Обрадор вети истрага за протекувањето лични податоци на новинари - Канал 5

Обрадор вети истрага за протекувањето лични податоци на новинари

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска вети истрага за протекувањето на лични податоци на повеќе од 300 новинари, обвинувајќи ги неговите „противници“ дека сакаат да водат „валкана војна“ неколку месеци пред изборите.

Обрадор вети истрага за протекувањето лични податоци на новинари

- Прво мора да видиме што се случило, кој е одговорен за хакирањето, рече шефот на државата на редовната прес-конференција, ветувајќи поддршка од неговата влада за новинарите „кои се појавуваат на списокот“.

Обрадор напомена дека ќе биде поднесена пријава до Националниот институт за заштита на лични податоци (ИНАИ). Истата организација вчера понуди стандарден формулар за поднесување жалба.

Обрадор во минатото бараше укинување на ИНАИ преку уставни реформи, сметајќи дека нема никаква корист од тоа тело.

- Тоа е валкана војна, тоа е шпионажа. Тоа е она што го направија со Гвакамаја, рече мексиканскиот претседател со што алудираше на случајот со хакирање на официјални документи класифицирани како доверливи во неколку земји од Латинска Америка, вклучително и Мексико, во 2022 година.

- Ова се медиумски војни, коментираше Обрадор, именувајќи двајца многу познати мексикански новинари и додаде: „Запомнете, нашите противници имаат многу пари. Тие можат да ги ангажираат највештите криминалци во светот“.

За време на истата прес-конференција, тој имаше прилично напната дискусија со угледниот новинар Серхио Рамос, добро познат во Мексико и меѓу луѓето кои зборуваат шпански во САД, кој ги поставуваше прашања за безбедноста.

Протекувањето на лични податоци на повеќе од 300 новинари го откри експертот за кибер безбедност Виктор Руиз во петокот, што предизвика загриженост кај застапниците за слободата на печатот.

Засегнатите новинари се акредитирани во Претседателството на Мексико.

Мексико е една од најсмртоносните земји во светот за новинари, особено во централните држави каде владее шверцот со дрога и наркокартелите.

Најмалку 43 новинари се убиени во Мексико откако Лопез Обрадор ја презеде функцијата во декември 2018 година, соопшти една од мексиканските организации за слобода на печатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина.

Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар.

Потоа натпреварот беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер