Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
КултураОбјавена програмата на Танц Фест Скопје 2023Интерарт културниот центар ја најави програмата за фестивалот Танц Фест Скопје 2023 под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“. Ќе бидат претставени 19 кореографи од земјава, како и од Холандија, САД, Полска, Чешка, Израел, Италија, Грција, Словачка, Романија, Шпанија и Кина. Отворањето на фестивалот, кое е поддржано од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, ќе се случи на 4 април на сцената на Македонскиот народен театар со претставата „Таленти во движење“ на Кодартс танцовата компанија од Ротердам, во чест на 30 години дипломатски односи помеѓу Холандија и Македонија. Фестивалот во соработка со Американската амбасада во Скопје на 12 април на сцената на МНТ ќе ја претстави „Далас Блек танцовата компанија“ од САД. Во рамките на оваа соработка ќе биде одржан и проектот „Dance communications“, работилници за млади танчери, кои ќе подготват кратка кореографија под менторство на танчерите и професорите од САД и Скопје танцовиот театар, а ќе ја изведат на 12 април на сцената на МНТ, пред настапот на компанијата од САД. На сцената на Младинскиот културен центар ќе бидат претставени современи кореографии на Јакуб Черулик од Словачка, Сандра Махвама од Романија, Гилда Цесарио од Италија, „А приори“ компанијата од Грција. Македонската танцова сцена ќе биде претставена со кореографиите „Одење и слични кореографски решенија“ на Филип Петковски, на 28 април на Малата сцена на НОБ и „КОД #9“ на Ивана Балабанова и Алесандро Ола, која ќе биде изведена на 24 април на сцената на Кино Фросина во МКЦ. Скопје танцовиот театар на 11 април во МНТ, ќе ги претстави новите продукции „Место, многу посебно за неа“ на Адријана Данчевска и „Блокови“ на Дејан Битровски, во кои учествуваат танчерите на компанијата и студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“. На 10 април во МКЦ ќе биде изведена новата кореографија на Бобан Русески, под наслов „Табу република“, во продукција на Скопје танцовиот театар. На 26 април на сцената на Македонскиот народен театар е премиерата на најновата кореографија на Рисима Рисимкин, „Лејди Магбет“, која годинава е поканета да гостува на Шекспир фринге фестивалот во Верона Италија. Во склоп на фестивалот ќе се одржат и „Отворената програма“ со учество на студија од Скопје и други градови од земјава. Програмата на Танц Фест Скопје е поддржана од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадата на САД, УГД, Виталија и Бовин. Билетите за сите настани се продаваат на билетарите на театрите каде се одржува програмата, во МНТ, МКЦ и НОБ, соопшти Интерарт културниот центар. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес претежно облачно и постудено со повремени локални врнежиПретежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд.Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 14 степени. Во текот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 13. октомври 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 13. октомври 2026 година.Вага 24.9.-23.10 Љубов Зближувањето со лица од работната средина и денеска ќе биде можно. Ако се уште сте сами барем потрудете се подобро да се запознаете. Кариера Иако некои ваши колеги ќе прават драма и ќе бидат чувствителни , добро е што ќе покренете креативност и ќе донесете нови решенија. Здравје и совет Можна преодна настинка. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вас саканата личност би можела да ве одушеви. Ќе има големи љубовни и емотивни апетити , но тоа вас само ќе ве придвижи. Кариера Не се измачувајте со прашања на кои и така го знаете одговорот. Продолжете понатаму , соработувајте со колегите и работете најдобро што можете. Здравје и совет Ви се спие. Одморете се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Луцидност и оригиналност ќе бидат вашите денешни особини со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено вашите скриени идеи и планови , зашто нема добро да ве разберат поради преокупираност со други работи. Здравје и совет Мала меланхолија. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете склони да попуштате за се и сешто , а некои сосема ќе ги спуштат критериумите за љубов. Кариера Ќе пораснат вашите деловни амбиции , но нема да бидат сосема реални. Важно е да определите што е можно да се исполни , а што не. Здравје и совет Ограничете го јадењето и пиењето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Можете со полни гради да уживате во она што животот ви го дава во љубовта. Оние во врска се среќни , а самците лесно освојуваат. Кариера Ќе има конструктивна атмосфера на работното место. Така ќе работите и вие- без проблеми и со оптимизам. Здравје и совет Вашиот организам е стабилен. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Многумина ќе сакаат слободното време да го поминат во домашно опкружување .Ќе бидат среќни во интимните моменти. Кариера Приватните истражувачки работи денеска ќе добијат нов поттик и некои фази од работата ќе се приведуваат кон добар завршеток. Здравје и совет Работете вежби за вратниот дел од рбетот. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа сепак нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот променлив. Кариера Работењето со луѓе и со договори ќе ви одат добро само ако прифатите одредени мали компромиси. Однесувајте се дипломатски. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Бик 21.4- 20.5. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во светот на соништата , каде ќе ви биде идеално. Можеби така е и најдобро додека не помине овој празен период. Кариера Оние кои работат лаборатории , болници или институции од затворен тип , ќе добијат добар поттик и резултати. Здравје и совет Ослободете ја фантазијата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вие продолжувате да се забавувате , добро да си минувате , да јадете и пиете во друштво на саканата личност или онаа која полека ја освојувате. Ќе помине добро. Кариера На вашето работно место денеска ќе има речиси идеална атмосфера . Сите ќе бидат подготвени да си помогнат едни на други. Здравје и совет Претерувате со исхрана , а премалку вежбате. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако уште сте сами , денеска секако излезете зашто ќе ви се пружи шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов. Кариера Со самата појава , ќе влијаете позитивно на другите. Проектите и работата добро ќе се одвиваат. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Лав 23.7-22.8. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Можете слободно нешто да направите за себе. Кому и да објаснувате , секој ќе ве разбере и тоа ќе го прифати за нормално. Здравје и совет Мислете малку на себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Добриот развој на љубовната состојба продолжува и денеска .Доколку сте сами секако излезете и поврзете се со луѓето. Кариера Имате можност да ги презентирате своите идеи пред стручни и угледни луѓе. Тие ќе ве разберат подобро од вашите очекувања. Здравје и совет Тренирајте она што ви се допаѓа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter