КултураОбјавена книгата „Меѓу две неба“ со стихови на учесници на „Поетска ноќ во Велестово“ Како дел од активностите во рамки на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ во издание на „ПНВ публикации“ од печат излезе книгата „Меѓу две неба“, во која се поместени авторски творби на поетите кои биле учесници или посетители на манифестацијата во текот на нејзиното 26 годишно постоење. Во поетската збирка се содржани инспиративни стихови на Петре М. Андреевски, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Богомил Ѓузел, Михаил Ренџов, Ристо Јачев, Владимир Мартиновски, Ефтим Клетников, Братислав Ташковски, Глигор Стојковски, Кире Неделковски, Тоде Илиевски, Зоран Јакимоски..., како и на странските поети Патрик Котер, Миљурко Вукадиновиќ, Роман Кисјов, Лука Бенаси,Татјана Даниљанц, Ерол Туфан, Винченцо Бјанки, Сим Кера, Марам Ал Масри, Жељко Миловиќ, Поли Муканова, Тања Бакиќ и други. Основачот и претседателот на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, поетот Славе Ѓорго Димоски, за стихозбирката „Меѓу две неба“ вели дека претставува компилација на најдоброто од поезијата што можело да се види во Велестово изминатите две и пол децении. - Пред љубопитството на читателот го нудиме овој грст стихови од македонски и странски поети кои биле учесници на манифестација и кои не можеле своите возбуди да ги задржат во и за себе, туку ги излеале врз белите полиња на хартијата и сега ги имаме како гргорливи водопади синевина, која се спушта од небото во езерото, вели Димоски повикувајќи го читателот да ги отвори кориците на новата стихозбирка и да го „премине прагот кон возвишеното задоволство на она што ни го оставиле гостите за нас и за вечноста“. Песните на поетите гости од странство се објавени двојазично, а стихозбирката е илустрирана со фотографии од архивата на „Поетска ноќ во Велестово“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“. „Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“ Избори по две години војна Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран. Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во БрвеницаПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter