Објавени уште два тома од оставината на Драган Богдановски - Канал 5

Објавени уште два тома од оставината на Драган Богдановски

Уште два тома од оставината на најпознатиот македонски дисидент Драган Богдановски, се објавени деновиве во издание на „Македоника литера“ од Скопје и на Државниот архив на Република Македонија.

Објавени уште два тома од оставината на Драган Богдановски
Станува збор за том 4, кој го содржи вториот од двата дела на историско-документарниот роман на Драган Богдановски „Македонска трагедија“ и том 5, со наслов „Македонска судбина“, кој исто така содржи еден обемен историски роман.

Кон крајот на минатата година беа објавени три тома: „Погледи кон историјата на Македонија“ (т. 1), „Осврти за македонската историја и политичката емиграција“ (т. 2) и „Македонска трагедија – прв дел“ (т. 3).

Наскоро ќе биде објавен шестиот том, кој содржи избор на документи од неговото обемно политичко и полициско досие. Сите шест тома се објавуваат под заеднички наслов „Мојата борба за Македонија“, а редактори на едицијата се д-р Марјан Иваноски и д-р Зоран Тодоровски.

Едицијата со оставината на Драган Богдановски се објавува со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Како што наведува издавачот, во обемниот историски роман на Драган Богдановски, во два дела, со наслов „Македонска трагедија“, низ една историографско-драматуршка нарација, е прикажана судбината на едно македонско семејство од едно кумановско село од 80-тите години на 19 век до забраната на ВМРО (Обединета) во 1936 година, растргнато меѓу бугарската и српската пропаганда и нивните завојувачки политики и присутните дејства на спротивставените струи и крила на ВМРО и на нејзините дејци, револуционери и месни војводи и комити.

Петтиот том „Македонска судбина“, пак, се посочува, се однесува на судбината на едно семејство во текот на Втората светска војна, од 1941 до 1945 година, а дејството се случува во истото село во Кумановско, како и во претходниот роман.

Драган Богдановски (1929-1998) еден од најистакнатите личности и најмаркантна фигура на македон­ската политичка емиграција. Беше публи­цист, новинар, политички емигрант, дисидент, политички затвореник, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој 30 години беше во челните редови на македонската патриотски настроената емиграција, посветувајќи го целиот свој живот на идејата за независна, обединета и демократска Македонија. Со таквата своја дејност, Богдановски од своите младешки години, па речиси до својата смрт, беше изложен на невидени притисоци и репресија од страна на југословенските и македонските служби за државна безбедност, како и од европските разузнавачки служби.

Национално-патриотски и македонски определен и со изразита антикомунистичка идеолошка ориентација, Бог­дановски беше постојан предмет на напади од страна на македонската комунистичката пропаганда, прогласен за непријател на југословенското братство и единство, рушител на социјалистичката федерација и директен непријател на југословенскиот „автентичен“ комунизам.

Роден е во селото Клечовце, Кумановско. Во 1949 година се запишал на Земјоделскиот факултет во Земун, но во 1951 година бил исклучен од факултетот без право на упис на кој било уни­верзитет во Југославија. Веднаш потоа емигрирал и во текот на својот живот престојувал во Грција, Италија, Аргентина, Бразил, Франција, Норвешка, Шведска, Белгија..., организирајќи ја македонската емиграција и издавајќи весници и списанија посветени на македонското прашање. Македонската Управа за државна безбедност, уште во 1952 година оформила полициско досие за Драган Богдановски, категоризирајќи го како „екстремен емигрант и непријателски дел на македонската емиграција на Запад“.

Во јуни 1977 година Драган Богдановски бил уапсен во Париз од југословенската тајна полиција. Со дипломатско возило бил пренесен во Љубљана, а оттаму со воен авион во Скопје. Околу две години тајно бил чуван во резерватот „Јасен“. Во декември 1978 година бил префрлен во истражен затвор. Македонската јавност првпат ќе слушне за случајот Драган Бог­дановски со објавената вест за судскиот процес против него во весникот „Нова Македонија“, на 17 февруари 1979 година, дека за непријателска дејност е осуден на 13 години затвор. Од затворската казна, што ја издржувал во затворот Идризово, бил ослободен во 1987 година. Поголемиот дел од своите обемни ракописи ги пишувал во затворот Идризово, каде што му било дозволено да ја користи затворската библиотека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер