3Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
БалканОбјавена имотната состојба на грчките политичариСпоред грчките медиуми, најбогат меѓу лидерите на политичките партии (иако неговата партија Движење на демократија не е дел од парламентот) е Стефанос Каселакис, а најсиромашен е лидерот на партијата Победа Димитрис Нациос.Имотната состојба со годишните примања, акции и обврзници, депозити, кредити, недвижнини и сл, на грчкиот премиер, лидерите на партиите, пратениците и европратениците, градоначалниците и префектите, денеска беа објавени на официјалниот сајт на грчкиот парламент, како што е пракса во Грција, а се однесуваат на финансиските години 2022 и 2023, јави дописничката на МИА од Атина. Премиерот на Грција во 2023 година пријавил годишен приход од 70.456 евра, акции и обврзници од 508.859 евра и 20.479 долари, депозити од 110.668 евра и 445 долари, 26 недвижнини на Крит, Кикладските острови и во Јанина, две возила, учество во една компанија, како и кредит од 160.560 евра. Според грчките медиуми, најбогат меѓу лидерите на политичките партии (иако неговата партија Движење на демократија не е дел од парламентот) е Стефанос Каселакис, а најсиромашен е лидерот на партијата Победа Димитрис Нациос. Поранешниот претседател на СИРИЗА Каселакис пријавил приходи од 1,75 милиони долари, со акции во вредност од 3,77 милиони долари и депозити во вредност од 32.287 (долари и евра), сопственик е на три недвижнини на Спецес, во Атина и САД, како и на едно возило, а паралелно има учество во две компании, но и кредити кон четири странски компании во вкупен износ од 1,65 милиони долари. Првиот човек на партијата Победа, Нациос, пријавил годишни приходи од 22.632 евра, депозит од 1.978 евра, пет недвижнини во Пиериа и Килкис, едно возило и кредити од 107.841 евра. Приходите на претседателот на главната опозициска партија ПАСОК, Никос Андроулакис, достигнуваат до 128.610 евра има депозити од 1.076.358, има 16 недвижнини и едно возило, како у учество во две компании. Како што соопштија од грчкиот парламент имотните состојби се објавени неревидирани, онака како што биле поднесени, а се однесуваат на пратениците, европратениците, финансиските службеници на политичките партии, градоначалниците и префектите, како и брачните другари или лицата со кои горенаведените склучиле договор за заедничко живеење, за годините 2023 и 2024 година (односно за финансиските години 2022 и 2023). За 2023 година биле поднесени 260 почетни и 1.325 годишни изјави и за 2024 година, 275 почетни и 1.546 годишни. Тагови: имот грчки политичари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДесетгодишно дете пукало во маж во црковен двор во Србија- го принудил татко муПолицијата во Уб го уапси Славко О. (44) откако, според сомневањата, го убедил својот десетгодишен син да пука во неговиот деловен партнер (25). Нападот се случил во дворот на црквата во селото во близина на Обреновац, а сè го видел свештеникот кој, според информациите од терен, бил во шок. Тој раскажал како, гледајќи го автомобилот, прво помислил дека еден од верниците доаѓа да запали свеќа. Ранетиот млад човек се опоравува во болница од прострелни рани во рацете, пишува Telegraf.rs. Кавга поради продажба на дрва Се верува дека мотивот за конфронтацијата, која се случила синоќа околу 21 часот, се нерешени финансиски односи од заедничкиот бизнис за сечење и продажба на дрва. За време на расправијата, Славко О. извадил пиштол, му го дал на десетгодишникот и го принудил да пука во 25-годишникот. Страв кај мештаните Еден од соседите што се нашол во близина рекол дека му било невообичаено да види автомобил како влегува во црковниот имот доцна во ноќта. Повеќето од мештаните сè уште не ги знаат сите детали, но меѓу луѓето владее чувство на страв. Соседите на ранетиот млад човек велат дека тој е исклучително вреден и примерен. Осомничени со обемни досиеја Според достапните информации, Славко О. претходно бил пријавуван за нелегално поседување оружје, кражба на шума, насилно однесување и сообраќајни несреќи. „Ова е лице кое со години пополнува полициски досиеја и е добро познато на сите оперативци на терен. Во неговото досие пронајдовме голем број извештаи, од нелегално оружје и кражба на шума до насилно однесување и сообраќајни конфликти. Сепак, дури и најискусните инспектори за овој случај беа зачудени од фактот дека тој го користел сопственото десетгодишно дете како „машина за пукање“ и ставил наполнет пиштол во рацете“, открива извор запознаен со истрагата. Детето е згрижено, таткото е во притвор Со брза интервенција, полицијата го блокираше подрачјето. Десетгодишното дете е безбедно, а пронајденото огнено оружје е испратено на вештачење. Ранетиот 25-годишник е лекуван во болница и е надвор од животна опасност. На осомничениот татко му е одреден притвор до 48 часа, а случајот го презеде Вишото јавно обвинителство. Поради учество на дете во нападот, Центарот за социјална работа беше итно ангажиран за да му пружи правна и психолошка поддршка на момчето.Тагови: дете татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче се препозна во епитетот талог и е против сѐ што носи напредок на Македонија После прес-конференцијата на Венко Филипче сосема е јасно зошто сам се препозна во епитетот талог. Тој и неговата партија се против се што носи надеж и напредок, и против се што обединува, па затоа е и против прославата за 35 години независност на Македонија. Само тој талог умее да подели, просее омраза и да биде против среќата на сопствениот народ. Да потсетиме Венко беше и против покачени пензии, плати, субвенции за земјоделците, нови автопати, нови инвестиции, нови дата-центри. Тој е против се што е напредно. На власт брусеа шахти со македонско сонце, а во опозиција се против се што е македонско. Прославата за независност имаше над дваесетина настани, а финалниот настан на концертот на Дејвид Гета имаше над 50 илјади посетители. Одговорот го доби од народот. Многу е несреќно и жално што главниот репер за култура на Венко Филипче останува концерт на Харис Џиновиќ во Дубаи, додека во Скопје само наводно и формално се бори против влез на некаков српски свет. Од талогот се претера, се наведува во апртиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаМицкоски: 1,4 милијарди евра за странски инвестиции, двојно повеќе од претходната влада Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите и за тоа колку инвестиции влегоа во последниот период, изјави: „Видете, она кое што можам да го кажам е дека, ако се прави анализа, да речеме во последните две години, односно во овие 24-5 месеца откако оваа Влада е избрана, вкупното ниво на странски инвестиции е некаде околу милијарда и четиристотини милиони евра, отприлика округло. И сега, секогаш ми велат не се споредувај со претходно, но ние мораме да се споредиме и со претходната Влада, бидејќи ние сме Влада којашто ја победила претходната Влада, понудила нов концепт и е избрана од граѓаните и е таму каде што е, затоа мора да се споредуваме колку и да била лоша таа. Ако ги споредиме овие две години со првите две години тогаш кога немаше кризи, тогаш ќе стане збор за споредба помеѓу, отприлика една милијарда и четиристотини оваа Влада и околу седумстотини и педесет милиони коишто ги имаше претходната Влада. Бројките се јасни, разликата е огромна, без разлика дали тоа ќе го конвертираме како бројка виза-ви глава на жител или вкупна бројка, станува збор за озбилна разлика. Вчера имавме почеток на една огромна инвестиција, половина милијарда долари. Сопственикот на таа инвестиција рече дека ќе ја дуплира таа инвестиција. Практично тоа не е прва и последна, продолжува и понатаму, тоа е Ветерниот парк којшто ќе се протега во општините Радовиш, Штип и Карбинци. Денеска пуштаме нов производен погон во „ВИК“, овде во Прилеп, продолжуваме и понатаму. Така што Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори, ќе повторам и меѓународната заедница, односно странски инвеститори, но и домашни инвеститори, се разбира.“, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11