Објавена книга со интервјуа по повод 30 години македонска Армија - Канал 5

Објавена книга со интервјуа по повод 30 години македонска Армија

„Студентски сервис“ од Скопје ја објави книгата „30 години македонска армија.

Објавена книга со интервјуа по повод 30 години македонска Армија

„Студентски сервис“ од Скопје ја објави книгата „30 години македонска армија: Од работ на бездната до НАТО-армија низ етерот на Македонското радио – Радио Скопје“ на Свето Стаменов, политиколог, новинар на Македонското радио – Радио Скопје, и на проф. д-р Трајан Гоцевски, професор и поранешен декан на Филозофскиот факултет во Скопје, експерт од областа на одбраната и безбедноста, министер за одбрана во првата влада на независна и суверена Република Македонија.

Книгата содржи 11 радиоинтервјуа реализирани во информативно-политичките програми „Актуелно” и „Радио спектар” во периодот март – август 2022 година, во рамките на серијалот со кој Македонското радио – Радио Скопје се приклучи кон одбележувањето на триесетгодишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија.

Во интервјуата детално и хронолошки се опишуваат условите во кои е формиран самостојниот македонски одбранбен систем и самиот процес на формирањето на неговата оружена компонента – Армијата на Република Македонија, што беше клучен фактор за конечното профункционирање на Република Македонија како независна држава, потоа десетте фази во развојот на македонската армија и предизвиците со кои беше соочена таа во изминатите три децении, како и нејзиното учество во меѓународните мировни мисии и процесот на нејзиното целосно интегрирање во структурите на НАТО-сојузот, односно добивањето статус на НАТО-армија.

-Книгата „30 години македонска армија: Од работ на бездната до НАТО-армија“, всушност, е своевидна исповед и сведоштво на еден од најодговорните луѓе на македонската одбрана во периодот на осамостојувањето на Република Македонија и на создавањето на самостојниот македонски одбранбен систем и, особено, на македонската армија, која беше формирана под негово непосредно раководство во сега веќе далечната 1992 година. Токму тоа на книгата ѝ дава уште поголема тежина, до толку повеќе што една продлабочена анализа на содржината на интервјуата покажува дека станува збор за своевидна хронолошка анализа на настаните, поткрепена со научна аргументација и документирана со оригинални сознанија за дел од настаните во кои еден од авторите бил учесник, а во најголем дел и креатор на процесите, наведува авторот Стаменов.

Свето Стаменов и проф. д-р Трајан Гоцевски се автори и на тетралогијата „Македонски безбедносни лавиринти“ (I-IV книга) и на „Македонски безбедносни лавиринти“ (2015), „Армија на мирот“ (2017) и на двотомната книга „Македонија во НАТО“ (2020).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Дванаесет лица загинале, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. 

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран.

Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Некои од повредените се во критична состојба.

Проектилот погоди дел од аеродромскиот комплекс каде што се наоѓаат терминалите 3 и 4 за домашни летови. Ова беше трет напад врз аеродромот во Ријад во рок од неколку дена.

По нападот, сите аеродромски операции беа привремено прекинати, а летовите наменети за Ријад беа пренасочени кон други аеродроми. Очевидец изјави за Ројтерс дека по експлозијата видел неколку повредени лица како лежат во терминалот. Друг повреден патник раскажа дека видел нешто на небото непосредно пред ударот, по што дел од таванот се урнал во близина на излезот за качување во авион.

Саудиската управа за цивилно воздухопловство претходно извести за жртви, повредени лица и материјална штета како последица на претходни напади. Тројца саудиски државјани загинаа во нападите на 8 октомври, додека еден судански државјанин почина претходниот ден во посебен напад врз аеродромот во Ријад.

По најновиот напад, Хутите изјавија дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, кој тие го прогласија за зона на воени дејствија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо Михајлов

Пред 85 години партизаните излегоа за слободна држава. За слобода. За достоинство на човекот. Против фашизмот!

СДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо Михајлов

Не за поделба. Не за понижување на народот. Не за да го викаат талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Тој речник не е од 11 Октомври и вредносите на НОБ. Тој речник е од друга традиција. СДСМ ја памети својата, секогаш на вистинската страна на историјата.

Антифашизмот не е споменик туку обврска. Обврска да се живее во мир и слога, не во закани и раздор.

Обврска законот да важи за сите, не само за оние што немаат кабинет. Обврска зборот да биде слободен, а медиумот да не биде во мрак.

Обврска државата да работи за себе, не за интерес на друга земја.

Иднината е во Европа. Во подобар стандард. Во плата од која се живее достоинствено и добро. Во пензија што не се крои секој месец. Во чиста и здрава вода. Во млади што остануваат дома, не затоа што им е речено да бидат патриоти, туку затоа што имаат работа, дом и иднина.

Патриотизам е како се живее денес и што им се остава на децата утре.

Да не мораат да земаат бугарски пасоши. Да не мораат да глумат патриоти заради личен интерес, туку вистински да ја сакаат и да ја почитуваат својата татковина. Лажниот патриотизам не смее да биде пат кон власт.

Македонија не е депонија за туѓ проект. Не е рудник за туѓа муниција. Не е хардвер за туѓа дигитализација. Не е ходник за туѓа агенда. Не е каса за провизија. Македонија е заедничка татковина.

Се работи за сопствената татковина, се живее со соседите. Доколку е потребно и се преговара, не се провоцира.

Предците се бореа да имаме држава. Денешната генерација има битка за иднината. Битка против корупцијата и криминалот, за подобар живот, повисоки плати. Битка за слобода на говор и медиуми. Битка за нормален и достоинствен живот. Битка да живее чесниот свет, не банда. Заедничка битка за Европа.

СДСМ е наследник на таа борба. Со демократски средства. Со вистина. Со глас на народот.

Државата ќе ја вратиме во служба на народот. Иднината не е во поделбите. Иднината е во Европа, во правда и во слобода.

Скопје, 11.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер