Објавени детали од обвинението за Кочани: Има над 160 страници, со илјадници докази и околу 300 сведоци - Канал 5

Објавени детали од обвинението за Кочани: Има над 160 страници, со илјадници докази и околу 300 сведоци

Тримесечната истрага на тринаесетте обвинители резултираше со 46.000 докази и 165 страници обвинителен акт за пожарот во Кочани, во кој на листата на сведоци се најдоа 283 лица.

Објавени детали од обвинението за Кочани: Има над 160 страници, со илјадници докази и околу 300 сведоци

Обвинението, кое за прв пат е достапно во детали, опфаќа хронологија на 13 годишни случувања кои довеле до трагедијата во која загинаа 62 лица.. Се гонат 34 лица за „тешки дела против општата сигурност“ – првообвинет е сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов – Деко..

Во обвинението се најдоа, бројни инспектори, потоа директорот на агенцијата за обезбедување на објектот „Рубикон“, четворица обезбедувачи, сопственичката на проектантската фирма Милка Едровска, која во 2012 изготвила основен проект, иако знаела дека на тоа место, според условите, не може да има дискотека...

Обемноста на предметот и обвинети, според адвокатот – Звонко Давидовиќ, кој е бранител на во случајот, ќе доведе до долго судење, кое може да трае неколку години.

-Очекуваме кога ќе решат по приговоротие, и евентуална оценка да се закаже судење, па таму ќе се докажуваме во судница, дали е точно и издржано она што обвинителството го тврди. Со оглед на тоа дека се многу обвинети, многу бранители, има многу докази, додека се изведат само тие, па предстои, прво докази на обвинителство, па изнесување на одбраната, така да ќе трае.,- -Звонко Давидовиќ – Адвокат .

Листата на обвинети е долга и опфаќа бројни функционери од повеќе институции.. Од министерството за економија се гонат екс-министрите екс министрите Крешник Бектеши и Ваљон Сарачини, како и државната секретарка Размена Чекиќ – Дуровиќ и уште петмина службеници поради издавањето на фалсификат лиценци за мито и неспроведувањето на вонредни инспекции.. Обвинети се и тројцата кочански градоначалници во измнатите 13 години – Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов – се гонат дека не иницирале надзор во објектот, иако знаеле дека дискотеката работи оти секој месец легнувале пари на општинската сметка..

На обвинителна клупа ќе се најдат ис ите директори на Дирекцијата за заштита и спасување од 2012 до пожарот, меѓу кои и актуелен министер без ресор – Шабан Салиу. Неговиот адвокат за Канал 5 кратко изјави дека во оваа фаза ќе се воздржат од коментари, но посочи дека ќе поднесат приговор на обвинителниот акт.

-Ќе имаме приговор тука за повеќе лица, така да ќе се воздржиме од коментари сега, така да од страна на нашата канцеларија ќе бидат поднесени приговорите во законски предвидениот рок,- Ванчо Шехтански – Адвокат.

Обвинението го опишува и хоророт и страдањата на жртвите. Над 50 починати се задушиле од јаглероден моноксид, а шест деца поради притисок на градниот кош. Други пак имале термички оштетувања на горните дишни патишта. Пожарот се вели, се проширил стихијно, со многу чад и виоска температура, по што настанало паничното бегање.

Обвинителниот акт е доставен до бранителите пред три дена, а до 28 јули тие треба да се произнесат со своите приговори, по што судот ќе направи оценка на обвинението и ќе закаже прво рочиште од судењето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите.

Сѐ уште нема одговор:

• Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе).

• Која фирма го работеше?

• Дали таа фирма има врска со Орце?

• Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава?

Нема одговор ни за водата.

Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките?

Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре,

затоа што тој не е способен да го направи тоа.

Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела.

Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер