Обликот на носот го открива карактерот на човекот (фото) - Канал 5

Обликот на носот го открива карактерот на човекот (фото)

Професорот Абрахам Тамир од Универзитетот Бен –Гурион во Израел тврди дека човековиот карактер може да се препознае и по обликот на носот кој го краси неговото лице.

Обликот на носот го открива карактерот на човекот (фото)
Неговата студија ја објавил во магазинот "Journal of Craniofacial Surgery".Ова се осумте најчести облици:

1. Нубијски нос
Овој облик на нос се издвојува од другите со својата должина. Мостот е речиси рамен, додека пошироката точка на носот е насочена надолу. Лицата со ваков облик на нос се љубопитни и радознали. Исто така се оптимистични, симпатични и секогаш се трудат да најдат решение за секој проблем.
2. Грчки нос
Обликот на овој нос потекнува од познатите грчки скулптури за кои бил карактеристичен. Тој се одликува со тоа што е тесен и прав. Луѓето со овој облик на нос се обично повлечени и не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Мошне се практични и лојални. Тешко е да се разговара со нив отворено за емоциите.
3. Кукаст нос
Многумина го споредуваат овој облик на носот со оној што потсетува на птичји клун. Тоје свиткан од основата односно од веѓите до врвот на носот. Луѓето со ваков нос се креативни и пожртвувани. Страсно ги бранат сопствените верувања и не се плашат да ризикуваат за да ги постигнат сопствените цели.
4. Извиткан нос
Мошне е сличен на претходниот, но овој нос е превиткан од носната коска до врвот. Сепак врвот е значително пошилест. Луѓето со овој облик на нос се смета дека се мошне одлучни, мошне се посветени на својата работа и добри се во организација.
5. Копчест нос
Овој нос е мошне краток и делува мошне симпатично. Тоа е најпопуларниот облик, затоа што не ги нервира луѓето. Тие имаат прилично силна волја, сакаат да бидат директни и мошне се одлучни во тоа секогаш да го добијат тоа што го сакаат.
6. Рамен нос
Овој облик е најчест во Азија и малку е порамен од другите облици. Врвот на носот е кружен, а носниците се пошироки. Лицата со рамен нос имаат силен карактер. Тие се мошне темпераментни и страствени, а може мошне да се налутат ако некој си игра со нивното трпение.
7. Конкавен нос
Обликот на овој нос се одликува со мал лак на носната коска. Слично како и копчестиот нос и овој е мошне популарен затоа што не е мошне впечатлив и изгледа мошне нежно. Луѓето чијшто нос има ваков облик се великодушни и секогаш подготвени да им помогнат на другите. Мошне се чувствителни.
8. Накривен нос
Можеби називот на овој нос не е особено ласкав, но овој облик на носот укажува на нежен карактер. Мостот на носот се истакнува додека врвот е мошне заоблен. Лицата со ваков нос се мошне добри во тоа што го прават и знаат да ги сослушаат другите, што ги прави прекрасни пријатели или партнери. Мошне ги ценат лицата што цврсто стојат на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?

Фон дер Лајен го поздрави: „Денес правиме значаен чекор кон покомплетна Унија.“ Црна Гора има 21 затворено поглавје од 33 и цел да ги заврши преговорите оваа година. Албанија оди напред. 

СДСМ: Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?

Бевме во иста група. Денес сме со Косово и Србија.

Како Вучиќ што ја изолира Србија, така и Мицкоски, следејќи го примерот на својот ментор, ја изолира Македонија. Истата логика. Две работи го движат овој процес: рускиот интерес и стравот од соочување со Лаура Ковеши.

Кандидатите мораат да соработуваат со европското обвинителство пред членството. Не после. Пред.

Тогаш нема телефонски повици од кабинетот. Нема телевизиски настапи на кои се поставува и се сменува обвинител.

Некој мора да одговара за пљачка на државата. За европски фондови. За тендери. За пет тони преку граница. За касата што се третира како плен.

Арамијата тоа не го сака. Затоа реформите стојат. Вториот рок веќе истече. 1 јуни беше ветување. Ниту глас повеќе. Затоа патоказ добиваат други земји.

Затоа вели „не по секоја цена“. Затоа споредби со Исланд, Ле Пен и војни, сè освен извештајот за правосудство и реформи.

Затоа сателитите, ЗНАМ, Левица, Платформа ЗНАМ 2.0, на далечинско, за да дефокусираат.

ЕУ носи правила. Закон за сите. Независни институции. Слобода на медиуми.

Тоа касата на ВМРО-ОКГ не го поднесува. Затоа изолација. Затоа сме каде што сме, додека Црна Гора затвора поглавја и цели кон членство во 2028.

СДСМ кажа ова уште пред изборите. Денес е на хартија.

Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара пред независно судство и пред Европското јавно обвинителство, предводено од Лаура Ковеши.

Македонија не е депонија за туѓи интереси. Македонија е држава што заслужува европски пат, а не ходник дипломатија, не дата-центри за туѓа дигитализација и антимон за трговците со оружје.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи

Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд.

Денес претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи

Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во текот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер