Објавена монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска - Канал 5

Објавена монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска

„Време на прекршувања – време на Голи Оток“ е насловена монографијата од универзитетската професорка Виолета Ачкоска во издание на „Панили“, која, како што соопшти издавачката куќа,  е резултат на повеќегодишни истражувања.

Објавена монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска

-Отсликано е едно специфично време на идеолошко-политички прекршувања на општествен план, но и на лични прекршувања на луѓето кои не можеле да се снајдат во силните пресврти што се случувале во рамките на нападот на Информационото биро на комунистичките и работничките партии врз Комунистичката партија на Југославија (1948-1956). Преку користење документи и литература од различна провиниенција, Ачкоска во оваа монографија го анализира времето на почетоците на Студената војна и формирањето на ИБ, судирот Сталин - Тито, начините на справување со приврзаниците на СССР и ИБ, системот на „општествено превоспитување“ и судбината на Македонците на Голи Оток и во другите логори за „информбировци“ и, на крај, процесот на десталинизација и рехабилитација. Притоа, како што оценува рецензентот, професорот Никола Жежов, направен е успешен обид, од „заедничката“ историја на Инфорбирото да се раскаже дел од посебната македонска приказна, се наведува во соопштението.

Иако голем дел од документацијата за ова време е уништена, а сведоците не се меѓу живите, Виолета Ачкоска успеала со критичка анализа на бројни полициски досијеа, архивски записи, документи од домашните архиви и архивите во Белград, Љубљана и Софија, документите на ЦИА, мемоарска и друга литература и сеќавања на дел од „информбировците“ или нивните потомци, да направи историски веродостојна реконструкција на историските појави и процеси и да расветли одделни нерасветлени моменти од тоа време.

-Посебно се презентирани начините на справување со приврзаниците на СССР и Информбирото низ системот на „општествено превоспитување“, воспоставен од југословенските државно-партиски власти. Целиот овој систем е обработен главно преку судбините на поединците кои ги доживеале физичките и психичките тортури во логорите и затворите за т.н. информбировци. Притоа, централна точка е Голи Оток и другите логори во кои престојувале, односно биле изолирани и упатени на опшествено-корисна работа луѓето кои се определиле за Резолуцијата на Информбирото или, пак, поради каков било сомнеж во однос на генералната линија на КПЈ и Јосип Броз-Тито.

Во овој круг на „информбировци“ кои ја поминале голооточката „школа“, авторката се задржува на одделни видни македонски дејци од периодот меѓу двете светки војни, шпански борци, учесници во НОБ, членови на Президиумот на АСНОМ и раководители на разни сектори во државата, писатели и други творци, меѓу кои: Панко Брашнаров, Кирил Петрушев, Лазар Соколов, Богоја Фотев, Владимир Полежиновски, Венко Марковски, Генадиј Илиев Лешко, Ацо Петровски, Петар Пирузе, Павел Шатев, Васил Калајџиски, Неџат Аголи, Георги Василев, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Димче Аџи Митрески, Мире Анастасов, Раде Лешков, Кирил Ќамилов, Иван Точко, Димче Најчевски, Дивна и Ратко Богоеви итн., истакнува рецензентот Жежов, посочувајќи дека „оваа монографија претставува значаен прилог во македонската историографија од најновиот век.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот.

Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен.

Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. 

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“.

Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup.

Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации.

Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот.

Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот.

Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија.

Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер