Објавени номинациите за „БАФТА“ телевизиските награди - Канал 5

Објавени номинациите за „БАФТА“ телевизиските награди

Објавени се номинациите за престижните британски „БАФТА“ телевизиски награди. Главни фаворити се ТВ-сериите „Круна“ (The Crown), „Среќната долина“ (Happy Valley) и „Црно огледало“ (Black Mirror).

Објавени номинациите за „БАФТА“ телевизиските награди

„Круна“ влезе во потесниот избор во осум категории, што значи и најголем број номинации за ТВ-серијата што раскажува за британското кралско семејство. Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 28 април, а свеченото доделување ќе се одржи на 12 мај. Следат некои од поважните номинации...

За најдобар глумец номинирани се: Брајан Кокс (за улогата во „Следоред“ / „Succession“), Доминик Вест („Круна“), Кејн Робинсон, „Топ момче“ / „Top Boy"), Папа Есиеду („Проектот Лазарус“), Стив Куган („The Reckoning“) и Тимоти Спал (за „Шестата заповед“).

Номинирани за главна женска улога се: Ањана Васан (за „Црно огледало“), Ен Рид („Шестата заповед“), Бела Ремзи („Последниот од нас“), Хелена Бонам Картер („Ноли“), Сара Ланкашир („Среќната долина“) и Шерон Хорган („Најдобри интереси“ / Best Interests“).

Во трката за најдобра драмска серија се: „Златото“ (The Gold) и „Среќна долина“ - и двете на продукциската куќа „Би-би-си уан“, „Бавни коњи“ (Slow Horses) (на „Епл ТВ плус“), „Топ момче“ (Нетфликс), „Големите момчиња“ (Канал 4), „Сонувајќи во црно“ (Dreaming Whilst Black), „Храбри девојки“ (Such Brave Girls) („Би-би-си три“) и „Извонредно“ (на „Дизни плус“).

За наградата за најдобра серија на светско ниво, на списокот се наоѓаат: „Мечката“ - на „Дизни плус), „Beef (Говедско)“ и „Class Act“ (Нетфликс), „The Last of Us (Последниот од нас)“ (Скај атлантик), „Љубов и смрт“ (Ај-ти-ви-ексд), „Следоред“ и „Емердејл“ (Ај-ти-ви-1).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манифест за национално единство и правна заштита на македонските Торбеши

Појдовна основа на овој проглас е уставното право на самоопределување, заштитено со меѓународните конвенции за човекови права. 

Манифест за национално единство и правна заштита на македонските Торбеши

Ние, претставниците на македонската дијаспора, со овој правно заснован манифест ја повикуваме јавноста и институциите во Република Македонија на итна акција за заштита на нашиот автохтон народ.

I. Органски и историски континуитетМакедонските муслимани — Торбешите претставуваат домороден и нераскинлив дел од македонскиот национален суверенитет. Нивниот мајчин македонски јазик, зачуваните обичаи и вековните традиции се непобитен доказ за нивниот историски континуитет на овие простори. Религиската припадност не смее да биде основа за вештачко одвојовање од матичната нација.

II. Прекин на насилната асимилацијаНајостро се осудуваат сите тековни политички притисоци, тргувања со идентитетот и обиди за присилна етничка асимилација на Торбешите во други национални групи заради задоволување на партиски квоти. Ваквите дејствија претставуваат директно кршење на основните граѓански слободи и правото на слободно изразување на сопствената национална припадност.

III. Барања за итна институционална акција

Целосно признавање: Институциите да ги третираат Торбешите како рамноправен и конститутивен дел од македонското национално ткиво.

Економска и инфраструктурна поддршка:

Итно зголемување на капиталните инвестиции во руралните региони каде што живее ова население за да се спречи нивното раселување.

Образование и култура:

Обезбедување државни средства за негување и промоција на специфичното културно и фолклорно наследство на македонските муслимани.

Овој манифест служи како јавен повик за крај на дискриминацијата и за зачувување на македонскиот суверенитет преку целосно обединување на сите негови органски делови.

Александар Карафилоски, Мелбурн

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ЗНАМ повеќе не постои ниту во анкетите, ниту во гласови.

Огромниот пад на рејтингот, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите, го принудуваат Мицкоски да бара нов начин да го раздели опозицискиот блок, бидејќи и ВМРО ја губи поддршката од граѓаните.

Европска иднина со ЗНАМ?

Каква смеурија.

Партија која е дел од тендер коалицијата со организираната криминална група ВМРО, која од Македонија направи слепо црево на Балканот, сега зборува за европска иднина.

Во исто време кога највисоките функционери на оваа Влада, вклучително и од ЗНАМ, си обезбедија бугарско државјанство и имаат фирми во Бугарија.

Додека караванот минува, тие делат последни тендери и пари за да ја наплатат својата улога на сателит на Мицкоски на последните избори, кога ја издадоа својата партија, а потоа и своите гласачи.

Наместо да се соочат со економскиот колапс, наместо да одговорат зошто Буџетот е празен, зошто пензиониот фонд е загрозен и зошто Македонија е целосно изолирана од европскиот пат, тие прават политички театар.

Здружението на Максим Димитриевски и уште неколку квислинзи од СДСМ, ЗНАМ никогаш не беше вистинска политичка сила.

Тоа беше инструмент во рацете на Мицкоски. Сега кога тој инструмент се распаѓа, тие се обидуваат да го продолжат неговиот живот преку караван и празни слогани.

Но граѓаните веќе ја препознаа играта.

Караванот е театар додека се делат тендери.

Новиот проект на Мицкоски - ЗНАМ 2.0 е веќе во создавање, само овој пат граѓаните знаат и не се наивни.

Доага време вистина и правда!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Србија: Жителите на Гуча добиле СМС пораки за евакуација, неколку затруени од истекување на амонијак

Ноќеска во Гуча се случи инцидент во кој амонијак истече од камион-ладилник. Неколку лица се повредени.

Драма во Србија: Жителите на Гуча добиле СМС пораки за евакуација, неколку затруени од истекување на амонијак

Граѓаните добија итни СМС-пораки на своите мобилни телефони со предупредување, по што следеше брз одговор од надлежните служби, објави Телеграф.

Екипата на Телеграф разговараше со Милосав, кој живее во близина. Тој бил буден ноќеска кога, според него, се слушнал шуштење, како да пукнала цевка. Како што рече, излегол на улица да види што се случува и видел густ бел облак од чад над фабриката.

Се чувствувал лошо поради амонијакот, па се вратил во куќата, го собрал семејството, ги повикал соседите и сите се тргнале од улицата и отишле на блиската бензинска пумпа која се наоѓала на рид каде што воздухот не бил загаден.

Излевањето на амонијакот се случило околу 1 часот по полноќ, а тие биле на пумпата неколку часа. Околу 3:30 часот се вратиле во своите домови.

Причината за враќањето била тоа што еден сосед во брзањето го заборавил своето куче, па се вратиле по миленичето. Кучето било пронајдено живо и здраво.

Според него, работниците во компанијата каде што се случил инцидентот биле повредени.

Милосав ја опишал сцената „како бомба да експлодирала на Блискиот Исток“. Тој истакнал дека сè уште се чувствува непријатно поради изложеност на амонијак, а како што кажал, има тешкотии со дишењето.

Единственото нешто што може да помогне во оваа ситуација е да натопи крпа и да ја стави преку устата.

Што се однесува до самата фабрика, Милосав за Телеграф изјавил дека таа била затворена долго време и дека минатата година била во сопственост на човек од Прокупље, кој е непознат за мештаните. Фабриката била повторно пуштена во работа пред 10 дена, а пред пет дена била наполнета со амонијак.

Извор од Телеграф потсетил дека сличен инцидент се случил во 2008 година, но бил многу помал по обем од оној од ноќеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер