МакедонијаОбраќање до јавноста и пратениците: ССМ бара зголемување на минималната платаСметаме дека од доставувањето на Предлогот за минимална плата од 03.03.2025 година до денес, има многу причини за дополнително ( вонредно ) зголемување на минималната плата.Како што знаете, Сојузот на синдикатите на Македонија на 03.03.2025 година до Претседателот на Собранието и Координаторите на пратеничките групи достави Предлог за минимална плата, по кој, две пратенички групи, односно две политички партии веќе доставија Предлози за зголемување на минималната плата кои за работниците од неразбирливи причини беа одбиени парламентарното мнозинство, се вели во денешното обраќање до јавноста на ССМ. Во соопштението понатаму се вели: „На барање на работниците, Сојузот на синдикатите на Македонија, на седницата на Економско – социјалниот совет одржана на 30.07.2025 година повторно го актуелизираше ова значајно прашање за работниците и за нивниот животен стандард. Сметаме дека од доставувањето на Предлогот за минимална плата од 03.03.2025 година до денес, има многу причини за дополнително ( вонредно ) зголемување на минималната плата и тоа: • Прва причина е тоа што вредноста на синдикалната минимална кошница од јануари 2024 година кога истата изнесуваше 57.163 денари, до јануари 2025 година кога истата изнесуваше 63.252 денари, е зголемена за 6.089 денари, а по завршување на мерките на Владата истата е зголемена за дополнителни 2.202 денари или на едно семејство му недостасуваат околу 150 евра за овозможување на најосновните услови за живот. • Втора причина е тоа што 55,7 % од граѓаните односно работниците во Македонија според податоците на Евростат не можат да си дозволат годишен одмор во траење од 7 денови, ниту во бунгалов во Дојран. • Трета причина е тоа што минималната плата во Македонија е најниска во регионот, па така минималната плата во Србија од месец октомври ќе изнесува 500 евра или за повеќе од 100 евра од минималната плата во Македонија, минималната плата во Босна и Херцеговина веќе изнесува 511 евра или за 111 евра повеќе од минималната плата во Македонија, а во Црна Гора минималната плата ознесува 600 со 800 евра или за 200 повеќе од минималната плата во Македонија, односно 400 евра повеќе од минималната плата во Македонија. • Четврта причина е тоа што пратениците покажаа дека, преку ноќ, без расправа и консултации, го сменија Законот за рабтните односи за удоволување на еден синдикат за истиот да стане репрезентативен, како да е најважна репрезентативноста, а не работничките плати, па можат по истата формула да предложат измени на Законот за минимална плата со кои ќе ја зголемат на 500 евра, а за дополнителни 100 евра ќе се зголемат и останатите плати. • Петта причина е тоа што минималната плата во Македонија е најниска и со најниска вредност не само од земјите во регионот, туку и од земјите во Европската унија, тоа значи дека е на дното на листата со ЕУ земји што имаат национално утврдена минимална плата, а исто така е на дното и од земјите од Балканот.“ Синдикотот понатаму истакнува дека бруто минимална плата во евра (€) во земјите на ЕУ е следната: 1.Луксембург – 2.638, 2.Ирска – 2.282, 3.Холандија – 2.193, 4.Германија – 2.161, 5.Белгија – 2.070, 6.Франција – 1.801, 7.Шпанија – 1.381, 8.Словенија – 1.278, 9.Полска – 1.091, 10.Литванија – 1.038, 11.Португалија – 1.015, 12.Кипар – 1.000, 13.Хрватска – 970, 14.Грција – 968, 15.Малта – 961, 16.Естонија – 886, 17.Чешка (Czechia) – 826, 18.Романија – 814, 19.Словачка – 816, 20.Латвија – 740, 21.Унгарија – 707, 22.Бугарија – 551, а во Македонија - 586 (бруто минимална плата во евра €)“. Во соопштението на ССМ се вели и дека според куповната моќ (PPS - ПКС) (Паритет на куповна способност), највисоката вредност е 2098 PPS - ПКС Луксембург ( во некои извештаи Германија), а Македонија не спаѓа во ЕУ статистиките за PPS - ПКС на минимална плата, но од податоците на неформалните рангирања (EU и регионот), се оценува дека останува меѓу земјите со најниска куповна моќ, односно најнизок ПКС (Паритет на куповна способност). „Нагласуваме дека Македонија повторно е на дното, што укажува дека минималната плата и по законското усогласување во март 2025 година, сè уште не овозможува пристоен животен стандард. Како поткрепа на погоре наведеното, врз основа на јавно достапните информации, највисоко рангирани 5 земји според (PPS - ПКС) вредност се : 1.Луксембург – 2.098, 2.Германија – 1.99, 3.Ирска – 1.874, 4.Холандија – 1.820, 5.Белгија – 1.770, овие земји имаат високи номинални плати и висока куповна моќ, што значи дека работниците таму можат да си дозволат многу повеќе за разлика од работниците во Македонија. Дополнително, на средина на рангирани земји во ЕУ според (PPS - ПКС) вредност се : 10.Португалија – 1.010, 11.Кипар – 950, 12.Хрватска – 910, 13.Грција – 905, 14.Малта – 899, земји кои имаат просечен баланс помеѓу номинална плата и куповната моќ, а последните 5 земји според (PPS - ПКС) вредност се: 19.Унгарија – 820, 20.Романија – 795, 21.Бугарија – 760, 22.Македонија - 740 (проценета) Македонија е на последното место според реалната вредност на минималната плата во Европа, односно на дното и покрај обидот за манипулација дека е пред Португалија, Кипар, Грција итн. Ова значи дека иако бруто минималната платата е зголемена со последното усогласување од март 2025 година, сепак, куповната моќ на македонските работници е најниска особено поради растечките трошоци на живот, што упатува на итна потреба од вонредно зголемување на минималната плата во Македонија за најмалку, дополнителни 6.000 денари во нето износ. Укажуваме дека барањето на работниците преку ССМ, за раст на минималната плата во Македонија, е оправдано според сите факти и споредби затоа што минималната плата во Македонија е најниска во споредба со минималната плата во регионото и во ЕУ.“, истакнува ССМ Барањето на ССМ за зголемување на минималната плата, вели Синдикатот, е оправдано, потребно и одржано, базирано и на споредбите со другите земји, како и на економските и социјалните услови во Македонија, па од тука бараме Собранието на Република Македонија и пратениците веднаш да пристапат кон законска процедура и истите да се одважат на нивото на задачата за што се избрани и да го прифатат предлогот на работниците, со што ќе биде овозможено започнувајќи од платата за месец август 2025 година, работниците во државата да добиваат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата. „Очекувањата на работниците од пратениците се да работат во интерес на оние кои што ги бираат, а од Сојузот на синдикатите на Македонија како нивен претставник да ги претставува во преговорите со активните чинители кои можат да придонесат за унапредување на животниот стандард на работниците како и да продолжи со подготовките за изразување на разни форми на работничкото незадоволство и синдикален притисок, а за што одговорноста ќе биде на оние кои немаат разбирање за работничката мака. Заради распишувањето на локалните избори, имајќи ги во предвид законските ограничувања кои произлегуваат од членот 8-а од Изборниот законик, како народни избраници, односно пратеници избрани од работниците, сметаме дека имате време да покажете дека сте за работнциите и дека работите во нивен интерес. Сојузот на синдикатите на Македонија преку ова писмо, бара и итна средба со пратеничките групи на која дополнително ќе се разговара за реалната и неминовна потреба за дополнителен, односно вонреден раст на минималната плата со кој истата ќе се зголеми на 500 евра, за да не се случи во Македонија да имаме најниско платени работниците, а највисоко платени функционери во споредба со земјите во регионот и земјите од ЕУ“, истакнува ССМТагови: ССМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00