколкупати, не обезбедува специјален статус за судијата или за судот, туку токму таквата положба овозможува или е гаранција за слободите и правата на човекот и граѓанинот, што значи императив за демократија.

Веќе неколкумина пред мене ја споменаа индивидуалната и институционалната независност. Јас само сакам, како некој на кој му недостигаат студентите и којшто животот го посветил на оваа професија, да потенцирам дека токму индивидуалната независнот ги штити судиите од арбитреризмот, ги штити судиите од дисциплинските притисоци, ги штити судиите од политичкото влијание и политичката контрола, а како што веќе реков, институционалната пак, ги штити од заканите од извршната власт. За жал, денеска во реал политиката којашто дури и се трансформира во своевиден дарвинизам, честопати се соочуваме со политика на сила наместо со политика на право и затоа е потребна одбрана. Значи, секој граѓанин има право спорот во којшто е, да очекува да биде решен како од независен судија, така и од независен суд.

Она што е најважно за сите вас, сите ние судскиот легитимитет го врзуваме за интегритетот, за професионалноста, за искуството, за експертизата, за етиката, значи тоа е нешто што ги прави судиите посебни. Ова треба да важи за сите кандидати, бидејќи на тој начин ќе создадеме, ќе изградиме брана против арбитрерноста или ќе ја редуцираме опасноста од корупција и ќе ја зголемиме довербата во судството.

Сакам да потенцирам дека Венецијанската комисија, чија членка бев, и тоа е еден од најубавите периоди од мојот живот, честопати истакнува и јас тоа го истакнав годинава на прославата дека треба да продолжиме да се бориме против шајлоците односно против венецијанските трговци, борејќи се за владеењето на правото наспроти владеењето на луѓето односно на групите.

Значи и самата Венецијанска комисија токму ги отвора овие прашања и проблеми. Веќе беше потенцирана важноста на довербата во судството, бидејќи таа зборува за независност во примената на правото. Беше спомената вештачката интелигенција и јас ќе споменам дека да, вештачката интелигенција има големи придобивки, но не смееме да заборавиме дека и зад осудените и зад обвинетите, но и зад бранителите, всушност стојат личности со дигнитет и интегритет, стои емоција којашто треба да се знае.

Компаративно ќе говорите вие подоцна за сиве овие прашања, но јас сепак би сакала да кажам дека токму работата во Венецијанската комисија ми откри различни политички системи, различни правни системи, различни модели на избор на судии, меѓутоа факт е дека денеска Врховните судови па и целокупното судство се соочува со слични предизвици. Токму суштината на овие предизвици е врзана за квалитетот на судењето.

Бидејќи овде седат претседатели на Врховни судови јасно ми е дека и тие, како и јас, веруваат дека највисоката судска инстанца кога е независна, ужива најголема јавна доверба и тоа е доказ за владеењето на правото. Впрочем, преку статусот и работата на Врховниот суд многу често се цени состојбата во севкупното судство.

Секој обид за политизација на Врховниот суд, да потенцирам, е ризик не само за судската независност, туку за демократскиот поредок, бидејќи авторитетот на правото е неразделно поврзан со авторитетот на институциите што го штитат, значи со авторитетот на највисоката институција.

Затоа, кога Врховните судови успешно ја извршуваат својата улога на единствена примена на законите, односно доследност во толкувањето и примената на правото, тогаш и довербата во судството расте.

Ја поздравувам европеизацијата во правните системи, хармонизацијата, бидејќи таа не е само технички потег и задача, туку е гаранција за правна сигурност и еднаквост во европскиот правен простор.

На крајот, би сакала уште еднаш да потенцирам дека вашите одлуки, одлуките на судовите, имаат силно влијание и врз работата на пониските судови, меѓутоа, исто така и врз цврстината на демократијата. Поради тоа, денеска, секаде се одвиваат дебати за начинот на изборот на судиите, улогата на судските совети, критериумите за напредување во судството, бидејќи тие се неверојатно важни.

Без разлика на системите, функцијата судија на Врховен суд се доживува како круна на правничката кариера. Тоа значи, пред се, огромна одговорност, зошто авторитетот на една врховна судска институција, секогаш зависи од квалитетот, интегритетот и професионалноста на оние коишто ја персонифицираат, што значи од вашиот.

Беше споменат Судот на правдата во Луксембург и Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Не можам, а да не потенцирам, дека суд чии пресуди не се спроведуваат, има сериозни проблеми.

Пресудите на Европскиот суд, инаку и во Советот на Европа сум поминала повеќе од 30 години во животот. Пресудите на судот во Стразбур, можат, мораат да важат за сите членки. Впрочем, многупати сме разговарале и за тоа, дека доколку не се спроведуваат, можеби е потребно да има закана којашто би се однесувала на статусот член на Советот на Европа.

Не можам, а да не потенцирам, на примерот на мојата држава, дека многупати пресуди во Стразбур, коишто се однесуваат на заштитата на правата на македонското малцинство во соседството не се почитуваат и тоа, кај мене, внесува големи дилеми во поглед на задолжителноста на пресудите. А, без да се спроведува пресудата, мислам дека судот станува една проблематична институција.

Ви посакувам успешна конференција. Сигурна сум дека ќе размените во жива дебата различни искуства. Сигурна сум дека заклучоците ќе го зајакнат авторитетот на судските институции. Сигурна сум дека авторитетот ќе доведе до зголемена доверба во судството и за мене е најважна соработката во европски рамки, но и соработката со Соединетите Американски држави.

Впрочем и самата во време кога Американската Бар Асоцијација формираше Central and Eastern European Law Initiative then, ние добивме Sister School во Moscow, Idaho, а подоцна и една извонредна соработка со Колумбија универзитетот во рамките на Public Initiative Law Interest. Тоа е она што мислам дека е многу важно за соработката и јас честопати кога зборувам за потребата од исчекор во или за вистинска реформа во судството, потсетувам на медисонијанизмот и мислам дека сè уште е инспиративен.

Благодарам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер