Објавена публикацијата „Модата и култирното наследство“ - Канал 5

Објавена публикацијата „Модата и култирното наследство“

Британски совет и Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Република Македонија подготвија публикација, која е резултатот на проектот „Модата и културното наследство“ во чии рамки беа реализирани работилницата „Модата како уметност“ и изложбата „Свадбени приказни“.

Објавена публикацијата „Модата и култирното наследство“
Уредници на публикацијата се Гордана Вренцоска и Жарко Конески. Публикацијата ги документира процесот и финалните дела кои произлегоа од проектот, во чија реализација покрај партнерите, учествуваа и НУ Музеј на Македонија и Моден Викенд Скопје.

- Со овие партнери споделивме заедничка цел – поддршка на потенцијалот на млади креативци, поголем интерес на модните дизајнери и општата публика за богатото културно наследство и презентација на креативната синергија помеѓу современата мода и традиционалните шари, ткаенини и облеки преку изложба наменета за широката публика. Модата, развојот на културните институции и промоција на различни креативни сектори се дел од поддршката која ја даваме во поттикнувањето и развојот на креативната економија во Македонија и светот, се наведува во соопштението од Британскиот совет.

Публикацијата, како што се посочува, не се осврува само на делата создадени од младите дизајнери. Низ примерот на посочената соработка се дава и преглед на капацитетот на креативните индустрии кои може да понудат развој, соработка, вмрежување и културен и економски напредок на едно креативно и иновативно општество.

Публикацијата е објавена електронски и може да се прегледа и зачува од: http://www.britishcouncil.mk/programmes/arts/creative-economy/fashion-and-cultural-heritage-publication. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ се обрати по пресудата на Тачи: Судскиот совет не утврди систематски напади над цивилното население (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обраќа на граѓаните во врска со пресудите за лидерите на ОВК.

Вучиќ се обрати по пресудата на Тачи: Судскиот совет не утврди систематски напади над цивилното население (ВИДЕО)

Четири лидери на ОВК - Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весељи и Реџеп Селји - денеска во Хаг беа прогласени за виновни за воени злосторства извршени во Косово и осудени на долги затворски казни со првостепена пресуда. Тачи и Красниќи добија по 25 години затвор, Весељи 18, а Селји 13, објави Курир.

„Ќе почнам како што ќе завршам - зачувувањето на мирот и стабилноста е од клучно значење за Србија“, рече Вучиќ во обраќањето.

„Во иднина, решението лежи во разговори, поголемо разбирање и дијалог“.

„Првостепената пресуда денес беше донесена пред судот на таканареченото Косово. Денес, четири лица беа осудени на 25, 25, 18 и 13 години. Како го гледаме тоа и што сметаме за важно, без оглед на тоа дали нешто ни се допаѓа. Важно е да истакнам следново - прво, Судскиот совет не утврди систематски напади врз цивилното население. Тие не сакаа да го поткопаат кредибилитетот на ОВК“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на средби со конгресмени на САД во Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на одвоени средби, се сретна со конгресмените Кит Селф и со конгресменката Клаудија Тенеј.

Мицкоски на средби со конгресмени на САД во Вашингтон

„Денеска остварив средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.

На средбата разговаравме за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за нашите две држави.“

„Остварена средба со конгресменката Клаудија Тенеј од републиканската партија, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД.

На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји.

Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка.“, објави на ФБ премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неда Украден на 76 години, објави снимки од одморот: Не ѝ треба фотошоп (ФОТО)

Неда Украден привлече внимание со нови фотографии од одмор. 

Неда Украден на 76 години, објави снимки од одморот: Не ѝ треба фотошоп (ФОТО)

76-годишната пејачка позираше во виолетов костим за капење во џакузи на Ртањ, а објавата брзо предизвика бројни реакции од нејзините следбеници.

Комплиментите брзо почнаа да се редат во коментарите. Следбениците ѝ велеа дека изгледа одлично и го пофалија нејзиниот изглед и енергија, но не сите беа подеднакво воодушевени.

Некои коментатори се сомневаа дека фотографиите се дополнително обработени. „Не е потребен фотошоп“, ѝ рече еден следбеник, додека други коментираа и за можната употреба на филтри и уредување фотографии.

Неда Украден претходно објавуваше фотографии од одмори и во костими за капење на социјалните мрежи, а нејзиниот изглед често предизвикува голем број реакции од нејзините следбеници.

Неодамна го прослави својот 76-ти роденден

Пејачката го прослави својот 76-ти роденден на крајот на август. Родена е на 16 август 1950 година во Имотски, а во текот на својата децениска кариера сними бројни хитови и остана една од најпрепознатливите пејачки на регионалната музичка сцена. Повеќе од 400.000 луѓе ја следат на Инстаграм, со кои редовно споделува фотографии од настапи, патувања и приватен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер