Објавена Заедничка изјава за Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави - Канал 5

Објавена Заедничка изјава за Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави

Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Објавена Заедничка изјава за Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави

Владите на Република Македонија и Соединетите Американски Држави денеска објавија Заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, со Заедничката изјава се реафирмира заедничката определба за натамошно продлабочување на стратешкото партнерство и унапредување на мирот, безбедноста и економскиот просперитет.

Во изјавата се нагласува зајакнатата соработка во клучни области, вклучително енергетиката и економијата, одбраната и безбедноста во рамки на НАТО, како и сајбер и дигиталната отпорност. Посебен акцент е ставен на енергетската диверзификација и зголемувањето на сигурноста на снабдувањето со природен гас, како и на унапредувањето на инвестициската клима и трговските односи .

-Двете земји ја потврдуваат заедничката посветеност за зајакнување на одбранбените капацитети и придонесот во рамки на НАТО, како и за поддршка на Украина. Воедно, се предвидуваат конкретни активности за унапредување на сајбер безбедноста, преку техничка помош, проценка на критичната инфраструктура и јакнење на институционалните капацитети - соопшти Министерството.

Во делот на безбедноста, во Заедничката изјава се нагласува и интензивирање на соработката во справувањето со транснационалниот криминал, нелегалната миграција и зајакнувањето на граничната безбедност, со конкретна финансиска и техничка поддршка за институциите.

Дополнително, во рамки на дијалогот биле договорени иницијативи за заштита на културното наследство, како и за унапредување на мобилноста на граѓаните преку приклучување кон програмите за доверливи патници.

Од МНРиНТ посочуваат дека Стратешкиот дијалог претставува значаен исчекор во зацврстувањето на трансатлантските врски и ја потврдува улогата на Северна Македонија како кредибилен сојузник и партнер на Соединетите Американски Држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чекор наназад за Индија: Врховниот суд го отфрли барањето за забрана за ритуално убивање животни

Според извештаите во медиумите, Врховниот суд на Индија ја отфрли петицијата против убивањето животни за време на религиозни ритуали! 

Чекор наназад за Индија: Врховниот суд го отфрли барањето за забрана за ритуално убивање животни

Судиите Викрам Нат, Р. Махадеван и Апареш Кумар Синг (Индија) ја отфрлија петицијата и барањето на адвокатот Шрути Бишт за измена на Законот за спречување на суровост кон животните од 1960 година, како и за забрана за убивање животни за време на религиозни церемонии и ритуали, објави Вердиктум.

Врховниот суд во среда (18 ноември 2026 година), откако ги сослуша аргументите на подносителот на петицијата, ја отфрли поднесената парница од јавен интерес и побара забрана за убивање животни за време на религиозни церемонии и ритуали.

Петицијата поднесена од адвокатот Шрути Бишт бараше измени на одредбите од Законот за спречување на суровост кон животните од 1960 година, вклучително и жртвување животни.

Судот, исто така, одби да им дозволи на другите страни да се приклучат на случајот, истакнувајќи дека можат да поднесат посебни барања.

Петицијата имаше за цел да ги принуди властите да го спречат убивањето животни за време на религиозни ритуали.

Врховниот суд претходно побара одговор од Министерството за сточарство на Унијата. Подносителот на барањето тврдеше дека практиката на жртвување животни - иако во еден момент била во опаѓање - сè уште се практикува во некои делови од Индија.

Тој посочи на практиките во хималајскиот регион, североисточна Индија, делови од државите Одиша и Западен Бенгал, Махараштра, како и во јужна Индија, тврдејќи дека убивањето животни во име на религијата го крши нивното право на живот, загарантирано со член 21 од Уставот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Гостивар: Непознати лица го кинат македонското државно знаме (ВИДЕО)

Непознати лица денеска го кинат македонското државно знаме од центарот на Гостивар, каде што се веат илјадници албански знамиња, без ниедно македонско, спротивно на кој било закон или правило. 

 Скандал во Гостивар: Непознати лица го кинат македонското државно знаме (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа симнување и кинење на македонското знаме. Според информациите, настанот се случил пред општинската зграда во Гостивар и е пријавен во полиција.

Полициска екипа извршила увид на местото на настанот, а од МВР велат дека се преземаат мерки за негово расчистување. Засега нема дополнителни информации за тоа кој го отстранил знамето и под кои околности се случил настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средношколците со бизнис идеи се борат за награда од милион денари

Министерката за образование Весна Јаневска, денеска ги посети средношколците кои учествуваат на натпреварот на идеи за идни бизниси... 

Средношколците со бизнис идеи се борат за награда од милион денари

Имаат по 16,17 или 18 години, а веќе развиваат бизнис-идеи, создаваат прототипи и размислуваат како да заработат од сопствените производи. Платформа за краткорочни работни ангажмани за средношколци, апликација која треба да го реши проблемот со наоѓање мајстори и организирање на реновирањето и дитигален асистент за учење со помош на вештачка интелигенција, се само дел од креативните идеи на средношколците кои се натпреватуваат на „Средношколец милионер“, натпревар чиј победник освојува милион денари за реализација на и развој на својата бизнис-идеја. На денешното полуфинале средношколците ги посети министерката за образование Весна Јаневска, која слушна дел од нивните иновативни решенија...

Натпреварот се одржува втора година по ред, а годинава како што истакнаа организаторите учеството е зголемено за 40%. Од над 600 пријавени тимови од 110 средни училишта, избрани се 60 полуфиналисти. Околу десет инвеститори покажале интерес да вложат во дел од идеите, а утре на финалето ќе одберат кој ќе ја освои главната награда.

Лани победи тим од тројца средношколци од Битола, кои со својот проект „Систем 4“ развија пакет ВИ-решенија за хотели и ресторани, меѓу кои и виртуелен телефонски агент кој може да прима повици и резервации..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер