Облачно со повремени врнежи од дожд - Канал 5

Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. 

Облачно со повремени врнежи од дожд

Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен дожд, повремено пороен проследен со појава на грмежи и засилен северен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 21 степен.

В недела времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови, каде ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен. Повремен локален дожд ќе има и в понеделник претпладне. До среда ќе дува засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преставниците на ЗНАМ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција

Од Движењето „За наша Македонија“ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција, но не исклучуваат можни персонални промени. 

Преставниците на ЗНАМ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција

Од Движењето „За наша Македонија“ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција, но не исклучуваат можни персонални промени. Велат задоволни се од работата и на Минчев и на Филков, но дека присуството на ЗНАМ во Владата не зависи од пероналниот состав на луѓето кои се дел од Извршната власт. Токму името на минстерот за правда Филков е едно од имињата кое наголемо се споменува во јавнсота дека ќе биде опфатено со реконструкцијата, но од ЗНАМ велат дека офцицијалните преговори се уште не се започнати.

„Органите и телата на ЗНАМ напавија евалуација на работата на сите јавни функционери од ЗНАМ и генерално ние сме задоволни од нивниот учинок во делот на спроведување на валдината програма. Нашиот мерит систем покажа дека нити еден јавен функционер не отстапува од програмските определби на владата. Не очекувам никакви измени во делот на ресорите на од страна на ЗНАМ. Консултации се вршат на дневна основана лидерско ниво меѓу Максим Димитриевски и Мицкоски, но официјалните преговори меѓу преговарачките тимови ќе започант негде кон средината на јуни“ – Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Започнуавње на преговори за промени во владините ресори во наредните денови најави и копрестедателот на Вреди, Изет Меџити.

„Деновиве треба да седнеме и разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори, имиња и така натаму“– Изет Меџити, копретседателот на ВРЕДИ.

Кој минситри ќе бидат опфатени со реконструкцијата и дали ќе има рокади како што најави премеирот Мицкоски ќе биде познато до крајот на месецов. Промени најверојатно ќе има во Министерството за социјална политика откако Фатмир Лимани и јавно кажа дека им се разделија патиштата со Вреди, но неофицијално е можно премиерот да го ротира на функцијата на Иван Стоилковиќ во министерството за односи меѓу заедниците.

Се шпекулира и дека ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ќе си ги заменат здравство и образование, но од Вреди тврдат дека засега одлука за овие ресори нема. Изпразнето остана и вицепремиерското место за добро владеење во Владата по оставката на Арбен Фетаи, а засега неизвесно е кој ќе го замени и дали ресорот ќе остане во рацете на Вреди.

Фетаи, пак според информациите на Меџити ќе биде назначен за специјален претставник на владата во Брисел.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грабеж во Академијата за судии и јавни обвинители- си исплаќале дневници и прекувремени, си точеле бензин со картички во приватни возила...

Пари за седници без присуство, гориво за приватни возила, сомнителни исплати и јавни набавки..

Грабеж во Академијата за судии и јавни обвинители- си исплаќале дневници и прекувремени, си точеле бензин со картички во приватни возила...

Не оделе на седници, а земале пари, се пробивале рокови за обуки на идни судии кои буџетот го чинеле над 2 милиони денари,, имало спорни прекувремени работни часови, а се добивале и пари по повеќе основи во ист период – Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во извештајот за работата Академијата на судии и јавни обвинители за 2024 година – во кој даде мислење со резерва на усогласеноста на работата со законската регулатива..

Ревизорите утврдиле дека членови на УО на програмскиот совет добивале надоместоци и кога не присуствувале на седници, а дел од исплатите биле вршени и пред одржување на седниците. Само кај Управниот одбор, според ревизијата, биле исплатени околу 211 илјади денари повеќе од законски предвиденото.

„За надомест на членовите на УО исплатени се вкупно 1.976 денари, истите се извршени во целост, а не пропорционално од присуство на седници и притоа во одредени месеци, средствата се исплатени во тековен месец пред одржување на седница. Исто така утврдивме дека исплатени се средства и на членови кои воопшто не присуствувале на одржаните седници за што има ефект повеќе исплатени средства за оваа намена.“

Посебно е нотирана и почентата обука на осмата генерација идни судии и обвинители. Наместо да заврши во законскиот рок, таа траела три месеци повеќе, што довело до исплата на уште над два милиони денари за ментори и координатори, а дел од договорите со менторите биле склучени дури по завршување на периодот за кој се однесувале.

Кај тројца вработени бил надминат законскиот лимит за прекувремени часови, а имало случај каде на исто лице му биле исплаќани прекувремени часови и дневници за службени патувања во странство.

„Извршени се исплати на додаток на плата за прекувремена работа за вработено лице во денови кога му е изготвено решение за службено патување во странство и за истото му се исплатени дневници, како и за присуство на седница на УО која се одржала во текот на полното работно време.“

Исто така нотирани се и спорни тендери – но и набавни стоки и услуги во вредност од над 400.000 денари без спроведена постапка за јавна набавка.

Ревизорите забележале и недоволна контрола врз картичките за гориво. Дел од нив се користеле и за приватни возила а по усно укажување на академијата, ги користеле членови на комисија при академијата – но оваа состојба, појаснуваат, во текот на ревизијата била надмината. По препораки на ревиозијата Академијата, се очекува да ги отстрани утврдените слабости.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Македонија останува на европскиот пат но без услови за уставни измени

Охрабрување за проширувањето на регионот но и расчистување на дилемите околу предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц очекува шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски за време на самитот ЕУ Западен Балкан во Тиват.

Муцунски: Македонија останува на европскиот пат но без услови за уставни измени

Во одговор на новинарски прашања ги повтори и цврстите позиции на земјава – Македонија останува на европскиот пат но без услови за уставни измени. Според Муцунски без гаранции нема поместување од позициите и повтори дека најмалку што може да направи Софија во моментов е да ги исполни своите обврски согласно меѓународното јавно право.

„Без сомнеж очекува дека нешто ќе се промени на самитот во Тиват пред се што истиот се одржува во регионот, очекуваме да се пратат дополнителни сигнали за охрабрување кон регионот од една колективна смисла веројатно една од темите за дискусија бидејќи се очекува присуство на канцеларот Мерц како тој ја гледа политиката на проширување. Еден од позитивните сигнали што ги слушаме веројатно изворно ќе го слушнеме во Тиват е дека тие идеи кои тој ги образложи во своето писмо не се толкуваат алтернативно односно дека ќе има некој нов модел без пат кон полноправно членство туку како еден паралелен процес кој би се одвивал. “-Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи.

На самитот ЕУ – Западен Балкан, од својата последна дестинација Белград, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, заминува со порака дека проширувањето на Западен Балкан е најважното прашање на Унијата во моментов но земјите вели мора да ги спроведат реформите и обврските. Во Тиват освен шефовите на држави и влади на шесте земји од регионот пристуни ќе бидат и шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен, високата претставничка за надворешна политика Каја Калас, и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

„ За нас проширувањето на Западен Балкан е најважно геополитичко вложување со кое Европската унија се занимава во моментов. Знам дека утре лидерите на ЕУ ќе разговараат со лидерите на Западен Балкан како да ја унапредиме методологија, како брзо би напредувале и подобро, но тоа не значи дека ќе биде лесно туку како да ги испорачаме заедно резултатити побрзо.“ - Антонио Кошта – претседател на Евроспкиот совет.

Самитот според најавите ќе биде поделен на пленарна сесија каде главна тема ќе биде интеграцијата на регионот и планот за раст, додека на работниот ручек фокусот ќе биде ставен на проширувањето и усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на Унијата.

Вчера и премиерот Мицкоски пред заминувањето во Црна Гора рече дека преговарачкиот процес со ЕУ е маратон, не спринт, а ставот на Владата останува непроменет и нема цена што ќе ги натера да влезат во авантура без јасни гаранции и извесен крај. За следната недела Муцунски пак најави можни средби на високо ниво, за време на, како што рече, неговата и посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Бугарија по повод регионален настан...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер