Божиновска – Мацинка: Одличната соработка со Чешка продолжува со нови можности во енергетиката и минералните суровини
2Божиновска – Мацинка: Одличната соработка со Чешка продолжува со нови можности во енергетиката и минералните суровини
БалканОбновен железничкиот сообраќај меѓу Атина и СолунПо неколку месечен прекин поради штетата предизвикана од поплавите, се обновува железничката врска меѓу Солун и Атина, првично за товарните возови, а од сабота и за патничките, јави дописничката на МИА од Атина.Од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција соопштија дека доцна синоќа бил пуштен во сообраќај првиот товарен воз, а од 16 декември ќе почнат да сообраќаат и патничките возови за целосно да се обнови железничкиот сообраќај. Во првите месеци од 2024 година ќе започне и работата за целосно санирање на штетите на уште двете железнички делници во централна Грција, односно Лариса – Волос и Палеофарсалос – Каламбака, како и на туристичката линија во Пилио. На почетокот на септември Грција ја зафати невремето „Даниел“ кое донесе поплави во централниот дел на земјата, како и материјална штета на патната и железничката инфраструктура, а кусо подоцна следеше и второ невреме во истата област, со што целосно беше прекинато железничкото поврзување меѓу Атина и Солун. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Македонија12 активни пожари низ Македонија, најкритично во мариовскоДенеска во земјава има 12 активни пожари, од кои 4 се активни, а 8 се веќе изгаснати.Најкритично се уште е во Мариoво. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска – Мацинка: Одличната соработка со Чешка продолжува со нови можности во енергетиката и минералните суровиниМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија.Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. На средбата беше потврдена одличната и континуирана соработка меѓу Македонија и Чешката Република, со заедничка оценка дека постои значителен простор за нејзино натамошно продлабочување, особено во енергетскиот сектор. Во разговорот посебно внимание беше посветено на можностите за чешки инвестиции и поголемо присуство на чешки компании во Македонија, како и на размената на експертиза и технологии во области од стратешко значење – енергетска инфраструктура, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и модернизација на енергетските системи. „Чешка е наш докажан и значаен партнер. Имаме одлична соработка и воспоставени канали на комуникација, а сега целта е да направиме уште еден чекор напред – од размена на искуства кон конкретни проекти, инвестиции и технолошки партнерства. Македонија има голем потенцијал, а чешкото знаење и искуство можат да бидат значаен придонес во нашата енергетска трансформација“, истакна министерката Божиновска. Божиновска го потенцираше и значењето на директното институционално поврзување и економската дипломатија за отворање нови можности за македонските компании и привлекување инвеститори од Чешка. Соработката меѓу двете земји во економијата и енергетиката веќе има конкретна основа. Во март 2025 година, министерката Божиновска беше копретседавач на Третиот состанок на Мешовитиот комитет за билатерална економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, каде што беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка, трговската размена и реализација на проекти од заемен интерес. Во рамки на оваа соработка, македонската страна во изминатиот период оствари и директни контакти со релевантни чешки енергетски институции и компании, со цел размена на искуства и создавање услови за конкретни партнерства. На средбата беше заклучено дека енергетската транзиција, сигурноста на снабдувањето и модернизацијата на инфраструктурата се области во кои двете земји имаат заеднички интерес, а постои потенцијал за продлабочување на соработката преку конкретни проекти и вклучување на бизнис-заедниците. Средбата Божиновска – Мацинка е потврда дека традиционално добрите политички односи меѓу Македонија и Чешка се претвораат во сè посилна економска и енергетска соработка, со фокус на инвестиции, технологии и конкретни резултати. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаВодата во Гостивар и западнонилска треска и денеска тема за редовни партиски препукувањаРезултатите од анализите од водата во Гостивар да се објават јавно повторно бараат од СДСМ. Партискиот лидер Филипче изразува сомнежи дека водата во Гостивар е питка иако пред неколку денови од здравствените власти беше проглсена за исправна, поради големиот број на пациенти во гостиварската болница... Вели не може да им се верува само на изјавите од надлежните без документите да бидат објавени јавно и ја обвини власта за лошо менаџирање и на кризата со водата во Гостивар и на епидемијата со западнонилска треска поради двојното зголемување на зарзени за само една недела. „Зошто не го кажат резултатот со водата во Гостивар, зошто не се покаже во јавност. Исправна ли е водата за пиење? Како може да им се верува само на изјавите на премиеорт и министерот ако знаеме дека само три дена откако беше прогласена болницата во Гостивар беше полна со пациенти, а три дена преходно кажале дека водата е исправна. Тие луѓе немаат кредибилитет, не ја говорат вистината, кријат факти. Кој ја менаџира кризата министерот за здравство упатува на една, друга трета институција. Кој ја менаџира кризата со проблемот во Скопје. Градоначалникот излегува вели се прска по онолку пати, по толку пати. Па зошто има толку пациенти ако се прска. Се проверил ли ефектот од прскање, се таргетирале ли добро жариштата?“ – Венко Филипче, претседател на СДСМ . Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат Гостиварци со години конзумирале небезбедна вода токму кога Филипче бил министер за здравство и бараат Обвинителството да отвори случај по допрен глас и да истражи зошто тогаш не се постапило по ниту една од 400 анализи за загадена вода низ повеќе места во земјава, а за кои ВМРО-ДПМНЕ неодамна обелодени. „Граѓаните со години конзумирале небезбедна вода во Гостивар, Филипче за тоа знаел, а не постапувал. Документите кои ги добивме од свиркачи, за анализите и испитувањата за квалитетот на водата кои ги правеле надлежните институции, докажуваат дека Филипче како министер за здравство не преземал ниту една мерка за нејзино решавање, а денеска како без срам обвинува за голготата која жителите на Гостивар ја поминаа токму поради него и неговите коалициски другари Ахмети и Таравари. Обвинителството мора да постапи“– Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера министерот за здравство Клековски ги презентираше резултатите од последните анализи направени од Центарот за јавно здравје, кои покажуваат дека водата е исправна за пиење, за за официјалниот извештај од мерењата ги повика да ги објават гостиварски Водовод и општината Гостивар.. За неколку дена, како што најави Клековски ќе биде објавен и епидемиолошкиот извештај за бројто на заболени и хоспитализиртани од почетокот на кризата. Во меѓувреме судот вчера им го продолжи притворот на директорката и двајцата раководители на Водовод, осомничени за труењето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook