Објавено е сведочењето на Ибрахимовиќ во случајот што може да му стави крај на кариерата - Канал 5

Објавено е сведочењето на Ибрахимовиќ во случајот што може да му стави крај на кариерата

Златан Ибрахимовиќ беше испрашуван од италијанското државно обвинителство откако била покрената истрага за наводно расистичко навредување на играчот на Интер, Ромелу Лукаку.

Објавено е сведочењето на Ибрахимовиќ во случајот што може да му стави крај на кариерата

Напаѓачите на Милан и Интер се судрија на 26 јануари во дербито на двата тима во четвртфиналето на Купот на Италија, а Ибрахимовиќ во еден момент за време на расправија му ркол на Лукаку „Оди напрај си вуду ср**а “, за што е обвинет за расизам .

Швеѓанецот тврди дека не го навредувал расистички Лукаку, но обвинителството сепак започнало истрага, па тој морал вчера да оди на распит, а деталите за испрашувањето се објавени денеска.

Според сите италијански спортски медиуми, Златан им објаснил на истражителите дека ги спомнал вуду-ритуалите кои се однесувале на многу специфична приказна од 2017 година.

Во тоа време, тоа била една од главните теми во англиските медиуми. Акционерот на Евертон, Фархад Мошири, тврдел дека Лукаку одбил да потпише нов договор пред да и се јави на неговата мајка која наводно била вуду, за да ја процени зделката.

Лукаку ги негирал обвинувањата и на крајот заврши во Манчестер Јунајтед. Тој дури се заканил дека ќе го тужи Мошири. На овој начин, Ибрахимовиќ може да докаже дека не го навредил Лукаку врз основа на неговото потекло, туку врз основа на инцидент што веќе и бил познат на јавноста.

Златан исто така морал да објасни зошто го нарекол Лукаку мало магаре. Тој објасни дека ова е многу честа фраза што ги опишува фудбалерите во Англија кои не се особено технички подготвени.

Ако се што рекол Ибрахимовиќ се покаже како точно, тоа би значело дека станува збор за едноставен „уличарски разговор“ и дека нема да има понатамошни санкции, но има и друга страна.

Ибрахимовиќ, доколку се докаже дека расистички го навредувал Белгиецот, се соочува со казна што може да биде десетдневна суспензија, но и трајно исфрлање од спортот.

Многу поверојатно е дека казната ќе следи по сегашната забрана за играње во купот. Тоа би било казна со повеќе натпревари што тој ќе мора да ги прескокне во сите натпреварувања во Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача:

„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. 

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка

Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.

Судењето продолжува во нејзино отсуство. Денеска се сослушуваат вештаци. На предлог на одбраната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ.

Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер