Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР
2Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР
3Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
КошаркаОбрадовиќ им се обрати на навивачите на Партизан,пред пристигнувањето на Реал во БелградКошаркарите на Партизан во вторник го пречекуваат Реал во третиот натпревар од четвртфиналето на плејофот во Евролигата.Партизан води со 2:0 во серијата, а вториот меч го одбележа масовна тепачка меѓу играчите при крајот на натпреварот, по што Евролигата изрече казни и суспензии. Страстите се доста вжештени, навивачите на Партизан најавуваат топло добредојде за Реал, а денеска се обрати и тренерот на црно-белите Жељко Обрадовиќ. „Она што би сакал - нашите навивачи да разберат дека ова е дел од спортот, играчите разговараа меѓу себе и тоа треба да биде крај. Наидовме на феноменално гостопримство од Реал на овие два натпревари. Мислам дека треба да го направиме истото и во Белград, да возвратиме, ниту еден играч, член на стручниот штаб или навивач на Реал да не се чувствува непријатно, а од Белград да ја испратиме сликата која секогаш ја имаше на нашите натпревари“, истакна Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Модриќ обвинува: „Ова не е пенал! ВАР секогаш е на наша штета.“Хрватска го заврши Светското првенство, а капитенот Лука Модриќ не го криеше своето разочарување по поразот од Португалија (2:1). Иако не сакаше да зборува за евентуално збогување со репрезентацијата, беше многу суров кога ги коментираше одлуките на судијата и употребата на ВАР технологијата. „Не е време сега да зборуваме за тоа. Ќе дознаете многу наскоро“, кратко одговори тој на прашањето за продолжувањето на неговата репрезентативна кариера. Лука покажа многу повеќе емоции кога зборуваше за спорните одлуки на судијата, за кои смета дека директно влијаеле на исходот од играта. „Натпреварот можеме да го поделиме на два дела. Во првото полувреме не бевме на потребното ниво, игравме премногу повлечено. Во продолжението одигравме феноменално, тоа беше еден од нашите најдобри натпревари. Можевме сè да решиме и порано, но не ги искористивме шансите. Потоа се случија работи што за мене се неверојатни“, изјави Модриќ. Тој особено се осврна на поништениот гол на Хрватска во 13-тата минута од судиското надополнување. „Судијата тврди дека Матановиќ играл со топката, но ние ја прегледавме снимката и никаде не можеме да видиме дека тој ја допрел. Ако не играл со топката, тогаш нема офсајд.“ Сепак најголема реакција предизвика ситуацијата во која, по интервенцијата на VAR собата, беше досуден пенал за противникот, а токму овој детаљ најмногу го критикуваше Модриќ. „Доколку ситуацијата беше обратна, VAR никогаш немаше да биде вклучен. Реков кога беше воведен дека не ми се допаѓа. Со текот на времето се покажа дека може да биде корисен, но се користи неправилно или селективно, во зависност од тоа против кого играте“. Капитенот на Хрватска смета дека во спорната ситуација немало елементи за најстрога казна. „VAR треба да реагира само кога грешката на судијата е 100%, односно 200% јасна. Ако има некаква сива зона, нема причина да се вклучувате. Ова не е пенал. Двајцата играчи се туркаат еден со друг, Влашиќ не го повлече, но се држат и двајцата паѓаат. Поради оваа ситуација, пенал не може да се досуди во ваков натпревар“.Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде презентирана дел од новата опрема што армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, со финансиска поддршка од Европската унија.На настанот се очекува да присуствуваат премиерот Мицкоски, министерот за одбрана Мисајловски, амбасадорот на Европската унија Рокас и началникот на генералштабот, генерал-мајор Лафчиски. Од министерството за одбрана информираат дека преку Европскиот мировен фонд се обезбедува воена опрема во вредност од над 40 милиони евра. Испораката е поделена во три фази, при што во земјава веќе се пристигнати првиот пакет и дел од вториот. Меѓу набавената опрема се радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3д-радар и преносни сензори, додека во последната фаза се очекува испорака на логистичка, комуникациска и пешадиска опрема.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45
МакедонијаA1 повторно создаде кампања за која зборува јавностаA1 повторно успеа да направи нешто што останува подолго во јавноста.Овојпат, преку современа интерпретација на нашата „Билјана платно белеше“, компанијата отвори една поинаква културна приказна која деновиве е меѓу најкоментираните теми во јавноста. Наместо класична sponsorship кампања, A1 Македонија, како генерален спонзор на Охридско лето избраа поинаков пристап , да создадат чувство. Со минималистичка визуелна естетика, jazz аранжман и внимателно раскажана приказна, „Билјана“ доби нова емоција, а публиката доби нешто што ретко се случува на домашната сцена: бренд што комуницира преку култура. Особено внимание привлече фактот што целата комуникација е суптилна, достоинствена и далеку од агресивен branding. Токму затоа, реакциите на социјалните мрежи се главно во една насока, дека ова не изгледа како реклама, туку како вистински културен проект. Со овој потег, A1 уште еднаш покажа дека најсилните кампањи не се оние што најгласно продаваат, туку оние што оставаат впечаток и создаваат емоција што луѓето ја паметат. Тагови: A1 кампања Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45