Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
КултураОбјавена книгата „Приказни од скопскиот парк“ од Ана БагрјанаДруштвото за издавачка дејност Македонска литера ја објави книгата „Приказни од скопскиот парк“ од украинската писателка Ана Багрјана.Книгата е илустрирана од самата авторка, а содржи раскази за деца инспирирани од Скопје и напишани за време на нејзиниот неодамнешен неколкугодишен престој во Скопје. Преводот е на Ленче Тосева. Книгата содржи осум раскази за деца од помала возраст во кои се раскажуваат доживувања од секојдневието на децата во коишто дидактиката доаѓа од втор план, а приказната на крајот носи своја порака. Авторката раскажува за светот на градскиот парк, односно за птиците и животните чиј дом е природата, но живат и во градот. Преку приказните за нив доаѓа до израз луцидниот, наивен и занимлив свет на децата и на живиот свет во паркот. Багрјана (1981) е поет, прозаист, драматург и преведувач. Завршила украински јазик и литература во Киев. Автор е на повеќе поетски книги драмски дела, раскази и критички статии објавени во антологии, алманаси и литературни списанија. Изведени се претстави со пиеси и либрето на Ана Багрјана во Украина, САД и Македонија. Преведува од словенски јазици, а превела и неколку дела од македонски на украински јазик. Наградена е со повеќе украински и меѓународни книжевни награди. Учествувала на повеќе книжевни манифестации што се одржуваат во Република Македонија, а трипати и на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Од 2009 до 2015 година привремено живееше во Скопје. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветКорпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот ТеснецПоморските сили на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) соопштија дека танкерот за нафта „Тренд“, кој плови под знамето на Того, бил погоден и запрен откако на него избувнал пожар додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец.Во соопштението објавено во четвртокот вечерта, контраадмиралот Али Азмаеи, командант во поморските сили на ИРГЦ, изјави дека танкерот се обидел да помине низ овој стратешки воден пат „по поттик и преку измама на американската војска што убива деца“. Според ИРГЦ, танкерот се обидел да помине низ Ормускиот Теснец без дозвола, што ги натерало иранските сили да интервенираат. „Храбрите воини на исламот и одлучните морнари од морнарицата на ИРГЦ продолжуваат цврсто да ја одржуваат контролата врз виталниот воден пат на Ормускиот Теснец и не дозволуваат ниту еден агресор да помине низ него“, се наведува во соопштението. Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека бродот „Тренд“ бил „погоден и запрен откако на него избувнал пожар“. Иранските сили го повторија своето предупредување дека – како што тврдат – секој обид за нелегално минување низ Ормускиот Теснец би резултирал со „ништо друго освен уништување на бродот што го прекршил правилото“.Тагови: Иран нафта Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
БалканВучиќ на покана на Зеленски на важен состанок во УкраинаСрпскиот претседател, Александар Вучиќ, преку социјалните мрежи се огласи утрово во 7:00 часот од Украина со порака за граѓаните.Во објавата на официјалниот профил на Вучиќ на Инстаграм се вели: „Денес, на покана на претседателот Зеленски, присуствувам на состанок на Иницијативата за карпатска интеграција, важен проект за економско, транспортно и инфраструктурно поврзување на земјите од поширокиот карпатски регион. Сето ова го правам за дополнително да обезбедам стабилност и мир за нашите граѓани и за Србија“. https://www.instagram.com/reel/DdaoMGcug45/?utm_source=ig_embedТагови: Александар Вучиќ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен членНов Зеланд не водел разговори со Европската Унија за можноста да стане придружна членка, изјави денеска портпаролот на новозеландскиот министер за надворешни работи Винстон Питерс, откако ЕУ објави дека разгледува таков предлог за Канада. „Немало никакви дискусии со ЕУ за тоа Нов Зеланд да стане придружна членка“, рече портпаролот, како што пренесе Ројтерс. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да ѝ ја отвори вратата на Канада да стане првата „придружна членка“ на ЕУ, во обид да се воспостават нови врски меѓу сојузниците во „отворено непријателски свет“. Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со царини доколку продолжи со предлогот за Канада, нарекувајќи ја идејата „смешна“. Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, вчера изјави дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да го следат примерот на Канада во продлабочувањето на односите со ЕУ. „Не се сомневам дека во ова ќе бидат вклучени и други земји“, рече таа во интервју за телевизиската мрежа „Еуроњуз“. „Тоа веќе го гледаме, вклучително и во однос на законодавството што го усвојуваме, каде што партнери од целиот свет – како Австралија и Нов Зеланд – ни порачуваат: сакаме да ги продлабочиме нашите односи.“ Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, во вторникот изјави дека Австралија е „на иста бранова должина“ со Канада во однос на напорите за воспоставување посилни врски со ЕУ.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter