Министерката Божиновска во Виена: Зајакнување на енергетските врски со Австрија во фокусот на посетата
Епилог на ученичките и студентските протести во Франција: Илјадници уапсени, стотици повредени полицајци (ВИДЕО)
1Министерката Божиновска во Виена: Зајакнување на енергетските врски со Австрија во фокусот на посетата
2Епилог на ученичките и студентските протести во Франција: Илјадници уапсени, стотици повредени полицајци (ВИДЕО)
КултураОбјавени конкурсите за манифестацијата „100 илјади поети за промена“Манифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша поетски конкурс за годинашното издание. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Фејсбук-профилот на манифестација или на мејлот [email protected] најдоцна до 15 септември годинава, по што ќе бидат разгледани од комисија одредена од организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 илјади поети за промена“ – Македонија, што ќе биде издаден во склоп на манифестацијата. Манифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот. Постерите/плакатите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот. Дизанерските решенија може да се испраќаат на истите адреси најдоцна до 20 септември годинава, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 илјади поети за промена“, на 26 септември годинава во Струмица. Манифестацијата „100.000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји. За оваа година веќе има најавено 500 настани во над 100 земји во светот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерката Божиновска во Виена: Зајакнување на енергетските врски со Австрија во фокусот на посетатаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Виена го започна учеството во меѓународната програма „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Виена го започна учеството во меѓународната програма „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“, во рамки на која учествуваше на сесија посветена на оперативното управување со кризи и оствари средби со високи претставници на австриски институции. Во фокусот на првиот ден беше и унапредувањето на односите меѓу Македонија и Австрија во областа на енергетиката. Божиновска оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. На средбата беа разменети мислења за билатералните и економските односи, актуелните прашања во енергетиката и процесите на енергетска транзиција, како и за можностите за продлабочување на контактите и размена на искуства во енергетскиот сектор. Како дел од програмата, Божиновска оствари и работен ручек со директорот на Дипломатската академија на Виена, амбасадорот Мартин Ајхтингер. Во фокусот на разговорот беа лидерството, јавната служба и значењето на меѓународната размена на искуства. „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“ е извршна програма на Дипломатската академија на Виена, која ги поврзува жените на лидерски позиции од регионот и е насочена кон зајакнување на лидерските капацитети и размена на искуства за современите предизвици во јавниот сектор. Во продолжение на престојот во Виена, министерката Божиновска ќе има обраќање пред студентите на Дипломатската академија на Виена и ќе одржи предавање посветено на енергетската транзиција и актуелните состојби во енергетскиот сектор во Македонија. Пред студентите ќе бидат презентирани клучните процеси во енергетиката, развојот на обновливите извори на енергија, модернизацијата на инфраструктурата, енергетската сигурност и регионалното поврзување. Со учеството во програмата и работната агенда во Виена, Министерството продолжува со активно меѓународно позиционирање на македонските енергетски приоритети и отворање простор за нови партнерства и размена на искуства. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕпилог на ученичките и студентските протести во Франција: Илјадници уапсени, стотици повредени полицајци (ВИДЕО)Вкупно 6.629 лица се уапсени за време на протестите на средношколците и студентите во градовите низ Франција, а повредени беа 761 полицаец, како и 215 ученици и 89 наставници, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.Тој рече дека протестите брзо станаа сериозни и дека досега вклучиле најголем број училишта во Франција и дека бројот на учесници бил поголем од вообичаеното, објави BFM TV. Нуњез, исто така, рече дека е „претерано да се зборува за полициска репресија“ за време на протестите во средните училишта. „Тоа е првата вистина што треба да се утврди: нема интервенција кога има средношколци кои демонстрираат мирно“, рече Нуњез. Протестите на француските средношколци започнаа кон крајот на септември во Кретеј, предградие на Париз, а потоа се проширија низ целата земја, со барања за подобри услови во училиштата, поголеми инвестиции во образованието и решение за проблемот со недостигот на наставници. 🇫🇷🚨 FRANCE IS BOILING OVER — AND THE STREETS ARE NOW THE BATTLEGROUND. Thousands marched in Paris as protests over school funding and student arrests escalated, with riot police deploying tear gas. But France’s problems did not appear overnight. Critics of Macron’s government point to years of controversial policies on immigration, integration, public spending and public security as part of a broader political failure to address the country’s growing tensions. French citizens deserve functioning schools, secure neighborhoods and a government focused on its own people. France needs accountability, stronger public order and policies that put French citizens first. 🇫🇷 — @PatriotVoice (@USA_Patriot_GOP) October 7, 2026 Најтешко повредени во протестите беа 15-годишен ученик чија рака беше откината од граната солзавец во Ленс на 5 октомври, како и 14-годишник кој беше погоден во лицето од таква граната во Сен-Уен-ла-Мон на 28 септември, при што се здоби со сериозни повреди на вилицата и забите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис МалукосПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република, Јоанис Малукос.Таа, третирајќи ја Грција како важен сосед и потенцијален стратешки партнер, изрази искрено очекување за отворање ново поглавје во меѓусебните односи, во духот на добрососедството, градено низ bona fide политика. За Сиљановска-Давкова, Хеленската Република, како земја од регионот со најдолго искуство во Европската Унија, има историска и политичка одговорност за европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Во пресрет на грчкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година, таа очекува засилен грчки ангажман насочен кон исполнување на ветувањата од Солунската агенда во далечната 2003 година. Во однос на економската соработка, претседателката ги издвои Коридорот 10 и гасниот интерконектор како проекти од стратешко значење за обете земји, заради сигурниот гарантиран придонес кон поголема поврзаност, економски развој и регионална енергетска безбедност. Претседателката ја поздрави грчката иницијатива за впишување на регионот на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО, заради неговата исклучителна природна и културна вредност. Таа цврсто верува во моќта на културната дипломатија, водена од фантастичниот успех на грчко-бугарско-македонската изведба на сценската кантата „Carmina Burana“. Амбасадорот Малукос изрази подготвеност за добрососедството, градено преку конструктивен политички дијалог и доследно почитување на меѓународното право. Тој вети силна грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето. Присуството на грчките компании во земјава, амбасадорот го оцени како важен економски мост. Сиљановска-Давкова упати срдечни поздрави до грчкиот претседател, Константинос Тасулас, и до грчкиот народ. На крајот, на амбасадорот Малукос, му посака добро здравје и успешна работа, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08