Објавени се четири опции за продолжување на НБА лигата - Канал 5

Објавени се четири опции за продолжување на НБА лигата

Канцеларијата на НБА лига потврди дека се во преговори со Волт Дизни за да ја продолжат прекинатата сезона во комплексот, а натпреварите треба да започнат кон крајот на јули.

Објавени се четири опции за продолжување на НБА лигата

Продолжението на натпреварите ќе се одвива на едно место, во комплексот Дизни ESPN во Орландо, каде што сите екипи ќе бидат сместени, ќе тренираат и ќес е натпреваруваат.

„Нашиот приоритет останува здравјето и безбедноста на сите инволвирани, така што со експертите за јавно здравје и владините службеници подготвуваме сеопфатни правила за да обезбедиме да се воспостават соодветни медицински протоколи и заштитни мерки“, рече портпаролот на НБА, Мајк Бас.

Според написите на американските медиуми, НБА-лигата испратила прашалник до сите водечки луѓе на клубовите во петокот, со голем број можни опции за продолжување на сезоната.

Првата понудена опција е да се продолжи сезоната со играње дел од одложените игри на основниот дел од сезоната, така што сите клубови да играат помеѓу 72 и 76 од закажаните 82 натпревари. Пред паузата што се случи на 11 март, клубовите имаа одиграно помеѓу 63 и 67 натпревари.

Втората предложена опција е веднаш да се започне со плеј-офот со 16 екипи, во вообичаен формат на играње до четири победи од првото коло.

Третата опција вклучуваше модифициран плеј-оф со неколку верзии во однос на бројот на вклучени тимови. Пред почетокот на „плеј-офот“ се предложени два модела: првиот е со квалификациски турнир, а вториот вклучува играње во групи наместо класичното прво коло од плеј-офот.

Четвртата опција се однесува на времетраењето на продолжувањето на прекинатата сезона, а на генералните менаџери им биле понудени опции за завршување од првиот понеделник во септември до 1 ноември.

Управниот одбор на НБА-лигата треба да разговара за овие предлози на следниот состанок закажан за 29 мај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Официјални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места.

„Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“.

Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

„САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали.

Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Во Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур.

Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер