Oблачно, кон крајот на денот дожд и снег - Канал 5

Oблачно, кон крајот на денот дожд и снег

 Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег.

Oблачно, кон крајот на денот дожд и снег

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.

Во Скопје, облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Утре кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од слаб снег.

Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а во сабота и понеделник ќе биде променливо облачно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Премиерот Христијан Мицкоски на ФБ објави фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп при неодамнешното учество на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. 

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство.“, објави Мицкоски во описот на фотографијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила

Во мало клиничко испитување на персонализирана вакцина против рак на бубрег, болеста не се вратила кај ниту еден од деветте пациенти кои ја примиле. 

Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила

Учесниците биле следени во просек три години и четири месеци по операцијата, а резултатите се сметаат за охрабрувачки, иако поради малиот број испитаници не може со сигурност да се каже дека вакцината спречила болеста да се врати.

Персонализирана вакцина против рак

Научниците развија експериментална вакцина која го учи имунолошкиот систем да ги препознава клетките на ракот. Процедурата вклучува анализа на туморот на секој пациент, избирање уникатни делови од протеинот, таканаречените неоантигени и нивно користење за да се направи вакцина. Целта е да се стимулира одбранбениот систем на телото да нападне рак кој е специфичен за таа индивидуа.

Охрабрувачки резултати од мало истражување

Во истражувањето учествувале девет лица со проѕирно клеточен карцином на бубрегот, најчеста форма на оваа болест кај возрасните. Седум пациенти биле во трета и двајца во четврта фаза на болеста.

На сите им беа целосно отстранети туморите и во моментот на вакцинацијата немаа видливи знаци на болеста, но беа изложени на висок ризик за нејзино враќање. Научниците се надеваа дека ќе ја искористат вакцината за да го обучат имунолошкиот систем да ги уништи преостанатите клетки на ракот кои се премногу мали за да бидат откриени со стандардни тестови. Сите девет пациенти развиле имунолошки одговор, а кај седум од нив Т-клетките активирани со вакцината успеале да го препознаат сопствениот тумор на пациентот.

Потребна е претпазливост при толкувањето

Истражувачите предупредуваат дека резултатите мора да се толкуваат со претпазливост. „Со оглед на ограничениот број на пациенти, мора да бидеме претпазливи во понатамошните толкувања“, велат Дејвид Браун од Универзитетот Јеил и Тони Чуеири од Институтот за рак Дана-Фарбер, кој ја водел студијата.

Бидејќи студијата немала контролна група, не е можно да се одреди колку пациенти би имале релапс доколку не ја примеле вакцината. Исто така, оваа студија не може да потврди дали додавањето на лекот за имунотерапија ipilimumab, кој го примиле пет пациенти, дополнително го подобрил исходот.

Предизвици во развојот на вакцините

Развивањето вакцина за рак на бубрезите е посебен предизвик бидејќи овие тумори обично имаат помалку мутации од, на пример, меланомот, што значи помал број на потенцијални цели на вакцината. И покрај тоа, научниот тим успеа да произведе вакцина за секој учесник. „Нашата цел беше да изградиме траен имунитет на антигени специфични за туморот, што на крајот ќе доведе до имунолошки одговор против самиот тумор“, велат Браун и Чуеири.

Следењето покажа дека имунолошкиот одговор трае со години. Клучен чекор беше да се потврди дека Т-клетките активирани со вакцина може да ги препознаат вистинските туморски клетки, а не само делови од нив во лабораторија. Во седум од девет случаи успеале да го потврдат токму тоа. „Истражувавме дали Т-клетките активирани од вакцината се способни да го препознаат сопствениот тумор на пациентот“, велат истражувачите, објаснувајќи дека ова е голем технички предизвик бидејќи тие морале да ги зачуваат виталните туморски клетки за секој пациент.

Безбедност и идни истражувања

Студијата од првата фаза се фокусираше првенствено на безбедноста и подносливоста. Најчестите несакани ефекти беа благи, како што се реакции на местото на инјектирање и привремени симптоми слични на грип. Ниту еден од учесниците немал сериозни несакани ефекти. Иако наодите покажуваат дека е можно да се развијат вакцини кои создаваат траен имунолошки одговор за овој тип на рак, останува нејасно дали тие навистина ги подобруваат резултатите од лекувањето.

„Треба да тестираме персонализирани вакцини кај многу поголем број пациенти и да се увериме дека тие навистина ги подобруваат резултатите во споредба со сегашниот стандарден третман“, заклучија Браун и Чуеири. Во тек е поголема студија, INTerpath-004, која тестира друга персонализирана вакцина базирана на технологијата на mRNA во комбинација со имунотерапија. Студијата е објавена во списанието Nature.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството побара притвор за газда Деко, сега го гонат за давање поткуп во Министерството за економија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело - Давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството побара притвор за газда Деко, сега го гонат за давање поткуп во Министерството за економија

Осомничениот дал поткуп на службено лице во Министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови.

Поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка за Тешки дела против општата сигурност, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Имено, осомничениот до сега беше обезбеден како обвинет во друга постапка. Но, со оглед на тоа што во однос на тоа дело истекуваат законските рокови за обезбедување, а јавниот обвинител од ОЈОГОКК продолжува да прибира докази во однос на дејствијата на поткуп, тој процени дека ризиците за обезбедување на осомничениот се големи и побара да му биде определена притворска мерка.

Јавното обвинителство оценува дека притворот е апсолутно неопходна мерка за обезбедување на присуството на овој осомничен, ценејќи ги сите околности и основи.

Службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка за дејствија на примање поткуп, соопштуваат од Обвинителството.

Инаку денеска беше последниот ден кога Обвинителството требаше да се произнесе по укинувањето на притворот на Дејан Јованов- Деко, сопственик на дискотеката Пулс и првоосомничен во случајот. Претходно неговата одбрана понуди 200.000 евра како гаранција, за газда Деко на 3 октомври да се брани од слобода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер