Објавена снимката од убиството на рускиот дигач на тегови (Вознемирувачко видео)

Рускиот дигач на тегови, Андреј Драчјов почина како последица од тешките повреди кои ги здоби во уличната тепачката во градот Кабаровск, на истокот на Русија.

Инцидентот се случил пред едно кафуле, а тепачката е снимена на камерите.

„Раша тудеј“ пренесува дека расправијата почнала околу тоа “чија дисциплина е подобра и поефикасна“.

На снимката се гледа дека мажите решиле спорот да го решат со тепачка.

Драчјов се здобил со тешки удари во глава, а осомничениот за убиството е идентификуван како Анар Алаквернов.

Тој после тепачката побегнал, и полицијата и понатаму трага по него.

Ова е друго убиство на руски спортист во тепачка за само неколку месеци.

Борачот Јури Власко е убиен на брегот на Бајкалското езеро после конфликт со група млади луѓе.

Европски фронт: Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас

Граѓаните сами одлучуваат како ќе го искористат правото на глас на претседателските избори.

Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на денешната средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на д-р Бујар Осман од 40.000 гласа над Арбен Таравари - кандидат на опозицијата, тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа.

Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право.

Пендаровски од Центар: Единствен Начин силјановска да победи на дуел е да настапи сама на дуел

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, попладнево од собирот во Скопски Центар се осврна и на најавата за предизборно соочување во емисија на МТВ. 

Порача дека ТВ дуел на јавниот сервис никогаш не бил договорен, додавајќи дека тоа е единствениот начин Силјановска Давкова да победи во некаква дебата.

Силјановска – Давкова: Пендаровски не дојде на дебата на МТВ, ќе дебатирам со празно столче

Кандидатот за претседател на државата гордана Силјановска Давкова преку социјалната мрежа Х објави дека нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски не се појавил на дебатата на националниот сервис МТВ.

„Вчудоневидувачки е како во најзначајната претседателска дебата пред националниот сервис, Македонската телевизија, јас ќе дебатирам со празно столче.

Не разбирам зошто мојот противкандидат Стево Пендаровски им оневозможи на граѓаните повторно да ги соочиме нашите програми и ставови.

Би сакала да го потсетам господинот стево пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник, па го повикувам да се одважи и да се појави пред мене и пред граѓаните на Македонија. Основна задача на шефот на државата е да гради консензус преку дијалог со сите“, стои во нејзиниот твит на Х.

притисни ентер