Облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени - Канал 5

Облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени

 Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови.

Облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени

На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините утре врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, информираат од УХМР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвав масакр на Сардинија- ѝ пукал во глава на сопругата, па отишол и го убил својот брат (ВИДЕО)

Жена (47) е тешко повредена, додека нејзиниот зет, маж (42), е убиен во два одделни напади што се случија во четвртокот во зори во близина на Каљари на Сардинија.

Крвав масакр на Сардинија- ѝ пукал во глава на сопругата, па отишол и го убил својот брат (ВИДЕО)

Италијанската полиција се сомнева дека двата инцидента се поврзани.

Осомничениот, 39-годишен маж од Каљари кој легално поседувал огнено оружје, им се предал на карабинерите по нападот и признал дека ги застрелал сопругата и братот, објавува РАИ.

Според досегашните информации, првиот напад се случил околу 5:45 часот наутро во градот Соланас, каде што жена била застрелана во главата во нејзиниот семеен дом.

Таа се здобила со сериозни повреди на главата и била итно префрлена во болницата Броцу во Каљари.

Само 25 минути подоцна, околу 6:10 часот наутро, службите за итни случаи добиле повик од населбата Марџине Росо во општината Кварто Сант'Елена. Таму бил пронајден 42-годишен маж, застрелан во градите и починал на местото на настанот.

Пет минути по вториот напад, во 6:15 часот наутро, осомничениот доброволно се појавил во станицата на карабинерите и признал дека ги застрелал сопругата и братот.

Според првичните резултати од истрагата, мотивот за злосторството најверојатно лежи во сериозни семејни конфликти.

По наредба на дежурниот обвинител, мажот е уапсен и приведен, додека карабинерите продолжуваат со истрагата и собирањето докази со цел целосно да се реконструираат околностите на убиството и обидот за убиство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белорусија ја предупреди Полска на можна терористичка закана

Белоруското Министерство за надворешни работи ја предупреди Полска за можна терористичка закана на полска територија, а полските безбедносни служби сега ги проверуваат наводите. 

Белорусија ја предупреди Полска на можна терористичка закана

Официјална Варшава вели дека сериозно ја сфаќа секоја потенцијална закана, пишува „Еуроњуз“.

Предупредување доставено до полски дипломат

Белоруското министерство во четврток објави дека го повикало на разговори полскиот вршител на должноста амбасадор во Белорусија, Кшиштоф Ожана. На таа средба, според официјалното соопштение, на полската страна ѝ биле дадени информации за наводно планираниот напад.

Целта на нападот наводно се деца на активистите

Во соопштението од Минск се наведува дека во случајот се работи за лице кое живее во Полска и има криминално досие. Ова лице неодамна ја изгуби дополнителната заштита и правото на престој во земјата.

Белоруските власти тврдат дека го планирале нападот врз децата на белоруски активист кој живее во Полска. Мотивот е одмазда бидејќи активистот наводно не му помогнал доволно на осомничениот да го задржи својот легален статус во Полска. Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека е подготвено да ѝ достави на Варшава дополнителни информации доколку е потребно.

Полските служби ги проверуваат информациите

Полската новинска агенција побара коментар од Јацек Добжински, портпарол на координативниот министер за специјални служби. „Не коментирам медиумски извештаи на оваа тема. Сепак, можам да ве уверам дека полските служби не игнорираат никакви загрижувачки сигнали и дека пристапуваат кон сите информации за можни закани со должна сериозност и решителност“, рече Добжински.

Тој додаде дека специјалните служби генерално не зборуваат јавно за своите активности во раните фази од истрагата. „Вообичаено е разузнавачките служби насекаде во светот да не откриваат во оваа фаза дали презеле некакви чекори или какви точно се тие“, рече тој.

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, исто така, се осврна на ситуацијата во Варшава во петокот. Тој рече дека секое предупредување за тероризам се сфаќа сериозно. „Ова се информации стари само неколку часа и ние сè уште ги проверуваме. Секако, ние сериозно го третираме секое предупредување за тероризам и го подложуваме на верификација“, рече Сикорски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Индонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанот

Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси.

Индонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанот

Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан на бродот е во тек, соопштија официјални лица.

Глисерот испловил од нуркачкиот центар во регентството Тоџо Унаун кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало, но не пристигнал, што предизвикало потрага, објави АП.

Бродот превезувал пет холандски државјани, тројца Германци, по еден од Чешка, Белгија и Франција, како и двајца индонезиски членови на екипажот.

Според раководителот на канцеларијата за пребарување и спасување на покраината Горонтало, Херијанта, спасувачките екипи пребарувале површина од околу 300 квадратни наутички милји користејќи глисери, дрон со термичка камера и опрема за нуркање.

Преживеаните рекоа дека откако наишле на силна бура, глисерот се распаднал и потонал, а патниците се спасиле користејќи сплав за спасување, додека капетанот се изгубил во густата магла. Операцијата за пребарување на капетанот ќе продолжи во следните седум дена, соопштија индонезиските власти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер