Објавени добитниците на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година - Канал 5

Објавени добитниците на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

 Министерството за култура денеска соопшти дека Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на својата последна седница донел одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година.

Објавени добитниците на  државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

Добитници на наградата во областа на културата и уметноста за 2025 година се актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот акад. Божин Павловски.

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Свеченото врачување на наградите ќе се одржи на 23 октомври во 12 часот, во Собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната

Иран ги предупреди земјите од заливот да не даваат никаква помош на американската војска, нагласувајќи дека тоа ќе го смета за поддршка на  воените операции на Вашингтон против Исламската република.

Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната

„Сакаме да предупредиме: секоја помош или соработка што и се дава на агресорската американска армија е еднаква на учество во воените операции на САД“, изјави началникот на генералштабот на иранските вооружени сили, Али Абдолахи.

Во меѓувреме, Иран ги негираше обвинувањата дека вчера вечерта испалил ракети врз Обединетите Арапски Емирати, опишувајќи ги како „целосно неосновани“, јави ДПА. Претходно, министерството за одбрана на емиратите објави дека биле пресретнати две балистички ракети лансирани од Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испратила до земјите членки на НАТО прашалник со кој, со цел да ја оцени нивната лојалност со американската политика..

Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

Како што објави Блумберг, прашалникот навлегува токму во темите што го делат Вашингтон од дел од европските сојузници, како американските воени активности против Иран и односот кон Николас Мадуро.

Земјите требале да одговорат и за европските набавки на оружје и дали тие ги насочуваат кон домашни или кон американски компании..Белата куќа, според медиумите, поставила и директни прашања за американската надворешна политика и од членките се бара да наведат дали јавно ги поддржале позициите на Вашингтон. Прашалникот стигнува и до американското воено присуство во Европа. Земјите исто така треба да наведат какви ограничувања поставиле за користењето на нивните бази од американските сили.. Извори од нато ваквите чекори ги доживуваат како обид за наметнување идеолошка линија. Според нив, политичката усогласеност се става во равенка со американската воена заштита.. Дел од сојузниците сметаат дека пристапот „безбедност преку лојалност“ ги поткопува темелите на трансатлантските односи воспоставени по Втората светска војна., пишува Блумберг..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има

Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна.

СДСМ: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има

Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба.

Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник - градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Наместо навремена превенција, навремена анализа и системска контрола на жариштата со комарците – градоначалникот и овој пат задоцни. Дури сега се сети дека треба да прска против комарци.

Скопје е под опасада од заразни комарци - поради задоцнетите реакции на првиот човек на Градот.

Среде лето, граѓаните во грч излегуваат надвор, стравувајќи дека може да бидат заразени.

Орце Ѓорѓиевски затаи кога најмногу требаше да делува.

Го немаше кога требаше навремено да се прска, пред вирусот да се прошири и пред граѓаните да почнат да заболуваат.

Па што правеше?

Да не случајно го исчисти Скопје од ѓубре? Да не случајно ги обезбеди ветените автобуси за Скопјани? Да не случано го среди Градски парк после невремето од пред еден месец?

Не, ништо од ова не е средено. Се занимаваше со билбордот со коњ со пет нозе, и со дрон го следеше загадувањето на реките во Скопје.

Кој ја плаќа цената? Цената ја плаќаат Скопјани со сопственото здравје и животи.

Ова е истиот принцип на работа на целата власт на ВМРО: се доцни, се чека проблемот да прерасне во криза, па потоа се глуми дека се преземаа нешто.

Орце Ѓорѓиевски не ги заштити Скопјани од комарците!

А требаше и мораше.

За тоа треба и мора да се одговара, кога би имало институции кои постапуваат по закон.

Прес-конференција на СДСМ, Александар Давчевски, претседател на Градска организација

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер