Обновени објекти и пристапни патеки до Колешинскиот водопад и Мокринските извори - Канал 5

Обновени објекти и пристапни патеки до Колешинскиот водопад и Мокринските извори

 Обновени се објекти и пристапни патеки до Колешинскиот водопад и Мокринските извори во Општина Ново Село преку проект од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Обновени објекти и пристапни патеки до Колешинскиот водопад и Мокринските извори

Како што информираа од Центарот, овие туристички локалитети добија нови содржини преку проектот „Туризмот-иднината на регионот“, кој е финансиски поддржан од Бирото за регионален развој.

-Поплочена е патека за искачување до водопадот, поставена е нова ограда на местата каде немаше досега и поправена е веќе постоечката, порамнет и насипен е теренот за паркирање покрај кој е додадена паркинг конструкција за велосипеди, обновнени се постојните летниковци, изработена е нова дрвена платформа, поставени се нови канти за отпадоци, клупи, маси, дрвени патокази и сообраќајни знаци со што на туристите ќе им се овозможи пријатен престој при посета на овие туристички дестинации, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Мокринските извори, пак, се збогатени со нова бетонирана пристапна патека за лицата со посебни потреби, адаптиран е еден летниковец за лесен пристап со инвалидска количка и обележани се паркинг места за истите.

-Покрај оваа содржина дополнително се изградени нови летниковци и поправени се постојните, целокупно се заменети старите реквизити со нови, поставени нови канти за отпадоци, дрвени патокази и сообраќајни знаци, изработена е традиционална македонска фурна која сите посетители можат да ја користат, додаваат од Центарот.

За овие зафати се потрошени 4,6 милиони денари, средства обезбедени од Бирото за регионален развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари

Полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.

СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари

На 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишија од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор.

Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, на место викано „Падарица“ во Прилеп, го лишија од слобода И.Ч. од Прилеп, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор, при што кај него била пронајдена и запалка.

По целосно документирање против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста

Сè уште нема напредок кон мировни преговори или во однос на движењето на нафтените танкери низ стратешкиот теснец Ормуз, ниту пак има знаци дека завојуваните страни се движат кон ставање крај на конфликтот што го започнаа САД и Израел на 28 февруари.

Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста

„Овој теснец ќе се отвора и затвора само под иранска команда, и сè додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да се препуштате на фантазии, Иран ќе продолжи да ја спроведува блокадата“, објави денес рано наутро на платформата „Икс“ (X) заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади.

Министерот за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Иран не донел одлука за продолжување на преговорите со САД.

Во интервју објавено денес во Иран, тој рече дека Вашингтон мора да ги исполни условите поврзани со теснецот за да може да продолжи пловидбата по овој воден пат, преку кој пред војната се транспортираше една петтина од светската нафта.

Трамп ги повика Американците да прифатат малку повисоки цени на бензинот додека трае конфликтот со Иран. Вчера, на политички собир во Гарден Сити, Њујорк, тој изјави дека плаќањето „малку повеќе за гориво“ е оправдана цена за да се осигури дека една „многу злобна земја“ нема да дојде до нуклеарно оружје – што тој го наведе како една од причините за војната.

Според податоците на Американската автомобилска асоцијација, во рамките на трендот што ја поттикна инфлацијата и ги разочара гласачите, просечната цена на галон бензин во САД вчера изнесуваше околу 4,08 долари, што претставува зголемување од 29% во споредба со претходната година.

Трамп, кој е републиканец, ја водеше својата кампања за реизбор ветувајќи намалување на трошоците за енергија, додека демократите настојуваат последиците од војната да ги претворат во клучна тема на ноемвриските избори за Конгресот. „Ормускиот теснец не може да се окупира со твит или со носач на авиони, ниту пак со издавање наредба или одржување предизборен говор“, изјави Харибабади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паника

Филипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паника, СДС од политичка немоќ креира хаос и шири дезинформации.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паника

СДС и раководството нема што да им понудат на граѓаните. Во отсуство на идеи, програма и стратегија за државата единствено што знае СДС е да креира хаос, да шират лажни вести и дезинформации.

Венко Филипче додека се луксузира на јахтата на Заев на Егејот со украдените пари на народот дава инструкции до партиските послушници на СДС да креираат паника на социјалните мрежи за водата во Скопје.

Додека Венко Филипче и Зоран Заев се на одмор на Егејот, решиле да водат политика преку ширење дезинформации и создавање страв кај граѓаните.

Ширењето дезинформации за водата во Скопје е крајно неодговорно.

СДС и Филипче да не си играат ниту со довербата на јавноста, ниту со чувството на сигурност на граѓаните, а најмалку со прашања поврзани со нивното здравје.

Надлежните институции веднаш реагираа и ги демантираа тврдењата со официјални податоци. Министерството за внатрешни работи презеде активности за утврдување на потеклото на информацијата и одговорноста за ширењето паника.

Филипче и СДС треба да разберат дека политичката борба има граници. Филипче и СДС можат да продолжат со својот политички циркус, граѓаните одамна не им веруваат.

Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на економијата, инвестициите, платите, инфраструктурата и подобар животен стандард, СДС повторно се враќа на старото познато сценарио на лаги, дезинформации и создавање хаос.

Доста е од неодговорност од СДС и Филипче. Доста е од ширење паника. Граѓаните заслужуваат факти, а не политички циркус на СДС и Филипче.

Време е Филипче и СДС да понудат нешто повеќе од лаги и страв, доколку некој умее во СДС време е да понудат визија, решенија и одговорност.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер