Обраќање на Христо Петрески до членовите на ДПМ и до јавноста - Канал 5

Обраќање на Христо Петрески до членовите на ДПМ и до јавноста

Новиот Деловник за работа на Изборното собрание на ДПМ беше донесен во мај 2022 година и првпат беше воведена жрепката и јавното броење на гласовите. 

Обраќање на Христо Петрески до членовите на ДПМ и до јавноста

Тоа беше моја идеја како тогашен претседател на Собранието на ДПМ, а за што се залагаше и тогашната претседателка на ДПМ Соња Стојменска – Елзесер, но тоа го прифатија и одобрија и сите други членови на Претседателството на ДПМ. Значи, ниту јас сакав да бидам избран на недемократски начин, ниту Стојменска-Елзесер и сите други членови на Претседателството сакаа да има било каква дамка при изборниот процес. Така треба да биде и годинава, бидејќи минатата година Изборното собрание траеше малку подолго, но се одвиваше на најдемократски и најтранспарентен начин.

Исто така, минатата година јас како претседател на Собранието благовремено го доставив и беше објавен Дневниот ред за Изборното собрание и од неговото објавување поминаа предвидените 45 дена според Статутот. Така треба да биде и годинава за да бидат информирани сите членови на ДПМ и да има време да се поднесат и разгледаат сите кандидатури и добро да се подготви вонредното Изборно собрание.

Средства за патни трошоци на сметката на ДПМ има. Сите членови од внатрешноста на Републиката кои ќе присуствуваат на вонредното Изборно собрание ќе ги добијат тие средства на своите сметки веднаш по завршувањето на Собранието.

Лично и јас и техничките секретари во изминатиот период се трудевме да имаме точни мејлови, телефонски броеви и адреси од членовите на ДПМ, но за жал до денес тој список не е конечен и дефинитивен, исто како и списокот на членови на ДПМ, каде имаше голем број починати членови, па дури и еден непримен а запишан член. Затоа, ги молам сите членови на ДПМ внимателно да го разгледаат списокот на членовите на ДПМ (објавен е на страницата њњњ.дпм-писатели.мк) и да укажат на сите пропусти во него. Списокот на членовите е најбитниот и за самиот изборен процес, зашто мора да гласаат најмалку третина членови според тој Список за Изборното собрание да биде легитимно.

Исто така, бидејќи не сум правник, а меѓу членовите на ДПМ има и правници, Ве молам да се изјасните кога точно треба да се одржи вонредното Изборно собрание, поради 45-те дена предвидени во Статутот од денот на закажувањето на Собранието и повикот за доставување кандидатури и нивно разгледување, за да биде изборниот процес законски валиден, легален, демократски и транспарентен.

Благодарам за сите добронамерни укажувања и залагања и јавно изјавувам дека во иднина треба да се донесе и нов Статут, каде јасно ќе се прецизира прашањето како да се постапува при евентуален случај на оставки во Претседателството, како што беше случај неодамна, мандатот на раководствата (кој порано беше две со можност за уште две години), а сега е четири години со можност за уште четири години, што е според мене предолг период.

Има и други нерешени дилеми и прашања, но сега е најбитно да се избере ново Раководство, кое тековно ќе ги разрешува тие и евентуално другите нови прашања.

Иако поднесов оставка, како се уште актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија, сакам да Ве замолам за повеќе трпение, почит и достоинство кон Друштвото и кон сите негови членови. Се согласувам со барањата и укажувањата на Ивица Челиковиќ, Венко Андоновски, Зоран Пејковски, Мишел Павловски и другите.

Вчера техничката секретарка Лидија Размоска Тримовска се откажа од своето работно место во ДПМ поради притисоци. Јас сум во секојдневен контакт со претседателката на Собранието Кристина Николовска и помагам колку што знам и можам и се надевам дека барем таа ќе издржи до вонредното Изборно собрание.

А, Живко Гроздановски очигледно ја отвори Пандорината кутија, па излегоа на видело и на површината бројни аномалии од минатото, кога се примале некои членови усмено, без запазување на процедурата и знаење на Претседателството, па во списокот на членовите имаше и такви кои воопшто не биле примени. Но, тоа е минато и не може и не треба да се прави ревизија на членството. До мене како прв човек на ДПМ стигнуваа повеќе барања и тоа од највидни членови на Друштвото да се направи ревизија на членството, но јас тоа категорички го одбивав, зашто сите членови се рамноправни и не прифаќам никакви поделби на писатели и неписатели, млади и стари, писатели со титули и без титули, од Скопје и внатрешноста и слично.

Во ДПМ има бројни проблеми, а најголемиот е што Друштвото се уште, по 76 години постоење, нема имотен лист за просториите кои ги користи. Јас лично ја започнав таа процедура и речиси стигнав до самиот крај, но поради оставките на членовите на Претседателството и самиот дадов оставка.

Апелирам да престанат јавните и заткулисни притисоци, закани и уцени, поради кои и самиот поднесов оставка, зашто не се работи под притисоци, закани и уцени.

Секојдневно ми се јавуваат бројни членови кои изјавуваат дека во вакви тензични услови немаат намера ни да присуствуваат ни да гласаат на претстојното вонредно Изборно собрание. Не смее да се дозволи понатамошен антагонизам, цепење и делење на членството, поради што некои членови и не се кандидираат за раководните функции. Ако вака се продолжи - не сакам да верувам во најлошото сценарио, а тоа е распаѓање на постоечкото Друштво и негово повторно конституирање. Во Статутот има предвидено и таква клаузула - поранешните претседатели да реагираат во таков случај и да не дозволат тоа да се случи.

А, сега апелирам за толеранција, разумност и смиреност за да се запазат сите законски рокови и процедури.

Со поздрав, почит и благодарност,

Христо Петрески, актуелен претседател на ДПМ во оставка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над сто илјади луѓе на вчерашните протести во Франција, регистрирани и инциденти

Илјадници граѓани излегоа на улиците низ Франција во текот на вчерашниот ден, барајќи подобри услови за живот, повисоки плати и поголеми инвестиции во образованието.  

Над сто илјади луѓе на вчерашните протести во Франција, регистрирани и инциденти

Протестите на повеќе локации прераснаа во инциденти и судири со полицијата, а беа регистрирани и приведувања. Според податоците на полицијата, на демонстрациите учествувале повеќе од 100 илјади луѓе, од кои околу 24.000 во Париз. Синдикатот на младите, пак, изнесе повисока проценка, тврдејќи дека на протестите се приклучиле околу 200 илјади. Инциденти биле регистрирани во Париз, Лион, Бордо и Нант, каде што биле приведени над 120 луѓе. На демонстрациите биле ангажирани околу 70.000 полицајци, исто колку и за претходните три големи протести.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС

Бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли.

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ''економските експерти'' од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа.

Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат.

Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења. Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година.

Во време на СДС и ДУИ инфлацијата беше двоцофрена а Филипче и Заев се грижеа само за раст на сопствените бизниси и инвестиции во авиокомпании, плантажи и висококатници во Дубаи додека народот го осиромашија и го оставија на раб на егзистенција.

Денес владата предводена од ВМРО ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДС и ДУИ ја стабилизира економијата и ја води кон раст.

Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност.

Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември.

Кај туризмот во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период минатата година, се регистрирани 35.000 туристи и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест проценти кај двата показатели.

Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности.

Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој.

Никој не тврди дека економските проблеми се решени преку ноќ. Напротив, потребна е сериозна работа, инвестиции, продуктивност и подобар животен стандард што е приоритетна цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање.

Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер