Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
2Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
3Иран тврди дека во арсеналот имаат разорно оружје- боеви глави од 2 тона и дострел од 1.500 километри
КултураОбјавени три тома од оставината на Драган Богдановски Првите три тома од оставината на Драган Богдановски, еден од најистакнатите личности на македонската политичка емиграција и најпознатиот македонски дисидент деновиве излегоа од печат во изданиер на „Македоника литера“ од Скопје и на Државниот архив на Република Македонија. Својата активност како емигрант ја остварувал и преку новинарството и публицистиката. Во неговото политичко досие се зачувани и неколку ракописи за историјата на македонскиот народ и два историски романа. Ракописната оставина на Богдановски се објавува со заеднички наслов „Мојата борба за Македонија“ во пет тома и уште еден обемен том (шести по ред), кој содржи избор документи од неговото политичко досие. Редактори на едицијата се д-р Марјан Иваноски и д-р Зоран Тодоровски. Првиот том од ракописната оставина на Драган Богдановски, со заеднички наслов „Мојата борба за Македонија“, содржи еден пообемен текст за историјата на Македонија и ги донесува неговите погледи, ставови и констатации за одредени настани и личности од историјата на Македонија, стекнати, пред сè, од македонска историографија од 60-тите и 70-тите години на 20 век. Иако е посветен на проучување и пишување на историјата на Македонија, под влијание на тогашната литература, Богдановски идеолошки ги третира македонските историски процеси и личности, подвлекувајќи го врховизмот во ВМРО и кај нејзиното раководство, но прави обемен и детален историски преглед. Историографските трудови што ги цитира се на македонските историчари Блаже Ристовски, Иван Катарџиев, Манол Пандевски, Славко Димевски и др. Вториот том содржи неколку историски текстови: „Историја на бугарскиот врховизам“, „Врховизмот вчера и денес“, „Комунистичката партија на Грција и македонското национално прашање“, „Македонскиот народ во Егејска Македонија во антифашистичката борба (1941-1944)“, „Народноослободителниот фронт“, „Основи на идеологијата и на политичката платформа на ДООМ“, „Проблемите на македонската обединителна револуција“, „Меморандум до европската конференција“, „Должностите на македонската емиграција“, „Експозе на ДООМ по македонското прашање“, „Апел од Централниот комитет на ДООМ до владите на НР Бугарија и на Советскиот Сојуз“, „ДООМ пред проблемите на македонската национална политика“. Третиот том го содржи првиот од двата дела на обемниот историски роман на Богдановски со наслов „Македонска трагедија“. Во овој роман или белетризирана историја, е прикажана судбината на едно македонско семејство од едно кумановско село во периодот од 80-тите години на 19 век до забраната на ВМРО (Обединета) во 1936 година, растргнато меѓу бугарската и српската пропаганда и нивните завојувачки политики и присутните дејства на спротивставените струи и крила на ВМРО и на нејзините дејци, револуционери и месни војводи и комити. И во овој роман со историографска содржина и документарни елементи, има и идеолошки погледи и ставови на Богдановски, преземени од македонска историографија од 60-тите и 70-те години на 20 век, но многу пластично и сугестивно ја слика положбата на Македонецот во овој период, детерминирана од политичките ситуации кои се менуваат. И од книжевно-естетски аспект приказната е раскажана на солидно ниво, со што авторот влегува во македонските книжевни текови на 20 век. Следните три тома треба да бидат објавени набргу. Четвртиот том ќе го содржи вториот од двата дела на историски роман на Богдановски „Македонска трагедија“, петтиот се однесува на уште еден обемен историски роман на Богдановски, а шестиот том од едицијата го опфаќа неговото политичко досие водено од Службата за државна безбедност на СР Македонија. Томот ќе опфати само мал дел од огромното досие на Богдановски коешто се наоѓа во Државниот архив на Република Македонија и изнесува вкупно десет архивски кутии. Едицијата со оставината на Драган Богдановски се остварува со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Драган Богдановски (1949-1998), беше македонски публицист, новинар, политички емигрант, дисидент, политички затвореник, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој 30 години беше во челните редови на македонската патриотски настроената емиграција, посветувајќи го целиот свој живот на идејата за независна, обединета и демократска Македонија. Со таквата своја дејност, Богдановски од своите младешки години, па речиси до својата смрт, беше изложен на невидени притисоци и репресија од страна на југословенските и македонските служби за државна безбедност, како и од европските разузнавачки служби. Национално патриотски и македонски определен и со изразита антикомунистичка идеолошка ориентација, Богдановски беше постојан предмет на напади од страна на македонската комунистичка пропаганда, прогласен за непријател на југословенското братство и единство, рушител на социјалистичката федерација и директен непријател на југословенскиот „автентичен“ комунизам. Роден е во селото Клечовце, Кумановско. Во 1949 година се запишал на Земјоделскиот факултет во Земун, но во 1951 година бил исклучен од факултетот без право на упис на кој било универзитет во Југославија. Веднаш потоа емигрирал и во текот на својот живот престојувал во Грција, Италија, Аргентина, Бразил, Франција, Норвешка, Шведска, Белгија..., организирајќи ја македонската емиграција и издавајќи весници и списанија посветени на македонското прашање. Македонската Управа за државна безбедност, уште во 1952 година оформила полициско досие за Богдановски, категоризирајќи го како „екстремен емигрант и непријателски дел на македонската емиграција на Запад“. Во јуни 1977 година Драган Богдановски бил уапсен во Париз од југословенската тајна полиција. Со дипломатско возило бил пренесен во Љубљана, а оттаму со воен авион во Скопје. Околу две години тајно бил чуван во резерватот „Јасен“. Во декември 1978 година бил префрлен во истражен затвор. Македонската јавност првпат ќе слушне за случајот Драган Богдановски со објавената вест за судскиот процес против него во весникот „Нова Македонија“, на 17 февруари 1979 година, дека за непријателска дејност е осуден на 13 години затвор. Од затворската казна, што ја издржувал во затворот Идризово, бил ослободен во 1987 година. Поголемиот дел од своите обемни ракописи ги пишувал во затворот Идризово, каде што му било дозволено да ја користи затворската библиотека. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаДвегодишно дете загина по пад од четврти кат во луксузен хотел на Кипар– таткото направил страшна грешка Двегодишно момче кое падна од прозорец на хотел на четвртиот кат на Кипар почина од повеќекратни сериозни повреди, изјави патологот.Детето претрпело смртоносни повреди на главата, виталните органи и телото откако паднало од речиси 12 метри од луксузниот хотел со пет ѕвезди „Кинг Евелтон Бич“ во Хлоракас, објави Сан. Истрагата во судот за мртовечници во Есекс покажа дека трагедијата се случила на 12 јули 2026 година, првиот ден од семејниот одмор на медитеранскиот остров. Неговиот татко, Џошуа Фостер, беше казнет со 3.000 евра (2.500 фунти) во судот во Пафос минатиот месец откако призна дека ја предизвикал смртта на својот син со неодговорно или опасно дејствие. Судијата му рече дека ќе „живее со вина до крајот на животот“ откако беше откриено дека Фостер го поставил детето на прозорец за да му го покаже погледот на водениот парк, не сфаќајќи дека прозорецот е отворен. Вишиот патолог од Есекс, Линколн Брукс, рече дека случајот на детето е „особено трагичен“ додека денеска ја отвораше истрагата и ја одложуваше. „Двегодишното дете беше на одмор со своето семејство во Пафос, Кипар. За жал, падна од прозорец на четвртиот кат од хотелот каде што престојуваше семејството и беше прогласено за мртво истиот ден во болница“, рече Брукс. Привремената причина за смртта се „тешки краниоцеребрални повреди и повеќекратни повреди на телото и виталните органи“. Целосна истрага е закажана за 6 јануари, рече Брукс, изразувајќи сочувство до семејството на момчето. Фостер, раководител на одделот за вештачка интелигенција во една од четирите најголеми сметководствени фирми во светот, КПМГ, „изгубил контрола“ врз својот син додека му покажувал поглед на воден парк, беше кажано минатиот месец на судот во Пафос. Судијката Фросо Христодулу рече дека неговото однесување било неодговорно, но „ненамерна грешка“. На Фостер му било кажано дека „ќе мора да се справува со вината до крајот на животот“. Судијата рече дека нема јасни знаци дека прозорецот бил отворен и дека алкохолот што Фостер го консумирал претходно во текот на денот не играл улога во несреќата. Ожалостениот Фостер „веднаш соработувал“ со властите и немал претходни осуди. Судијката Христодулиду претходно му кажала дека нема намера да изрече затворска казна, земајќи ги предвид неговите „лични околности и карактер“. Таа сметала дека затворот е несоодветна казна бидејќи случајот веќе предизвикал „голема штета на неговото семејство“ и рекла дека тоа ќе има негативно влијание и врз неговата кариера. Тој се соочува со дисциплинска постапка за случајот, што може да доведе до губење на неговата професионална лиценца. Кога новинар на Дејли Меил го посетил хотелот кратко време по несреќата, открил дека големиот прозорец на четвртиот кат е сè уште отворен. Британските упатства за здравје и безбедност наведуваат дека хотелските прозорци низ кои може да падне дете мора да го ограничат отворот на максимум четири инчи, или околу 10 сантиметри. Сепак, на Кипар, доволно е прозорецот да биде најмалку 3,5 стапки, или околу 107 сантиметри, над парапетот. Хотелот „Кинг Евелтон“ го исполнил овој пропис. По изрекувањето на пресудата, портпаролот на семејството Фостер изјави: „Денес се одбележува крајот на судската постапка на Кипар и сме благодарни на судот и судијата Христодулидис за нивната одлука да ја применат максималната попустливост што им е достапна. Олеснети сме што оваа постапка сега е завршена, но за нашето семејство последиците од оваа трагедија никогаш нема да завршат. Нашиот син беше неизмерно сакан и засекогаш ќе ни недостига. Неговата загуба е нешто со кое живееме секој ден. Нашиот фокус сега е да се поддржуваме едни со други и да најдеме начин да продолжиме напред како семејство. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност додека го правиме тоа.“Тагови: кипар хотел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаГерманската војска ги забрани кинеските возила поради страв од шпионажаГерманските вооружени сили се во состојба на висока готовност бидејќи, по забраната за употреба на беспилотни летала од кинеско потекло, политичкото и военото раководство сега го ограничуваат пристапот до објектите и на кинеските возила.Настаните во Германија се забрзуваат откако Германската воена контраразузнавачка служба откри дека постојат сериозни стравувања дека податоците од камерите и сензорите на новите автомобили се пренесуваат до кинеските државни разузнавачки служби, како што покажуваат доверливите документи, објави Carandmotor.gr. За да се реши овој проблем со можна шпионажа, раководството на Министерството за одбрана одлучи да им забрани на кинеските автомобили да влегуваат во чувствителни воени објекти поради ризикот од снимање податоци од нивните камери и сензори. Поточно, воениот персонал што управува со вакви возила мора да ги паркира надвор од објектите и да влегува во нив пеш, и покрај фактот дека до денес нема јавно документирани докази дека некој од овие автомобили испратил податоци до кинеските разузнавачки служби. Германското министерство за одбрана појаснува дека ограничувањето се однесува генерално на „поврзани“ возила и не е насочено кон специфичен список на брендови или земји, иако пред неколку дена, угледни германски медиуми објавија дека во рамките на војската циркулираат списоци на специфични кинески модели на кои им е забранет влез во областите означени како безбедносни зони. Сепак, портпаролот на надлежното министерство на прес-конференција изјави дека командантите на локалните единици ќе бидат одговорни за утврдување на правилата за пристап, што укажува дека не постои единствен, објавен список на забранети модели. Секако, вреди да се напомене дека Германија не е единствената земја што презема вакви чекори, бидејќи во февруари и октомври 2026 година, Полска и Турција, соодветно, воведоа ограничувања за возила произведени во Кина во воените објекти, наведувајќи ги безбедносните ризици поради протекување на податоци поврзани со истите категории сензори. Тагови: кинески возила шпионажа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХоландскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство Холандскиот премиер Роб Јетен се обидува да ја спаси својата малцинска влада во понеделник откако коалицискиот партнер VVD гласаше против даночниот план на неговата сопствена влада.Холандскиот премиер Роб Јетен се обидува да ја спаси својата малцинска влада откако коалицискиот партнер VVD гласаше против даночниот план на неговата сопствена влада, а спорот околу зголемувањето на данокот на богатство ја доведе коалицијата на работ на колапс, објави Ројтерс. Јетен ќе разговара со лидерите на VVD и Христијанско-демократската партија. По гласањето, тој рече дека ќе направи сè што може за да ја спаси коалицијата и најави дека ќе се обиде да постигне „нов почеток“. Кризата избувна поради договорот со левичарската опозиција за поддршка на даночниот план за 2027 година во замена за мало зголемување на даноците на богатство. Коалицијата од три партии, формирана пред помалку од девет месеци, е поделена околу предлогот. Десничарската, бизнис-ориентирана Народна партија за слобода и демократија (VVD) остро се спротивстави на амандманот, додека центристичката партија D66 на Јетен и Христијанско-демократската партија го поддржаа предлогот. Сепак, планот беше усвоен со тесно мнозинство, благодарение на гласовите на опозициските партии. Лидерот на VVD, Рубен Брекелманс, го опиша гласањето како „разочарувачко“ и рече дека неговата партија сериозно ќе го преиспита својот став. Излегувањето на VVD од коалицијата веројатно би значело крај на малцинската влада на Јетен. Кризата би можела да доведе до нови избори, четврти во Холандија за пет години. Сепак, гласањето не е единствената опција: партиите би можеле да се обидат да формираат нова влада врз основа на постојната распределба на места во Долниот дом на парламентот. Таквиот договор веројатно би довел повторно до малцинска влада, нешто што главната левичарска опозициска партија Про веќе го отфрли. Јетен стана најмладиот премиер во холандската историја во февруари. Неговата партија Д66 неочекувано ги доби изборите пред една година, со кампања која ветуваше раскинување со претходната влада, во која доминираше националистот Герт Вилдерс. Новата влада се соочи со тешкотии од самиот почеток, бидејќи нема мнозинство во ниту еден дом на парламентот и мора да ја обезбеди поддршката од опозицијата за да ги усвои своите предлози. Холандија традиционално е управувана од коалициски влади со парламентарно мнозинство, но нивното формирање е сè потешко поради политичката фрагментација и промените во поддршката на гласачите.Тагови: данок на богатство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20