Објавена стихозбирката „Чекор до амбисот“ од Драгица Најческа - Канал 5

Објавена стихозбирката „Чекор до амбисот“ од Драгица Најческа

Објавена е стихозбирката „Чекор до амбисот“ на писателката Драгица Најческа - нејзина петта збирка поезија со околу седумдесет песни во шест циклуси.

Објавена стихозбирката „Чекор до амбисот“ од Драгица Најческа

Поетската книга ја објави издавачката куќа „Дијалог“ која во 2011 година во шест тома објави „Избрани дела“ на авторката.

Поетесата Елена Пренџова во поговорот на книгата, меѓу другото, пишува дека „...креативното темпо на Најческа е континуирано и плодно, а збирката поезија ’Чекор до амбисот’ ја збогатува современата македонска литературна сцена со уникатен авторски квалитет...“

- Општиот мотив на песните е мошне актуелен, а воедно и безвременски, односно севременски: мир во светот и вечната борба на себството и Другиот / „ние“ и „тие“ / човекот и нечовекот / народот и власта, поточно борбата на доброто и злото низ метафорите на претходно наведените дуалитети...Видливо е дека поетската реч на поетесата доајенка Драгица Најческа е длабока и разновидна, притоа и интимистичка и филозофско-егзистенцијалистичка... Секоја песна остава длабока мисловна дразба зад себе: Дали сум добар човек? Како да бидам добар човек? Што можам да направам за другите да бидат добри луѓе? А поезијата на Најческа е токму тоа – скоро магична поетска „напивка“ за еден подобар човек во еден подобар свет. Свет со мир. Глобален и душевен. А што, всушност, и е поезијата, ако не стиховен повик за мир, човечност и подобро утре“, се наведува во поговорот.

Драгица Најческа во македонската литература е првата жена писател која објавила роман - „Пеперуга со натопени крилја“, во 1969 година. Оттогаш таа ги има објавено романите „Друга мајка“, „Крстопати“, „Омраза-длабоко“, „Доживотна јамка“ и „Куќа на езеро“, збирките раскази „Раскази“ и „Потрага по скриеното“, расказите за деца „За глувчето, мачките, за мечките, рипчињата, зајачињата, лисичињата и... дечињата“, како и збирките поезија „Неспокој“, „Вратете ми го сонот“, „И крв и смрт и надеж“ и „Распетие на душите“./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртви

Најмалку 22 лица загинаа во судир помеѓу минибус и камион на автопат во бразилската држава Парана, соопшти денес Федералната сообраќајна полиција.

Страшна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртви

Уште пет лица се повредени во несреќата, која се случи рано утрово, објави „CNN“. Повеќето од загинатите биле патници во минибус кој припаѓал на здравствената служба на општината Имбитува.

Возачот на камионот, исто така, починал. Повредените се однесени во болниците во Понта Гроса. Минибусот патувал од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба, додека камионот патувал од Карамбеј до Прудентополис.

На местото на несреќата интервенирале членови на Федералната сообраќајна полиција, цивилната полиција, брзата помош, противпожарната служба и екипи од концесионерот Виа Араукарија, кој управува со делницата.

Фото: X

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната

Иран ги предупреди земјите од заливот да не даваат никаква помош на американската војска, нагласувајќи дека тоа ќе го смета за поддршка на  воените операции на Вашингтон против Исламската република.

Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната

„Сакаме да предупредиме: секоја помош или соработка што и се дава на агресорската американска армија е еднаква на учество во воените операции на САД“, изјави началникот на генералштабот на иранските вооружени сили, Али Абдолахи.

Во меѓувреме, Иран ги негираше обвинувањата дека вчера вечерта испалил ракети врз Обединетите Арапски Емирати, опишувајќи ги како „целосно неосновани“, јави ДПА. Претходно, министерството за одбрана на емиратите објави дека биле пресретнати две балистички ракети лансирани од Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испратила до земјите членки на НАТО прашалник со кој, со цел да ја оцени нивната лојалност со американската политика..

Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

Како што објави Блумберг, прашалникот навлегува токму во темите што го делат Вашингтон од дел од европските сојузници, како американските воени активности против Иран и односот кон Николас Мадуро.

Земјите требале да одговорат и за европските набавки на оружје и дали тие ги насочуваат кон домашни или кон американски компании..Белата куќа, според медиумите, поставила и директни прашања за американската надворешна политика и од членките се бара да наведат дали јавно ги поддржале позициите на Вашингтон. Прашалникот стигнува и до американското воено присуство во Европа. Земјите исто така треба да наведат какви ограничувања поставиле за користењето на нивните бази од американските сили.. Извори од нато ваквите чекори ги доживуваат како обид за наметнување идеолошка линија. Според нив, политичката усогласеност се става во равенка со американската воена заштита.. Дел од сојузниците сметаат дека пристапот „безбедност преку лојалност“ ги поткопува темелите на трансатлантските односи воспоставени по Втората светска војна., пишува Блумберг..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер