Објавена фотографија од апсењето на Мадуро, автентичноста официјално не е потврдена - Канал 5

Објавена фотографија од апсењето на Мадуро, автентичноста официјално не е потврдена

На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето  на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американски специјалци.

Објавена фотографија од апсењето на Мадуро, автентичноста официјално не е потврдена

Засега нема официјална потврда за автентичноста на фотографијата, ниту кој е изворот.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“.

- Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изнесен од земјата“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.

Според американските медиуми, апсењето на Мадуро го ивршиле припадници на специјалната единица „Делта форс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неизвесно е колку време ќе трае прекинот со вакцинирањето против туберколоза за новороденчињата

Неизвесно е колку време ќе трае прекинот со вакцинирањето против туберколоза за новороденчињата во родилиштата бидејќи засега не се знае кога точно ќе пристигнат БСЖ вакцините од јапонскиот производител и кога ќе бидат достапни за апликација. 

Неизвесно е колку време ќе трае прекинот со вакцинирањето против туберколоза за новороденчињата

Од Министерството периодов најавија дека „денови се во прашање“, но не даваат детали за едногодишната набавка откако целосно ја запреа имунизацијата на бебињата поради сомнежите за неквалитет на вакцината на бугарскиот производител „Бул био“ кои во Македонија се користат повеќе од 20 години.

Педијатрите велат дека во пракса ретко се случува да се види случај со „остеомиолитис“ кај дете, кој не може да настане само од вакцина, но баш предизвикан од имунизација до сега нема регистрирано, посочува д-р Мира Атанасова. Таа додава дека откако родителите ќе видат дека нивното дете примило БСЖ од истите серии кои се спорни, 683-1 и 807-1 барале појаснувања.

Во Хрватска трае истрагата, и иако производителот тврди дека веројатноста во четирите случаи на воспаление на коските на деца да била дадена многу поголема доза, тамошните власти тврдат дека сите вакцини биле дадени во различни вакцинални пунктови, како и дека по 10 години немање на ниту еден регистриран случај, 4 дечиња за една е доволен аларм за да се провери квалитетот.

Токму поради тамошните случаи и македонските власти решија да го следат примерот и да ја сопрат вакцинацијата што пак предизвика и уште понамалена доверба кај родителите.

Интересот е голем само за вакцината против грип, за неполни 24 часа 25.000 граѓани се пријавиле на вакцинаја.мк, а на располагање засега има 30.000 дози од тривалентната вакцина против инфлуенца на компанијата од Јужна Кореја GC Џи-Си Биофарма, обезбедени преку заем од Албанија преку УНИЦЕФ. 26.000 дози што допрва ќе треба да стигнат се од француската компанија Санофи, а за остаток 24.000 разговорите се во тек.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Белиот стап не е доволен“ - Лицата со оштетен вид бараат подобри услови и еднакви права

Непристапни тротоари и бројни пречки во секојдневието – слепите лица и лицата со оштетен вид сè уште се соочуваат со секојдневните предизвици .

„Белиот стап не е доволен“ - Лицата со оштетен вид бараат подобри услови и еднакви права

Не е доволно само да се обезбеди бел стап, туку и обука за безбедно и самостојно движење, вели директорката на „Димитар Влахов“, Александра Јаковчевска.

„ Затоа обуката за ориентација и мобилност ја сметаме за еден од основните предуслови за самостојност во таа насока веќе имаме поднесе Иницијатива до Бирото за образованието и заеднички работиме на создавање услови оваа обука системски да стане достапна за учениците со оштетен вид во редовните училишта“, --Александра Јаковчевска.

Беира Салифоска од училиштето „Димитар Влахов“ ја потенцира важноста токму на стручната обука:

„Правилната употреба на белиот стап се учи со стручна обука, таа вклучува препознавање пречки, користење ориентири, процена на безбедност и совладување на познати и нови маршути. Потребите се менуваат со возраста, па подршката треба да продолжи и кога ученикот преминува во средното образование и почнува почесто да се движи надвор од училиштет“– Беира Салифоска, државно училиште „Димитар Влахов“.

Од Сојузот на слепи лица предупредуваат дека и по децении постоење, правата на овие граѓани сè уште не се остваруваат според меѓународните стандарди. Кети Петреска бара законско признавање на факсимилот како начин на потпишување, но и поголема пристапност на јавниот простор, со тактилни патеки, безбедни премини и достапен јавен превоз.

Министерката за образование, Весна Јаневска, посочи дека годинава е зголемен бројот на образовни асистенти, што според неа е важен чекор кон поинклузивно образование.

„Меѓународниот ден на белиот стап е можност да се потсетиме до каде сме и до каде сме стигнале како општество, во нашата обврска на секое дете да му увозможиме да ги реализира своите соништа, таленти и потенцијали. Оваа учебна година ја почнавме со најголем број на образовни асистенти до сега, ангажиравме 1602 образовни асистенти во основното и 176 во средното образование“- Весна Јаневска.

На дебатата во Собранието, по повод Меѓународниот ден на белиот стап, министерот Ѓоко Велковски порача дека Министерството ќе продолжи да работи на подобрување на социјалната заштита, поголема достапност на услугите и создавање еднакви можности за лицата со попреченост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ревизорите откриле сериозни неправилности во работата на Општина Кичево

Сомнителен договор од над шест милиони евра за јавно осветлување, речиси еден милион евра за капитални проекти кои воопшто не биле предвидени од годишната програма

Ревизорите откриле сериозни неправилности во работата на Општина Кичево

Сомнителен договор од над шест милиони евра за јавно осветлување, речиси еден милион евра за капитални проекти кои воопшто не биле предвидени од годишната програма, како и побарувања од до граѓани и фирми што останале неплатени со години, дел од нив повеќе од деценија – извештајот на ревизорите за работата на опшитина Кичево за 2024 година, кога со нејзе стопанисуваше Фатмир Дехари, утврди сериозен законски и финансиски хаос. Покрај договорот за осветлувањето, со кој општината била обврзана да плаќа 34 илјади евра месечно во период од 15 години за модернизација и одржување, се истакнува и паркот во с. Зајас од речиси половина милион евра без соодветна документација, а денеска и запуштен.

-Јавното приватно партнерство за модернизација на јавното осветлување, кој поради својата значајна финансиска вредност и долгорочно обврски претставува прашање од висок ризик за буџетот. Утврдени се значајни отстапувања во сите фази на постапката, вклучително недостиг на целосна подготвителна документација исто така и слабости во реализација на договорт, што создава финансиски и правни ризици во текот на целиот период на реализацијата на договорот. Одржувањето на системот опфаќа замена на светилки со лед, поставување на дополнителни илјада светилки и поставување на 234 ормарчиња за контрола на истите,- -Марина Блажеска – Пом. главен државен ревизор.

Фрапиран од договорот за осветлување бил и актуелниот градоначалник Александар Јовановски, кој вели секој месец стигала фактура за плаќање на нешто што воопшто не соодвествувало со фактичката состојба и без никаков извештај за што и каде се потрошени тие средства. Општината го раскинала договорот.

Според тој фамозен договор се наведени илјадници, илјадници сијалици кои треба да се менуваат, се менувале или не се менувале со различни спецификации, искрено не можам да ви кажам што точно е сработено, само можам да кажам дека ништо од тоа што е договорено не соодвествува со фактичката состојба.Презедовме чекори за расчистување на случајот и раскинување на договорот, и на почетокот на овој месец успеавме конечно да го раскинеме и го известивме конзорциумот од четири фирми, едната со седиште во Гостивар, носителот.

Во Кичево не била направена ниту ре-проценка на недвижните имоти од 2008 година, па 1340 лица плаќале данок на имот само по 200 денари. Јовановски вели дека процесот на ре-проценка е во полн ек ќе ја опфати целата општина. Дополнително, за 100 телефонски броеви од договор во 2023 година нема никаква документација дека се распределени на вработени и не функционираат, а за тоа се плаќа 10.000 евра годишно.

Од скопското обвинителството за Канал 5 посочија дека ревизорскиот извештај е веќе кај нив и дека по истиот ќе се постапува за проверка на наводите. Неофицијално, според информации на Канал 5 и МВР веќе го чешла извештајот. Екс-градоначалникот на Кичево – Фатмир Дехари веќе се соочува со повеќе кривични пријави за злоупотреби во работењето во општината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер