Објавена програмата на 31-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ - Канал 5

Објавена програмата на 31-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Триесет и првото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 Септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се 10 остварувања од земјава, Бугарија и Словенија.

Објавена програмата на 31-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од Велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија Ненад Витанов.

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланската лауретка, актерката, Дарја Ризова, писателот и професор на ФДУ, Иван Додовски и актерката Мими Таневска.

Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, а промотор ќе е Јоана Шишкова.

Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 септември 2023 година во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна

Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. 

Јаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна

Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот панел за родители и старатели на ученици на тема врсничко насилство, што денес се одржа во Домот на културата „11 Октомври“ во општина Гази Баба.

„Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат, наместо да му помогнат и да го заштитат. Ова насилство е аларм за целото општество. Тоа е плод на недостиг на воспитна врска меѓу родителите и децата“, рече Јаневска, додавајќи дека без ангажирање на родителите, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство е неефикасна.

Министерката посочи дека токму затоа, на национално ниво се иницирани директни средби со родителите на децата и наставниците, каква што е денешната. Целта е отворено да се предочат проблемите, да се слушнат предизвиците со кои се соочуваат семејствата и училиштата, како и да се разменат идеи и иницијативи за заедничко делување против врсничкото насилство.

Најави одлучност во справување со злото што возрасните им го наметнуваат на децата и ригорозен системски одговор.

„Одговорност мора да има и за родителите. Разговарав со министерот за внатрешни работи, ќе следат санкции за сите инволвирани и за нивните родители. Најчест причинител на врсничко насилство е семејното насилство и занемарувањето на децата“.

Во моментов, во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште.

Министерството за образование и наука минатата година подготви и реализираше сет мерки за справување со врсничкото насилство. Со законски измени ги задолжи училиштата во годишните програми за работа да предвидат активности за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба, спречување дискриминација, подобрување на комуникацијата и слично.

Беа изработени прирачници за наставници за справување со врсничко физичко насилство во училишта и за пријавување на сајбер насилство.

Стручните служби во училиштата беа зајакнати со ангажирање на кадар онаму каде недостигаше, и беа вратени дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и во училишните дворови.

Средбите со родителите ќе продолжат, а продолжуваат и обуките за стручните соработници за препознавање на семејно насилство преку однесувањето на децата на училиште и за спречување на понатамошно трансформирање во врсничко. Досега се реализирани обуки за стручни соработници од 30-тина општини во Македонија, во соработка со Комората на психолози, МВР и Министерството за социјална политика.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?

Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“.

СДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?

Прашуваме: За кои реформи?

За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува?

За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија?

Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда?

Македонија е во опасност да остане надвор од седумгодишниот план на ЕУ поради неисполнување на реформите. А министерката зборува за „најголеми средства“ и за тоа дека Македонија е меѓу реформските лидери.

За споредба: Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, а Македонија ќе добие 65,7 милиони евра, од Планот за раст на ЕУ.

И тоа е „најмногу“?

Дали е тоа истата министерка која пред неколку месеци изјави дека „пола Европа ќе банкротира“, а Македонија ќе процвета?

Истата која тврди дека сме „трета економија во Европа“, а немаме пари ни за зголемување на минималната плата?

Изгледа дека Мицкоски со своите лаги ги зарази и своите министри. Или можеби и тие почнаа да му веруваат.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети и 8. ЕТКФ Европски куп за деца, кои ќе се одржат од 3 до 5 јули во Софија, Бугарија. 

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети

Македонската репрезентација е составена од 30 натпреварувачи, кои ќе настапат во сите возрасни категории.

Репрезентацијата ќе ја предводат тренерите Дејан Недев и Аљоша Недев, кои воедно ќе ја извршуваат и функцијата на судии на натпреварите.

Во сабота на програмата се натпреварите за деца, додека во недела ќе настапат сениорите, јуниорите и кадетите.

Европското првенство ќе се одржи во Овергас Арена во Софија.

Македонска традиционална карате федерација (МТКФ)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер