СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна
1СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна
СветОбјавена е снимка на киднапираните Израелки- семејствата бараат од Нетанјаху да ги ослободиСемејствата на седумте израелски војнички заробени од Хамас за време на нападот на 7 октомври објавија видео од нивното киднапирање за да извршат притисок врз владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да обезбеди нивно ослободување.На видеото се гледаат жените, сите членови на израелските одбранбени сили (ИДФ), наредени до ѕид и нивните раце се врзани. Лицата на некои се модри и крвави. Видеото претходно го објави Хамас, објави Форумот за семејства за заложници. Семејствата го добиле од ИДФ, кои претходно го монтирале видеото и отстраниле вознемирувачки содржини. „Сите нови сведоштва за тоа што се случи со заложниците ја повторуваат истата трагична вистина - мораме сите да ги вратиме дома, сега“, се вели во соопштението за медиумите објавено денеска од Форумот за заложници. Жените биле киднапирани за време на нападот на Хамас врз израелската воена база Нахал Оз, во близина на северната граница со Појасот Газа, како дел од нападите на милитантната група врз Израел, во кои загинаа околу 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа заробени и однесени во енклавата. По нападот, Израел започна војна во Газа во која загинаа повеќе од 35.000 Палестинци во последните седум месеци, според палестинското Министерство за здравство во Газа. Киднапираните жени работеле како набљудувачи на ИДФ, што вклучува и надгледување на граничната безбедност на Израел. Објавувањето на снимката доаѓа додека се зголемува притисокот врз Нетанјаху да обезбеди ослободување на Израелците кои сè уште ги држи Хамас, што неговата влада ја направи клучна цел на офанзивата во Газа. Бројните обиди да се постигне договор за размена на заложници за прекин на огнот со Хамас пропаднаа во последните месеци, што ги налути оние во Израел кои се залагаат за враќање на заложниците. „Државата Израел не може да прифати реалност во која нејзините граѓани постојано чувствуваат дека нивните животи се загрозени и страдаат од постојан страв и вознемиреност“, се вели во денешното објавување на видеото од Форумот за семејствата на заложниците. „Секој ден станува сѐ поголем предизвик да се донесат заложниците живи дома на рехабилитација, а мртвите на достоинствен погреб. Израелската влада не смее да губи ни момент, мора да се врати на преговарачка маса денеска!“ Една од жените прикажани на видеото, Ори Мегидиш, била спасена од ИДФ во специјална операција 23 дена по киднапирањето. Друга, Ноа Марчијано, исто така припадничка на ИДФ, била убиена додека била во Газа, а нејзиното тело било вратено во Израел во ноември. Но, пет од седумте, Лири Албаг, Карина Ариев, Агам Бергер, Даниела Гилбоа и Наама Леви, останале во заробеништво повеќе од седум месеци откако биле однесени преку граница. Повеќе од 100 заложници се ослободени за време на договорот за ослободување во ноември, но ИДФ верува дека околу 130 луѓе сè уште се држат во Газа. Обидите да се постигне договор кој ќе ја запре војната во Газа и ќе овозможи ослободување на заложниците постојано пропаѓаа. Претходно овој месец, Хамас рече дека израелското отфрлање на планот за прекин на огнот предложен од посредниците на разговорите во Каиро ги вратил разговорите за ослободување на заложниците на вистинскиот пат. Изјавата дојде еден ден откако последната рунда разговори за прекин на огнот во Газа и договор за заложници заврши без договор во Каиро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столбСкандал е на повидок. Власта на Мицкоски на ЕНЕР објавила предлог законски измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со којшто се брише одредбата (член 120) за уплата на пари во вториот пензиски столб, во вистина од 6%.Доколку не се интервенира законски во овој или во друг закон, овие измени со бришење на членот за 6% од придонесите да не се префрлат во втор столб, значи дека сите придонеси остануваат во првиот столб во Фондот. Дали ова значи дефинтивно рушење на вториот пензиски столб? Криминалната власт ги доведива во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани, на сите родени после 1 јануари 1967 година кои се во вториот пензиски столб. Фондот за ПИОМ е доведен до сериозна финансиска неодржливост. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра, а во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се овие пари, власта не даде одговор. Пари што им припаѓаат на граѓаните, на работниците, заработени со нивниот труд, издвојувани секој месец од нивните плати. Во исто време, со предлог-законот објавен на ЕНЕР се предлага бришење на членот 120, со кој е утврдена уплатата на 6% во вториот пензиски столб. Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори пред граѓаните зошто се брише оваа одредба, каде ќе се насочуваат средствата и што ќе значи промената за идните пензии на осигурениците. Скопје, 22.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентнаСДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна.Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 проценти од акциите се реализира преку Македонската берза, со јавно објавена постапка, утврдени правила и познати термини за аукциите. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Сите информации се јавно достапни и секој заинтересиран граѓанин може да ги провери. Затоа, обидите на СДС оваа постапка да ја претстави како тајна зделка се обични политички манипулации. СДС и Филипче без никаква одговорност и грижа на совест, само се расфрлат со разноразни лаги и обвинувања со што се обидуваат да создадат недоверба и паника кај граѓаните. Ова е веќе препознатлив и веќе виден модел на политичко дејствување на СДС, најпрво обвинувања и драматизација, а потоа молк, никаде ги нема да се извинат кога фактите ќе ја покажат вистинската состојба. Тоа што е сигурно, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неодговорни политички конструкции да ја нарушуваат довербата во финансискиот систем. Стабилноста на банкарскиот сектор и сигурноста на граѓаните се приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи, како во времето на СДС, банки да пропаѓаат и граѓаните да ги изгубат своите средства. Граѓаните заслужуваат вистина, транспарентност и одговорна политика, а не секојдневни обиди и лаги на СДС, од ништо да создава скандали кои не постојат. Токму затоа се и таму каде што се, во длабока опозиција без поддршка од граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХакери упаднаа во ФБИ. Трамп: Можеби ќе дознаеме нешто за изборната измамаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации,.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации, вклучително и во врска со истрагата за руското мешање во американските избори и наводните изборни измами. „Секогаш сакам да гледам на работите од позитивната страна“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“, коментирајќи го вториот голем сајбер-напад врз ФБИ во изминатите два месеца. Хакери упаднаа во чувствителна база на податоци на ФБИ Според информации што две лица запознаени со случајот ги потврдија за телевизијата „MS NOW“, хакерите пристапиле до Националниот центар за криминално разузнавање (NCIC) – една од клучните бази на податоци на ФБИ. Базата содржи податоци за отпечатоци од прсти, лица по кои се трага, сторители на насилни кривични дела и исчезнати лица. Пристап до овие информации имаат само органите за спроведување на законот, но податоците не се класифицирани како тајни. Сè уште не е познато колкаво количество податоци успеале да преземат напаѓачите. Од ФБИ не одговорија на барањето за коментар, а веста за нападот прв ја објави Си-Ен-Ен (CNN). За време на телефонско интервју за „Фокс њуз“, Трамп призна дека хакерскиот напад не е добра вест, но истовремено изрази надеж дека тој би можел да открие информации што претходно не биле достапни за јавноста. „Ќе кажам дека тоа не е добро. Не ми се допаѓа. Но, можеби ќе дознаеме работи што инаку никогаш не би ги дознале, бидејќи, знаете, ја имавте целата таа измама ’Русија, Русија, Русија‘“, рече Трамп. „Можеби ќе дознаеме нешто за изборните измами – сите тие изборни измами што се случија“, додаде американскиот претседател, без да понуди какви било докази со кои би го поврзал овој упад со своите тврдења. Трамп со години ги оспорува наодите од истрагите за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година. Тој, исто така, продолжува да изнесува неосновани тврдења за распространети измами на изборите во САД. Ова е втор значаен безбедносен инцидент поврзан со ФБИ во последните два месеца. Во септември, хакерска група позната како „Шајнихантерс“ (ShinyHunters) упадна во системи што содржат податоци за вработените во оваа американска федерална агенција. Тогаш, напаѓачите дојдоа до чувствителни информации за речиси сите вработени во ФБИ, како и за бројни службеници од локалните органи за спроведување на законот, кои учествувале во заеднички истражни тимови.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook