Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
1Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!
3Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
МакедонијаОбјавени ревизорските извештаи за ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Алтернатива за 2024 година-Надлежните органи потребно е да преземат активности за надминување на утврдените системски слабости, наведуваат од ДЗР. Државниот завод за ревизија денеска ги објави Конечните ревизорски извештаи за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на сметките за редовно работење за 2024 година на политичките партии ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Алтернатива. ДЗР, како што се наведува, за ДУИ изразува мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година кај политичката партија ДУИ, ДЗР утврдила дека влезните фактури од добавувачите не се архивираат кога се добиени, како би се потврдило дека хронолошки се евидентирани во деловните книги, исплатени се расходи за материјални трошоци врз основа на фактури за кои не е обезбедена поткрепувачка документација и во 2024 година уплатени се средства за членарина над законски дозволениот лимит, состојба за која овластениот државен ревизор известува во континуитет во Конечните извештаи за претходни години и партиско истражувачкиот аналитички центар не е соодветно кадровски екипиран, состојба која е надмината во 2025 година. - Од страна на одговорното лице на субјектот, не се добиени забелешки на Нацрт извештајот број 13 – 160/3 од 17.10.2025 година, наведуваат од ДЗР. Во Ивештајот за ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека со ревизијата е опфатено и спроведувањето на дадената препорака содржана во Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност, за 2023 година на ВМРО-ДПМНЕ, на сметката за редовно работење, при што е утврдено дека истата не е спроведена од причина што нејзиното спроведување зависи од завршување на судска постапка. -Со ревизијата на финансиските извештаи за 2024 година, констатиравме состојба која се однесува на забрана за привремено располагање со дел од имотот на политичката партија преку поведена постапка за што овластениот државен ревизор извести и во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2023 година. Во периодот на известување за ревизијата донесено е Решение од суд со кое предлогот за укинување на привремените мерки утврдени со претходните решенија е делумно уважен. За утврдената состојба дадена е препорака до одговорните лица за надминување на истата, се наведува во извештајот на ДЗР. Во извештајот во делот на Нагласување на прашања ДЗР обелоденува состојби кои се однесуваат на структурата на приходите и расходите на политичката партија во 2024 и 2023 година и состојба на неизмирени обврски кон добавувачи. Од ВМРО-ДПМНЕ не се добиени извештаи за Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор. Во извештајот за СДСМ се наведува дека со извршената ревизија било опфатено и спроведувањето на препораката дадена во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2023 година, при што утврдиле дека истата е во тек на спроведување. - Имено, за дел од градежните објекти, наследени од правниот субјект претходник на партијата не e решен сопственичкиот статус, поради што истите не се воведени во евиденцијата кај надлежната агенција и во сметководствената евиденција на партијата, за која состојба овластениот државен ревизор извести и во Конечните извештаи за претходни години. Утврдивме дека од страна на одговорните лица се преземаат активности за надминување на оваа состојба и дадена е препорака за нивно продолжување, со цел надминување на истата, се наведува во Извештајот. Во делот на нагласување на прашања ДЗР истакнува дека и во 2024 година СДСМ нема остварено приходи од членарини, состојба за која известиле и во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за претходна година како и за структурата на остварените приходи по извори и расходи по намени во 2023 и 2024 година. За Левица, ДЗР наведува дека со извршената ревизија изразуваат мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година, како и за усогласеност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Во делот на нагласување на прашања ја обелоденуваме структурата на приходите и расходите на политичката партија во 2023 и 2024 година. За партијата Алтернатива, ДЗР посочува дека изразува мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. - Со извршената ревизија беше опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2023 година, при што утврдивме дека дадените две препораки се спроведени. Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година кај политичката партија Алтернатива, сметка за редовно работење, ги утврдивме следните состојби: начинот на водење на сметководството односно деловните книги не се врши согласно одредбите од Законот за сметководство на непрофитни организации, донациите од правно лице на име попуст за користена услуга не се соодветно евидентирани и амортизацијата на постојаните средства не се пресметува по пропишаните стапки како и не е пресметана ревалоризација, наведуваат од ДЗР. Ревизорите дале препораки за надминување на овие состојби и нагласуваат дека во 2024 година политичката партија нема остварено приходи од членарини, состојба за која известиле и во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ПП Алтернатива за 2023 година и за структурата на остварените приходи по извори и расходи по намени во 2023 и 2024 година. Во делот на Останати прашања во сите извештаи ревизорите посочуваат на слабости во законската регулатива, како и во повеќе наврати преку своите годишни извештаи, а кои се однесуваат на потребата да се: преиспита член 83 став 2 од Изборниот законик во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија, во врска со член 88 од Изборниот законик; донесат поконкретни насоки за регулирање на начинот на плаќање, уплата и евидентирање на членарината како извор на финансирање на политичките партии со цел еднообразност во начинот на нивното сметководствено евидентирање и потврдување на законски утврдениот лимит за секој член одделно; доуреди законската регулатива во делот на утврдување на роковите за одделни активности поврзани со начинот на планирање, распределба и исплата на средствата од редовно годишно финансирање на политичките партии; преземат активности за изменување и дополнување на подзаконските акти со кои се уредува начинот на водење на сметководството на непрофитните организации, со кои, како што се наведува, ќе се обезбеди доследно почитување на сметководственото начело на „модифицирано настанување на деловните промени, односно трансакции”. -Надлежните органи потребно е да преземат активности за надминување на утврдените системски слабости, наведуваат од ДЗР.Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка - СДСМ најавува кривични пријави!Вистината за Алта банка е на виделина. Јавното обвинителство и Ненад Савески нема што повеќе да чекаат, мора веднаш да постапат.Во Србија на Алта банка ѝ е одземена дозволата. Отворен е стечај. Уапсен е сопственикот Давор Мацура. Има истрагата за 380 милиони евра. Во Македонија нема никаква реакција од Обвинителството. Народот не може да дојде до своите пари а тие што ја донесоа Алта банка во Македонија, уште договараат и нов сопственик. Фактите се јасни како ден. Трајко Славески и Христијан Мицкоски ја внесуваат Алта банка во Македонија, пералница на пари на Вучиќ со сомнителен капитал. Има јавно признание од Трајко Славески дека зад одлуката за Алта банка стои Христијан Мицкоски. Иако Народна банка треба да е независна институција. Иако СДСМ уште во декември 2025 година предупредуваше и алармираше јавно за позадината на оваа банка, за врските со Вучиќ, со СНС, со ВМРО и за сомнителниот капитал. Иако во Европа имаше санкции и суспензии, во Црна Гора е одбиена, Славески и Мицкоски ја носат Алта банка во Македонија. Во Законот за банки, член 13, се наведува дека „Акционер со квалификувано учество во банка не може да стане лице или правно лице контролирано од лице на кое му е изречена прекршочна санкција„ А Alta Group —во 2024 година била правосилно санкционирана од Австриската FMA. Славески морал да знае дека Алта Груп или Алта Банка никако не може да се стекне со статус квалификуван акционер и не смеел да дозволи влез на Алта Банка. Дополнително морал да ја погледне и репутацијата на сопственикот Давор Мацура, банкарот на Вучиќ кој стана банкар на Мицкоски а сега во притвор. Покрај се ова наведно, Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои му овозможила на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции на сметка на државата. Не само што му дозволи да купи банка, Мицкоски му дозволи на Мацура да купи и осигурително друштво. Сите овие факти, заедно со јавното признание на Славески за политичко влијание на Мицкоски повикуваат на акција на Обивнителството. Молкот ја продлабочува недовербата и отвора сомнеж дека се штити Мицкоски. Се оставаат Мицкоски и Славески да ја заташкаат работата, да уништуваат докази, да не се дознаат сметките, транакциите од Алта банка. Нека не чека Савески повик од Мицкоски. Нека му ги одбиве повиците и нека постапува. Обвинителството има обврска кон граѓаните. Бараме веднаш да се испитаат сите околности за влезот на Алта банка во Македонија. Улогата на Мицкоски. Постапувањето на Славески. Предлогот на Кочоска. Владините заклучоци. Потеклото и текот на парите. Сите инволвирани да одговараат. Доколку Обвинителството не постапи, СДСМ највува кривични пријави за Алта банка. Го потсетуваме Савески дека јавниот обвинител мора да биде независен и да работи според Уставот и законите. Дека со полагањето заклетва му дал збор на народот. Видовме дека наскоро се очекуваат апсења на обвинители во Србија. Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија. Савески, часовникот отчукува. Постапете веднаш! Одговорност ќе има! Прес конференција на СДСМ, Бодганка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПриведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината Арон Орбан, братот на Виктор Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, потврди премиерот Петер Маѓар.Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, објави денеска на Фејсбук унгарскиот премиер Петер Маѓар. „Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. NVVH и Националното биро за истраги продолжуваат со истрагата“, напиша Маѓар на својот профил на социјалните мрежи. Според информациите објавени од порталот „Портфолио“ (Portfolio), утрово Националната канцеларија за реституција и заштита на имотот (NVVH) и Националната агенција за истраги (NNI) спроведеле заедничка операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта, во случај поврзан со трговија со луѓе, пренесува „Тачно“. Според официјалното соопштение, неколку лица се уапсени во рамките на две паралелни кривични постапки, а извршени се и претреси во нивните домови. Според достапните информации, меѓу уапсените би можел да биде и Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, а неговиот случај е предмет на истрага од страна на NVVH. Порталот пренесува дека надлежните најавиле оти попладнево ќе објават дополнителни информации за деталите од истрагата. NVVH беше меѓу првите што започна истрага за случајот поврзан со Арон Орбан. Според претходните информации во медиумите, компанијата на помладиот брат на поранешниот премиер запишувала виетнамски државјани на дводневен курс за спасување животи на Универзитетот во Печ, што би можело да им го олесни добивањето шенген-виза. Според порталот, Арон Орбан исто така интервенирал во еден случај за да го забрза процесирањето на барањата за визи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери. Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија. Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки. Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија. И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter