Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни
1Тргнал од Сицилија кон Малта со автомобил полн со желки и папагали, во багажникот му нашле 377 животни
3Спејс Икс прв пат „улови“ Старшип по враќање од орбитата- истото летало повторно може да полета за неколку недели (ВИДЕО)
КултураОбјавено дигиталното издание на книгата „Фросина – првиот македонски игран филм“ Објавено дигиталното издание на книгата „Фросина – првиот македонски игран филм“ по повод 70-годишнината од премиерата.Кинотеката на Македонија деновиве ја одбележува 70-годишнината од премиерата на првиот македонски игран филм – ФРОСИНА, снимен во 1952 година, во режија на Војислав Нановиќ, а во продукција на тогашниот државен филмски продуцент „Вардар филм“. ФРОСИНА минатата година беше дигитално реставриран во лабораторијата „Клик филмс“ во Загреб, Хрватска и деновиве објавен на блуреј диск. Дигитализацијата на македонските играни филмови е една од основните активности на нашата институција, која е единствена институција во земјава – чија работа е да се грижи за заштитата и чувањето на националното аудиовизуелно наследство. Кинотеката го објави и дигитализираното (ПДФ формат) на зборникот текстови од симпозиумот на тема „ФРОСИНА – првиот македонски игран филм“, одржан во мај 1989 година, на кој учествуваше голем дел од филмската и актерската екипа, како и голем број филмски критичари и историчари, писатели, уметници и културни дејци. Сите излагања и дискусии водени на овој симпозиум, задно со сценариото, во 1991 година беа објавени како посебно печатено издание на Кинотеката, денес достапно за истражувачи и проучувачи на македонската кинематографија на сајтот на Кинотеката. Во зборникот се објавени анализите на Борис Ноневски, Кети Каранфилова, Елизабета Шелева, Ермис Лафазановски, Георги Василевски, Фидан Јаќовски, Владо Цветановски, Мирослав Чепинчиќ, Димитар Грбевски, Бојан Иванов, Вангел Божиновски, Лилјана Богојевиќ-Јовановска, Димитрија Бужаровски, во дискусиите учествувале десетина учесници, филмолози и филмски работници, печатени се и интервјуата и сеќавањата на Воислав Нановиќ, Владо Малески и Киро Билбиловски, а во книгата се поместени и одгласите за филмот во медиумите од 1952 година. Премиерата била одржана на 28 јуни 1952 година во скопското кино „Култура“. Снимен е во црно-бела техника на 35 мм лента, со времетраење од 79 минути. Сценариото за филмот го напишал писателот Владо Малески. Жанрот на филмот е социјална драма за егзистенцијата, печалбарскиот живот, Втората светска војна и трагедијата на една мајка која го губи синот единец. Насловната улога ја толкува Мери Бошкова (Фросина), а во другите улоги играат Ацо Јовановски (Климе), Петар Велјановски, Наѓа Подерегин, Петре Прличко, Илија Џувалековски… Продуцент на филмот е „Вардар филм“, директор на фотографија е Киро Билбиловски, композитор на музиката е Трајко Прокопиев, сценографијата е на Милан Васиќ, а асистент на режија бил Трајче Попов. Во рамките на одбележувањето на овој 70-годишен Јубилеј од првиот македонски игран филм – ФРОСИНА на 28 јуни (вторник) во Кочани, во ЈОУ Библиотека „Искра“ со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложба на фотографии од филмот, проследено со пригодно предавање и дискусија за неговото значење во историјата на македонската кинематографија – во организација на Кинотеката и ЈОУ Библиотека „Искра“. На иницијатива на Кинотеката на Македонија, Македонската Радио Телевизија деновиве сними документарен филм за филмот Фросина кој премиерно ќе биде прикажан на МРТ на 28 јуни во 20:45 часот. Автори на документарецот „70 години Фросина“ се Соња Самарџиева и Томи Алексов, а монтажата е на Влатко Ангелов. Филмот е во продукција на Македонската Радио Телевизија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
ФудбалМајка му на Роналдо разочарана: Мило ми е што Португалија изгуби, не го ценеа Португалската фудбалска репрезентација претрпе убедлив пораз од Данска во Лигата на нации, губејќи со 4-1, а ова беше и првиот натпревар откако Кристијано Роналдо официјално ја заврши својата меѓународна кариера.Мајката на славниот Португалец, Долорес Авеиро, не го прифати овој пораз лесно, туку беше среќна, бидејќи како што вели, нејзиниот син не бил почитуван. - Роналдо е тажен, сакам да беше поинаку. Тој е тажен затоа што бил измамен. И јас сум тажна. Сега загубија во Брага. Тоа беше пораз и е добро за нив, ми е мило што Португалија загуби. Тие не го почитуваа Кристијано - рече Авеиро, како што објави „А Бола“. Како што вели таа, никој не го почитуваше нејзиниот син. - Не, никој од нив. Тоа е она што го чувствувам, тој не беше почитуван. Дури ни од неговите соиграчи. Таа не беше задоволна ниту од збогувањето што Португалската федерација му го даде на Роналдо, кога, имено, сите играчи излегоа во дресови со број седум. - Не ми се допадна оддавањето почит во Брага, бидејќи оддавањето почит мора да се направи со него, а не без него. Вистинското оддавање почит ќе му го оддаде Спортинг. Таму го ценат. Да потсетиме дека Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата во септември, на средина од преодниот рок за Лигата на нации, а официјално објави на 5 ноември дека ја завршува својата меѓународна кариера, која траеше 23 години.Тагови: Кристијано Роналдо Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНа 46 години почина поранешниот македонски репрезентативец, Владимир СекуловскиТажна вест го потресе македонскиот фудбал, бидејќи поранешниот репрезентативец Владимир Секуловски почина на 46-годишна возраст.Секуловски играше за неколку познати македонски клубови во текот на својата богата кариера, меѓу кои се „Вардар“, „Тетекс“, „Слога Југомагнат“ и „Работнички“. Роден е во 1980 година и остави значаен белег во локалниот фудбал. Во текот на својата кариера освои шампионски титули и трофеи во Купот на Македонија, а особено се памети времето поминато во Тетекс од Тетово. Неговата смрт претставува уште еден тежок удар за македонскиот фудбал, но и за градот Тетово, кој беше потресен од веста за смртта на Агрон Мемеди само два дена претходно. На овој начин, македонскиот фудбал загуби уште еден поранешен репрезентативец кој ја обележа домашната сцена со своите настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКазнет е монструмот кој со нож избоде три деца пред училиште- нападот предизвика протести во Даблин Алжирец кој се обиде да убие три деца пред училиште во Даблин во ноември 2023 година во напад со нож, во кој сериозно беше повредена и наставничка која ги придружуваше, е осуден на доживотен затвор, објави суд во ирскиот главен град.Бушакер беше прогласен за виновен и за напад на две мали деца и еден тинејџер, како и за поседување кујнски нож од 36 сантиметри. Ријад Бушакер (52) го изврши нападот на 23 ноември 2023 година на плоштадот Парнел Ист во Даблин, кога избоде две девојчиња и едно момче додека чекаа пред училиштето, а нападот, забележува Скај њуз, предизвика немири во ирскиот главен град. Бушакер ги негираше обвиненијата, но претходно оваа година, по судењето во Централниот кривичен суд во Даблин, беше прогласен за виновен за обид за убиство на три деца, како и за нанесување тешки телесни повреди на наставничката Лијана Флин. Таа претходно ги зела децата од училиште и ги однела во градинка кога се обидела да го запре напаѓачот. Потоа напаѓачот ја избодел, а други минувачи ѝ притрчале на помош и успеале да го совладаат. Флин била однесена во блиската болница по нападот, каде што била ставена во индуцирана кома и била подложена на итна операција. На судењето се слушна дека лекарите морале да ѝ ја отстранат слезината и дел од желудникот, како и дека претрпела повреда на белите дробови. Поротата слушнала за време на судењето дека едно од девојчињата претрпела тешко оштетување на мозокот од недостаток на кислород откако срцето престанало да чука, но лекарите успеале да ја реанимираат. Девојчето, кое имало пет години во времето на нападот, сега има доживотна состојба што сериозно ги ограничува нејзините способности за живот и бара 24-часовна нега. Преку преведувач, Бусакаир рекол дека добил „негативна одлука“ од социјалните служби и дека чувствувал дека „оваа земја му кажува да си оди“. Тој тврдел дека е болен, не е при здрав разум и не сакал да ги убие или повреди децата. На судот му беше кажано и дека Бусакаир имал операција на мозок во 2021 година и дека претрпел дополнителни повреди на главата за време на интервенцијата на граѓаните кои го совладале, поради што останал во болница околу еден месец. A 52-year-old man has been sentenced to life in prison for the the attempted murder of three children in Dublin's Parnell Square in November 2023. https://t.co/exNk3mclsZ — BBC News NI (@BBCNewsNI) November 16, 2026 Немирите во Даблин избувнаа на 23 ноември 2023 година, по нападот со нож врз три деца и нивниот наставник пред училиште на плоштадот Парнел, кога групи демонстранти, вклучувајќи екстремно десничарски и антиимиграциски групи, се собраа во текот на попладнето и вечерта откако дознаа дека осомничениот за нападот е од алжирско потекло. Демонстрациите станаа насилни во текот на вечерта, при што учесниците нападнаа полиција, палеа полициски возила, автобуси и трамваи, кршеа излози и ограбуваа продавници. Немирите предизвикаа штета од речиси 20 милиони евра, а десетици луѓе беа уапсени. Ирските власти и полицијата проценија дека насилството е поттикнато од екстремистички поединци и групи кои ја искористија трагедијата за ширење антиимиграциска пропаганда.Тагови: Даблин нож Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook