Обнова и проширување на патот кон Бањиче - Канал 5

Обнова и проширување на патот кон Бањиче

Локалните власти од Тетово започнаа со градежните активности за обнова и проширување на патот што од градот води до излетничкото место Бањиче.

Обнова и проширување на патот кон Бањиче
Според најавите патот ќе биде долг 2,3 километри со ширина на коловозната лента од шест метри, тротоар од еден и пол метар а треба да има осветлување по целата должина. Средствата за ова се дел од Агенцијата за подршка на руралниот развој а дел од општинскиот буџет.

-Тука имаме потпорни ѕидови и од левата и од десната страна, имаме шеталиште а тоа значи тротоар, патот ќе биде широк шест метри плус имаме планирано значи да имаме и осветлување до Бањиче. Ваков проект му недостигаше на градот па се надевам дека со овој проект и граѓаните од општина Тетово ќе имаат каде да излезат на рекреација - изјави Хусеин Демири, раководител на секторот за сообраќај во општина Тетово.

Жителите на Тетово ја подржуваат оваа активност но очекуваат дека при изведувањето ќе се обрне внимание и на заштитата на животната средина, дрвјата и слично. Според нив слични активности треба да се преземат и на други места бидејќи Тетово нема доволно зеленило, паркови и места за прошетки во самиот град.

-И како што било ќе биде поубаво нели. И тоа непречено ќе може луѓето да одат нагоре ни колите да се оштетат ќе биде добро тоа, нема да има прашина.

-За да биде подобро ќе треба да се засадт дрва, да се чуваат дрвата бидејќи е крајно време и се сечат дрвата по речното крајбрежје. Осветлување има донекаде но велат дека ќе се постаува уште светло што ќе биде многу убаво за граѓаните на Тетово да се прошетаат нагоре. Еве денеска ние излеговме малку , избегавме од оваа жештина во градот да седиме некаде во сенка покрај реката.

-Треба многу да се работи но мислам штом почнало ќе добиеме нешто. За зеленило , клупи треба прво во град да ги имаме тие работи па потоа и тука бидејќи тоа ни недостасува во градот а потоа ако има време и ќе се стигне нека се прави и тука зошто да не.

Месноста Бањиче и жителите што живеат по текот на реката Пена претрпеа големи материјални шети од поплавите минатиот август. Санирањето на коритото од Пена и каскадните брани што задржаа голем дел од наносите на кал, дрвја, камења и друг смет и натаму останува засега без конкретни активности на терен иако на неколкупати од страна на локалните власти беа најавувани проекти во оваа насока.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице.

Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари.

Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.

Годинава се откриени 13 случаи на криумчарење злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Лавров во Манила

Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Лавров  на маргините на самитот на АСЕАН во Манила.

Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Лавров во Манила

Американскиот државен секретар Марко Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила во утринава

Ниту еден од нив не одговори на прашањата од новинарите за тоа дали Русија го поддржува Иран со тоа што помага во таргетирањето на американските трупи или дали Москва планира да ја запре својата целосна инвазија на Украина.

Во соопштението од Стејт департментот подоцна беше потврдено дека двајцата претставници разговарале за „односите меѓу САД и Русија и потребата од прекин на војната меѓу Русија и Украина“.

Претходно, Рубио беше прашан дали планира да изврши притисок врз Лавров за Украина за време на нивниот состанок.

„Очигледно е дека војната во Украина во многу аспекти ја попречи способноста на Русија и САД да се договорат за други теми, но тоа не значи дека нема да бараме да најдеме други области за потенцијална соработка“, рече тој.

На прашањето каква улога играат САД во постигнувањето крај на војната меѓу Русија и Украина, со оглед на тоа што разговорите се распаднаа, Рубио рече: „можеби сега постојат нови услови што ќе овозможат тој разговор да се случи“.„

Тоа е една од работите што ќе ги истражиме утре во нашиот разговор“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Кармен свита“ и „Болеро“ - современа интерпретација на балетската класика

Енергијата што се чувствуваше во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“ уште еднаш потврди дека јазикот на театарот и воопшто на уметноста немаат граници.

„Кармен свита“ и „Болеро“ - современа интерпретација на балетската класика

На репертоарот на „Охридско лето“ синоќа се одиграа балетските претстави „Кармен свита“ и „Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел, во изведба на маестралните уметници од Опера и Театар „Мадленијанум“ од Србија, а во кореографија на Александар Илиќ.

„Кармен свита“ адаптирана според Бизеовата опера „Кармен“ ја долови стравствената приказна за Кармен, симболот на слободата и судбината, а „Болеро“ во вториот дел од вечерта донесе динамична кореографија полна со драмски тензии. Енергијата што се чувствуваше во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“ уште еднаш потврди дека јазикот на театарот и воопшто на уметноста немаат граници.

Идејата за настанување на овие две балетски претстави е на поранешниот уметнички директор на Операта и театарот „Мадленијанум“ Никола Мијаиловиќ со цел да се одбележат 150 години од раѓањето на Морис Равел и 150 години од смртта на Жорж Бизе. Оваа година почина и Родион Шчедрин, така што претставите ги слават токму овие тројца големи уметници.

Кореографот Илиќ, класичните музички дела ги поставува во современ контекст, спојувајќи ја виртуозната игра, силната драмска експресија и авторски препознатливиот кореографски израз.

-Оваа претстава носи спектакуларна танцова верзија на двете дела, „Кармен“ и „Болеро“. Според мене, секако „Кармен“ е една од најубавите музички партитури, а исто така и „Болерото“ од Равел. Сакам да кажам дека се работи за две потполно различни продукции. „Кармен свита“ е правена во еден неокласичен стил кој носи класика и сè што навистина е кореографски јазик за класичен балет. „Болерото“ е правен на еден потполно современ кореографски вокабулар, појаснува Илиќ.

Современата игра, според него, бара дијалог со публиката, просторот и времето.

-Сметам дека современата игра е можеби единствена гранка во уметноста која најбрзо се развива од сите останати уметнички гранки, нешто слично како технологијата. Во денешно време кога зборувате за современа игра, таа отишла толку далеку што сè е возможно. Кога ги споменувам овие три фрази мислам на тоа дека е важна партиципацијата на публиката во сите претстави. Тоа вечерва го почувствува и публиката на „Охридско лето“. Дали претставата е наративна или не, не е воопшто прашање, туку работата е како можете да допрете до гледачите, да ја почувствувате не само играта на уметниците, туку и текстурата на претставите која секако е во синергија со музиката, појаснува Илиќ.

Опера и театар „Мадленијанум“ за балетите „Кармен свита“ и „Болеро“ е добитник на бројни признанија од српските стручни здруженија и фестивали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер