Обновен дувачкиот оркестар на Битола - првиот концерт посветен на загинатиот колега - Канал 5

Обновен дувачкиот оркестар на Битола - првиот концерт посветен на загинатиот колега

Центарот за култура-Битола го обнови и реактивира дувачкиот оркестар на Битола, а првиот концерт ќе биде посветен на прерано починатиот Боби Коминовски, професор во државното средно музичко училиште, кој деновиве трагично го загуби животот.

Обновен дувачкиот оркестар на Битола - првиот концерт посветен на загинатиот колега
(фото: илустрација)

Директорот на Центарот за култура Борче Димитровски денеска на прес-конференција соопшти дека првиот концерт на обновениот дувачки оркестар ќе се одржи в недела во големата сала на НУ Центар за култура, со што ќе продолжи една поранешна традиција во Битола, која долги години се негувала, но последниве неколку децении била запоставена.

- Со големо задоволство се вклучивме во прекрасната инцијатива за реобновување на дувачкиот оркестар на Битола. Ние, како институција надлежна за музичко-сценската дејност, одлучивме да го поддржиме дувачкиот оркестар на Битола, да одржи концерт во концертна сала и да продолжи успешно да работи како што тоа го прави исто така од нас обновениот, камерен оркестар на Битола. Првиот концерт на обновениот дувачки оркестар на Битола ќе биде посветен на прерано починатиот професор во државното музичко училиште Боби Коминовски, кој како професор на музичарите од класата дувачки инструменти даде голем придонес во оваа иницијатива, посочи Димитровски.

Работата на дувачкиот оркестар на Битола ќе ја координира музичарот и диригент Марјан Бакревски кој на прес-конференцијата истакна дека во оркестарот членуваат 25 музичари кои ќе изведат повеќе дела од различни светски познати автори.

- На програмата ќе бидат дела од познати автори, композитори, како што се Шуберт, Бетовен, Штраус, ќе има американска маршовска музика и друг избор од регионот на Чешка, Австрија. Во оркестарот членуваат 20 професионалци и пет аматери, сите музичари во најголем дел се од Битола но и гости од Скопје. Извор на музичари за нашиот оркестар е и ќе биде државното средно музичко училиште, и тоа е најдобрата гаранција дека оркестарот ќе успее. Дувачкиот оркестар ги има сите потребни инструменти, а ќе се набавуваат и нови се додека не стигнеме до еден посакуван број од 50-ина музичари, посочи Бакревски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ.

Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости.

Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија.

Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село. При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт. По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Renault“ вели „доста е веќе“: Уморни се од тоа што ги копираат

Групацијата „Renault“ мора да промени нешто - Франсоа Провост, извршниот директор на концернот, изјави дека во иднина, автомобилите од различни брендови ќе мора да бидат поразлични.

„Renault“ вели „доста е веќе“: Уморни се од тоа што ги копираат

Причината за овој пресврт се сè почестите примери на автомобили кои делат техничка основа, но се претставени на пазарот како посебни модели. Иако таквата стратегија ги намалува трошоците за развој, премногу сличност може да го оштети идентитетот на поединечните брендови.

Според списанието „Autocar“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, сламката што им ја скрши чашата на раководителите на „Renault“ беа прекумерните визуелни сличности помеѓу електричната „Nissan Micra“ и моделот „Renault 5 E-Tech“. Ова е донекаде изненадувачки, бидејќи иако делат техничка основа, „Nissan“ ги редизајнираше речиси сите надворешни панели на каросеријата за да ѝ даде на „Micra“ свој сопствен изглед.

Уште поинтересно прашање е како Рено гледа на другите примери на соработка. „Nissan Pixo“ и новиот „Twingo E-Tech“, како и електричните „Mitsubishi Eclipse Cross“ и „Renault Scenic E-Tech“, покажуваат како различните модели можат да се потпрат на заедничка техничка основа. Потегот на „Mitsubishi“ на европскиот пазар е особено впечатлив, каде што моделите „Renault Clio“, „Captur“ и „Symbioz“ добија речиси директни еквиваленти со значката на јапонскиот производител.

На Саемот за автомобили во Париз, Франсоа Провост наговести за промена на политиката во врска со споделувањето платформи и развојот на возила со партнерските компании. Ова важи за „Nissan“ и „Mitsubishi“, членови на алијансата „Renault“, но и за други производители, вклучувајќи го и „Ford“.

За разлика од неговиот претходник Лук де Меа, Провост дава поголемо значење на зачувувањето на препознатливиот дизајн на францускиот бренд.

„Не баравме доволно диференцијација. Сè е поврзано со диференцијацијата на моделите. Погледнете што прави „Dacia Spring: Twingo“ и „Spring“ изгледаат како различни автомобили, но користат иста платформа. Ова е промена од мојот претходник. Никогаш нема да склучувам партнерства без доволно јасни разлики меѓу производите“, изјави Провост за „Autocar“.

Оваа изјава не значи дека производителите ќе престанат да споделуваат платформи, погонски склопови или други скапи компоненти. Напротив, заедничкиот развој останува еден од најефикасните начини за намалување на трошоците, особено во сегментот на мали електрични автомобили.

Клучното прашање е колку слобода ќе има секој производител за да го направи својот модел визуелно препознатлив, а ова се однесува и на „Ford“, кој го развива наследникот на „Fiestа“ во соработка со „Renault“. Извршниот директор на „Ford“, Џим Фарли, сепак, има речиси идентични ставови со Провост кога станува збор за дизајнерскиот идентитет и споделувањето платформи, па затоа не би требало да има такви непријатни изненадувања.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер