Објавени преведувачките награди за 2014 година - Канал 5

Објавени преведувачките награди за 2014 година

Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи – Тетово и Лешок, на седницата одржана на 29 декември донесе одлука за прогласување на лауреатите на преведувачките награди за 2014 година.

Објавени преведувачките награди за 2014 година
Наградата „Григор Прличев“ за најдобар препев и се доделува на Елизабета Линднер за препев од германски јазик на делото „Поезија“ (избор) од Паул Елан, објавено во рамките на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“.

Наградата „Божидар Настев“ за најдобар превод на македонски јазик на прозно дело од светската книжевност и се доделува на Маргарита Велевска за преводот од француски јазик на романот „Три дена кај мајка ми“ од Франсоа Вејерганс, објавен во рамките на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“.

Наградата „Абдуљазис Ислами“ му се доделува на Ремзи Салиху, писател и книжевен преведувач од Тетово, за препевот од германски на албански јазик на првиот том од Антологијата на модерната германска поезија.

Заедничката наградата на Сојузот на литературните преведувачи и на Друштвото на писателите на Македонија „Рајко Жинзифов“ му се доделува на Јусуф Сулејман за преводот на ромски јазик на книга со избрани раскази од Ташко Георгиевски.

Наградата „Архиепископ Гаврил“, за превод на духовна литература, му се доделува на свештеник Љупче Миланов за преводот од руски јазик на делото „Старецот Силуан“ од архимандрит Софрониј.

Награда „Златно перо“ за 2014 година им се доделува на Зоран Јовановски, за преводот од француски јазик на делото „Есеи“ од Мишел де Монтењ, на Зорица Теофилова, за преводот од англиски јазик на делото „Англиска музика“ од Питер Акроид, на Ивана Илковска, за превод од англиски јазик на романот „Том Џонс“ од Хенри Филдинг, и на Зорица Николовска за преводот од германски јазик на делото „Фантастични раскази“ од Е.Т.А. Хофман. Сите овие дела се издадени во рамките на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“.

Повелбата „30 Септември“ (Светски ден на преведувачот) за 2014 година ѝ се доделува на преведувачката Слободанка Поповска, за нејзината долгогодишна преведувачка дејност.

„Специјалното признание“ за 2014 година, Советот го доделува на скопското книгоиздателство „Антолог“ за интензивното издавање на преводна литература. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Ќофтиња од компир и туна

Во понеделник (12.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Дамјан Стојаноски.

„Гответе со Дракче“ - Ќофтиња од компир и туна

Состојки за денешниот рецепт:

3 компири

3 јајца

1 главица кромид

половина морков

половина страк праз

1 голема конзерва туна

3 - 4 чешниња лук

половина китка копар или магдонос

5 лажици лебни трошки

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

шери домати

млади кромитчиња

соја сос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер