КултураОбјавена „Светлосни записи“ – нова книга на националниот мајстор на фотографијата Цветан Гавровски„Матица македонска“ ја објави монографската публикација „Светлосни записи“ – нова книга од Цветан Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП (Excellence FIAP) на Светската федерација на фотографска уметност. Станува збор за издание коешто по својот формат и содржина е ретко во македонскиот културен простор – на 390 страници, со двата циклуса, црно-бело и колор се репродуцирани околу 200 авторски фотографии. - Книгите од овој тип, особено од автори како Цветан Гавровски, се незаменливо „помагало“ во нашето разбирање на фотографијата и нејзиното прифаќање како дел од уметничкото семејство на визуелните уметности. Во конкретниот случај, фотографиите на Гавровски ни ја откриваат таканаречената лајф или улична фотографија во сета нејзина величественост. Покрај портретот, тој фотографски жанр е веројатно првороденото дете на новооткриениот медиум наречен фотографија, задоволувајќи ја потребата на човекот да го овековечи своето опкружување, светот односно животот околу него, истакнува меѓу другото историчарот на уметноста и ликовен критичар, Златко Теодосиевски, во поговорот на книгата. Книгата „Светлосни записи“ е на македонски и на англиски јазик со што е достапна за поширока публика и отвора можност за интеркултурен дијалог преку визуелна уметност, а истовремено и натамошна афирмација на достелите на македонската фотографија, преку опитот на нашиот национален мајстор на фотографијата. Во воведниот текст на книгата е автороското видување на фотографијата како ликовно изразно средство, за моќта на фотографијата, размислите за вештачката интелигенција во фотографијата… За фотографиите е даден краток наратив кој не конкурира на визуелниот запис. Книгата содржи и извадоци од написи за фотографиите на Гавровски од ликовни уметници и историчари на уметноста. Цветан Гавровски (1947) е доктор на технички науки од областа на електрониката. Во професионалната кариера беше редовн професор а Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Арт фотографијата е негова длабока посветеност, патување, и уметничка визија која се развива низ времето и просторот. Учествувал на над 200 групни изложби во светот. Автор е на 15 самостојни изложби и добитник на бројни престижни награди на меѓународни компетитивни салони. Ја претставуваше македонската фотографија со фотографии во колекциите на светските изложби во Кина (1997, 2006), Швајцарија (1999), Италија (2001), Унгарија (2004), Луксембург (2004), Словачка (2008), Ирска (2009), Индонезија (2015), Кореја (2016), Шпанија (2012, 2019). Во 2020 година, „Матица македонска“ ја објави неговата книга „Сликање со светлина“.Тагови: Светлосни записи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Автомобилизам25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа25.000 такси роботи пристигнуваат на европските улици, „Lucid и Bolt“ ги здружуваат силите. .Американскиот производител на електрични возила „Lucid“ склучи партнерство со компанијата за превоз „Bolt“ за амбициозен план за воведување на 25.000 автономни такси-возила на европските улици. Оваа соработка е дел од планот на „Bolt“ да им овозможи на корисниците на својата платформа пристап до флота од 100.000 возила без возач до 2035 година. За овој европски проект, „Lucid“ ќе ја искористи својата претстојна платформа за возила од средна класа, за која се очекува да биде посоодветна за европските патишта и градови отколку поголемите модели од типот SUV. „Bolt“ ќе биде сопственик на целата флота од 25.000 возила. Робо-такси возилата ќе поседуваат автономија од 4-то ниво, што значи дека ќе можат да функционираат самостојно – без човек зад воланот – во рамките на нивните предвидени оперативни параметри. Технолошкиот пристап ќе се разликува од оној во партнерството на „Lucid“ со „Uber“ во САД. За проектот во САД се користат системи од компанијата „Nuro“, додека возилата за „Bolt“ ќе ја користат платформата „Nvidia Hyperion“. „Lucid“ веќе има договор со „Uber“ за воведување на до 35.000 робо-такси возила во Северна Америка, почнувајќи од оваа година. Тој проект ќе опфаќа користење на моделот „Gravity SUV“, како и на идниот модел од средна класа. Трката за робо-такси возила во Европа Пазарот за автономни такси-возила во Европа брзо се развива. Uber, Verne — компанија основана од Мате Римац и група инвеститори — и Pony.ai веќе работат на проекти за автономно возење, додека Waymo ја тестира својата технологија во Европа и планира да ги прошири своите активности. Uber и Wayve, исто така, работат на воведување автономни возила „Ford Mustang Mach-E“ во Лондон. Сепак, засега е неопходно во возилата да биде присутен човек за време на тестирањето, сè додека се чека на потребните регулаторни одобренија. Илон Маск исто така го најави доаѓањето на „Cybercab“ на Tesla во Европа.Тагови: роботакси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Деколтето на НиколСветската музичка ѕвезда, Никол Шерцингер успеа да го привлече вниманието на љубопитната јавност и на странските фоторепортери со својот смел моден избор.Позната по своите неверојатни вокални способности, но и по смелите модни комбинации, пејачката Никол Шерцингер одлучи да ја воодушеви јавноста со храбро издание. Папараците неодамна ја фотографираа пред еден хотел во Париз, по концертот што, според пишувањата на медиумите, таа го одржала во овој град. Секако, таа привлече внимание со својот секси стајлинг што ретко кој може да го износи. Како што можете да видите, таа носеше комбинација од црна кожа – тесни панталони и интересна маичка. Оваа комбинација ја истакна нејзината витка фигура, но вреди да се напомене дека главниот елемент на стајлингот беше горниот дел. Кожната маица без прерамки, украсена со карнери, ја нагласи нејзината фигура, при што акцентот беше ставен на длабокото деколте и градите.Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16