Облак: Се зависи од Атлетико Мадрид - Канал 5

Облак: Се зависи од Атлетико Мадрид

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, не знае каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи се зависи од одлуката на клубот.

Облак: Се зависи од Атлетико Мадрид
Неговото име во последниов период се почесто се поврзува со Пари Сен Жермен.

- Невозможно е да се предвиди што не чека утре, а не камоли следната сезона. Во тој поглед сум мирен бидејќи се зависи од Атлетико. Засега нема ништо ново, иако се пишуваше за нов договор. Важечки е оној што го потпишав пред две години, а сега чекам да видам каков им е планот, истакна Облак.

Словенечкиот голман во 2014 година дојде во Атлетико од Бенфика, а договорот му важи до јуни 2021 година./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинците во очај: Маск воведе драстични ограничувања за „Starlink“

„SpaceX“ воведе ограничувања за сателитскиот интернет без претходна најава, што доведе до прекин на клучни теренски операции.

Украинците во очај: Маск воведе драстични ограничувања за „Starlink“

„SpaceX“, компанијата во сопственост на Илон Маск, воведе неочекувани технички ограничувања на брзината на пренос на податоци за воената сателитска интернет-услуга „StarShield“, која ја користат вооружените сили на Украина.

Според Серхиј Бескрестнов – советник за воени комуникации и експерт познат под кодното име „Flash“ – брзината на протокот на податоци за мобилните единици ненадејно била ограничена на брзина од 100 милји на час (приближно 160 км/ч) без претходно известување.

Оваа рестриктивна техничка измена директно влијаеше врз работата на теренската опрема, предизвикувајќи прекини и потешкотии во одредени теренски операции. Аналитичарите истакнуваат дека овој потег на „SpaceX“ не претставува случаен технички дефект, туку прилагодување на услугата направено во светло на тековните политички случувања и притисокот од Вашингтон.

Потегот на Илон Маск уследи кратко по предупредувањата од САД во врска со можното запирање на споделувањето разузнавачки информации и укинувањето на пристапот до сателитската мрежа „Starlink“. Претходно, и поранешниот американски претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше украинското раководство поради одбивањето преговори и неподготвеноста за компромис, наговестувајќи пошироки промени во однос на обезбедувањето технолошка и воена поддршка. Како потсетник, сателитската мрежа „Starlink“ на „SpaceX“ служи како клучна инфраструктура за комуникација и операции со беспилотни летала на терен. Најновото ограничување наметнато на услугата „StarShield“ повторно го отвори прашањето за зависноста на воените системи од приватните технолошки гиганти и нивната подготвеност да ги променат условите за користење во секој момент.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карик по уште еден пораз на Јунајтед: Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, по поразот во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид (0–2) изјави дека е разочаран што неговиот тим не создал повеќе шанси против шпанскиот клуб.

Карик по уште еден пораз на Јунајтед: Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“

„Чувствата се измешани. Ова е тешко гостување, а почетокот на натпреварот очигледно нè стави во тешка положба. Мислам дека подоцна го фативме ритамот и се консолидиравме. Во второто полувреме воспоставивме одредена контрола, иако не создадовме сериозна закана. Потоа дојде шансата на Бруно, а веднаш потоа и црвениот картон – одлука што ја сметам за погрешна. Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“, рече Керик по натпреварот.

Тој истакна дека неговиот тим треба да најде начин да остварува победи на претстојните натпревари.

„Пробавме нешто малку поинакво. Во одбраната, веројатно пречесто ја менувавме страната на играта. Најважно е што чувствуваме дека победата беше на дофат; можевме и требаше да извлечеме повеќе од овој натпревар. Правиме и некои работи како што треба“, изјави Керик.

Ова беше петти натпревар по ред без победа во сите натпреварувања за тимот од Манчестер. Јунајтед следниот натпревар ќе го одигра во недела против Лидс, во рамките на седмото коло од Премиер лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев: Помалку процедури, повеќе резултати - администрација во служба на граѓаните

Помалку чекање, без непотребно собирање документи и без препраќање од шалтер на шалтер. Тоа е јавната администрација што им е потребна на граѓаните и кон која мора да се движи секоја институционална реформа.

Минчев: Помалку процедури, повеќе резултати - администрација во служба на граѓаните

Токму затоа, квалитетот на јавните услуги мора да се мери преку она со што граѓаните секојдневно се соочуваат, а не само преку бројот на реализирани активности и донесени одлуки. Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање на отворањето на тридневната TAIEX работилница „Зајакнување и унапредување на системот за управување со квалитет во јавниот сектор во Македонија“. На отворањето се обрати и амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер, во знак на досегашната соработка и споделувањето на своите искуства дава значаен придонес во унапредувањето на управувањето со квалитет во јавниот сектор.

Во своето обраќање, министерот Минчев нагласи дека управувањето со квалитет не смее да остане само формална обврска или примена на одреден модел, туку треба да прерасне во начин на работа на секоја институција, заснован на одговорност, мерење на резултатите и постојано подобрување.

"За нас, квалитетот е дел од пошироката реформа на јавната администрација. Нашата цел е да изградиме институции кои се поефикасни и поодговорни, но и институции кои имаат капацитет да учат од сопственото работење и постојано да ги подобруваат своите резултати. Успехот на една институција не треба да го мериме само според бројот на донесени акти или реализирани активности. Прашањето е едноставно: дали граѓанинот добил подобра услуга, дали процесот е поедноставен, дали времето е пократко и дали институцијата навистина одговорила на потребата за која постои“ истакна министерот Минчев.

Во таа насока, Министерството за јавна администрација веќе спроведе мерење на квалитетот на услугите преку методологијата „таен клиент“ и анкети со корисници на услуги, со опфат на повеќе од 600 граѓани и 70 директни проверки. Резултатите покажуваат дека речиси половина од анкетираните граѓани сметаат дека работата на институциите е подобра од претходно. Овие показатели се важна основа за согледување на постигнатиот напредок, но и за утврдување на областите во кои се потребни дополнителни подобрувања.

Осврнувајќи се на значењето на иновациите во јавниот сектор, министерот нагласи дека подобрувањето на јавните услуги бара отвореност кон нови идеи, преиспитување на постојните практики и подготвеност за промени што носат конкретни резултати за граѓаните.

Во текот на тридневната работилница, претставниците на Националното координативно тело и имплементаторите на моделот CAF 2020 ќе работат на унапредување на знаењата и практичните вештини за самооценување, мерење на резултатите, изработка на планови за подобрување и одржливост на постигнатите резултати.

Министерството за јавна администрација продолжува да ги унапредува институционалните капацитети и да гради систем во кој квалитетот нема да биде само формален стандард, туку секојдневна обврска на институциите кон граѓаните. Целта е јавна администрација што ги става граѓаните на прво место, со поедноставни постапки, поквалитетни услуги и институции што ја оправдуваат довербата преку конкретни резултати.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер