Објавена програмата за 29. издание на Фестивалот на камерен театар "Ристо Шишков" - Канал 5

Објавена програмата за 29. издание на Фестивалот на камерен театар "Ристо Шишков"

Дваесет и деветтото издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков" традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава селекторот, режисерот Љупчо Ѓоргиевски, понуди десет остварувања од земјава и странство.

Објавена програмата за 29. издание на Фестивалот на камерен театар "Ристо Шишков"

Според селекторот, програмата на фестивалот е само еден мал дел од таа чума наречена театар како пркос на пандемското секојдневие. Во образложението тој пренесува дел од манифестот „Театар и чума" од големиот поет, драмски писател, актер и режисер Антонен Арто.

-Театарот, како и чумата, е лудило кое се пренесува на другите. И не само заради тоа што како и чумата делува на целокупното општество, туку и во театарот како и во чумата има нешто што истовремено е и победничко и осветничко. Тој не само што е заразен како и чумата, туку е и откровение преку кое се врши локализирање на сите извитоперености на духот. Како и во чумата, во театарот постои некое чудно сонце, светлина во која и невозможното станува нормален елемент. Театарот како и чумата ги разрешува судирите, ослободува сила, открива возможности, колективно празни еден гигантски, колку морален, толку и општествен чир. Тој како и чумата е создаден да ги празни колективните чирови. Театарот како и чумата е криза која завршува со смрт или исцелување, дејството на театарот како и дејството на чумата е благородно, бидејќи ги тера луѓето да се видат онакви какви што се, ги симнува маските, ја разоткрива лагата, расипаноста и лицемерието и ги повикува пред лицето на судбината да заземат херојски и возвишен став, напиша Ѓоргиевски.

Завесата на 29. ФКТ „Ристо Шишков" ќе ја кренат актерите од Тетарот Битола, со претставата „History of moderfuskres" по мотиви на „Кориолан" од Вилијам Шекспир, авторски проект на Андраш Урбан. По нив ќе се претстават актерите од штипскиот театар со „Крилја" од Артур Копит, во режија на Никола Ристов.

До крајот на фестивалот љубителите на театарот ќе ги проследат претставите „Кармен" на Драмскиот театар од Скопје, „Среќниот принц" на Театарот Враца од Бугарија, „Драма изгубена во времето" на кумановскиот театар, „Само глас" на МНТ од Скопје, „Злоставувани" на театарот од Шабац, Србија, „Човекот од Подолск" на Театарот Плевен од Бугарија, „Јами дистрикт" на БИТЕФ театарот од Белград, Србија, а завесата на годинашниот фестивал ќе се спушти по претставата „Три жени" на Тигар театар, Театар Форт Форно и Осиечко културно лето од Хрватска.

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков", а се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, го предводи ланската лауретка, актерката Александра Пешевска и актерите Благој Чоревски и Петар Мирчевски.

Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов" во Струмица со почитување на ковид протоколите и со исполнетост до 30 отсто од капацитетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер