Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
2Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЗдравјеОбјавена првата листа на причинители на габични инфекции кои го загрозуваат глобалното здравјеСЗО ја објави првата листа на причинители на габични инфекции кои го загрозуваат глобалното здравјеСветската здравствена организација (СЗО) ја состави првата листа на габични патогени кои претставуваат најголема закана за здравјето на луѓето, предупредувајќи дека некои видови стануваат се поотпорни на лекови и се сè пораспространети. Телото на ОН, кое има слични списоци за вируси и бактерии, објави дека габичните инфекции и нивната зголемена отпорност на лекување претставуваат се поголем ризик. Историскиот недостиг на фокус врз опасноста од габични патогени значи дека постојат големи празнини во знаењето, како и недостатоци во следењето, лекувањето и дијагнозата. Тешко беше дури и да се процени обемот на заканата поради недостиг на податоци, нагласи СЗО, апелирајќи до владите и научниците да направат големи напори за да го засилат одговорот на 19-те габични инфекции од списокот. – Излегувајќи од сенката на пандемијата на бактериска антимикробна отпорност, габичните инфекции се шират и стануваат сè поотпорни на лекување, станувајќи проблем за јавното здравје ширум светот, изјави доктор Ханан Балхи, помошник-генерален директор на СЗО за антимикробна резистенција. Габичните инфекции често ги погодуваат луѓето кои се веќе сериозно болни, како што се пациентите со рак или туберкулоза, а стапките се зголемија кај хоспитализираните пациенти со Ковид-19 за време на пандемијата. Постојат само четири типа на лекувања, со многу малку нови опции во развој. Климатските промени исто така значат дека се шири зачестеноста и географскиот опсег на патогени, нагласи СЗО. Отпорноста делумно е предизвикан од прекумерната употреба на антифунгални средства во земјоделството. Списокот ги дели патогените во три категории врз основа на нивното потенцијално влијание и податоците за ризикот од нивната отпорност: критичен, висок и среден приоритет. Групата со критичен приоритет ја вклучува Candida auris, која е многу отпорна на лекови и предизвика бројни епидемии во болниците ширум светот, како и Cryptococcus neoformans, Aspergillus fumigatus и Candida albicans. Групата со висок приоритет вклучува голем број други габи од семејството Кандида, како и други како што се Мукоралес, група која содржи габи кои предизвикуваат мукормикоза или „црна габа“, инфекција која брзо се шири меѓу сериозно болните луѓе – особено во Индија – за време на епидемијата на Ковид-19. Групата со среден приоритет вклучува голем број други габи, вклучувајќи ги Coccidioides spp и Cryptococcus gattii. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Живот Што се случува со организмот ако постите седум дена?Истражување кое открива како реагира организмот на рестрикција на калориите.Истражување спроведено на 12 здрави лица покажа дека седумдневниот пост на вода го менува телото и органите, а најголемите промени се случуваат околу третиот ден. Повеќедневното постење на почетокот почнува со трошење на складираните масти. Истражувачи од Лондонскиот универзитет на кралицата Мери и Норвешкиот универзитет за спортски науки следеле 12 здрави лица кои седум дена консумирале само вода. За време на истражувањето анализирале околу 3.000 протеини во крвта на учесниците за да утврдат како организмот се прилагодува на целосното исклучување на храната. Телото во првите три дена од користење на гликозата преминало на користење на складираните масти како главен извор на енергија, па учесниците изгубиле 5 до 7 кг, и масно и немасно ткиво. Меѓутоа, она што се случило по првите три дена ги изненадило истражувачите. Почнале да се случуваат значајни промени во нивото на протеини поврзани со многу органи и процеси во организмот. Третина од анализираните протеини се промениле за време на постот, а некои промени не можеле да се објаснат со губење на килограмите. Меѓу нив се промените на протеините кои имаат улога во структурата и функционирањето на нервните клетки, што укажува дека долготрајното постење може да има многу поголемо влијание врз телото отколку што се сметаше некогаш. Резултатите не значат дека треба да гладувате За првпат можеме да видиме што се случува на молекуларно ниво во организмот додека постиме. Нашите резултати нудат докази за здравствената придобивка на постот и не се однесуваат само на губењето килограми, тие се видливи дури по три дена целосна рестрикција на калориите – објаснува Клаудија Лангерберг од Универзитетот Кралицата Мери. Важно е да се нагласи овие резултати се однесуваат на целосна рестрикција на храна во текот на неколку дена, а не на кратки форми на повремен пост, како што се популарните режими засновани на автофагија. Според тоа, овие резултати не можат автоматски да се применат на секоја форма на пост. Научниците се надеваат дека подоброто разбирање на овие промени еден ден би можело да помогне во развој на терапии кои би имитирале одредени ефекти на постот, без притоа да се бара од пациентите целосно воздржување од храна со денови. Мајк Пицнер, еден од авторите на студијата, истакна дека долготрајниот пост не е безбедна опција за секого, особено не за лицата со веќе постоечки здравствени проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
БизарноДошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела. Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто. Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден. Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател. После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта. Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен. Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата. Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош. На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси. Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција. Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот. View this post on Instagram A post shared by Agora Brasil (@agorabrasilnews) Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни. Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители. По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби. Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата. Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот. Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата. Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.Тагови: гробот погреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери. „Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп. Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје. „Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп. Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година. „Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter