Обнова на куќа од стара градска архитектура во Крушево

Со поддршка од Министерството за култура, во тек е конзервација на куќата на ул.„Нико Доага“ број 65 во Крушево, која е дел од проектот на Владата и на Министерството за култура за реконструкција на фасади на значајни објекти од старата градска архитектура.

- Конзервацијата на објектот се одвива во неколку фази, а стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп во моментов интензивно работат на потпокривната конструкција од дрвени греди кои под тежината на камените покривни плочи беа пред уривање. По замената на системот греди и соодветните подготовки на покривот ќе бидат поставени нови камени плочи. Претходно на објектот беше извршено зајакнување на темелите, а се работеше и на обликување на фасадата со основните градежни материјали, дрво и камен се со цел зачувување на амбиенталноста на куќата, информира Министерството за култура.

Објектот има конструктивна и естетска концепција типична за крушевските куќи, а во изминатиот период беше со особено нарушен изглед на надворешноста. Целта на проектот е целосно да се зачува автентичниот изглед на фасадата на објектот кој се наоѓа во непосредна близина на галеријата „Мартиновски“. Тоа ќе придонесе за оформување на комплетна слика за градителското наследство на Крушево.


По обновените фасади на куќите на семејството Важарови и на семејството Бинка, куќата на ул. „Нико Доага“ број 65, е трет објект на староградска архитектура со впечатлива надворешност во Крушево, на кој се обновува фасадата.

- Враќањето на сјајот на овие објекти претставува поттик за идните градители во Крушево да ги следат традиционалните вредности при градењето со што ќе се овозможи странските и домашни посетители да и се восхитуваат на старата македонска архитектура, наведува Министерството за култура./МИА

САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море

Американската војска рано утринава собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.

Овие дронови, велат тие, претставуваат непосредна закана за американските, коалициските и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на пловидба и да се направат меѓународните води побезбедни“, се додава.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во, како што велат, поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

притисни ентер