Објавена е првата фотографија на големата црна дупка во центарот на нашата галаксија (ВИДЕО)

Научниците собрани во проектот за соработка со Event Horizon Telescope (EHT) ја објавија првата фотографија од супермасивна црна дупка лоцирана во центарот на нашата галаксија - Млечниот Пат.

Научниците собрани во проектот за соработка со Event Horizon Telescope (EHT) ја објавија првата фотографија од супермасивна црна дупка лоцирана во центарот на нашата галаксија - Млечниот Пат.

Фотографијата е објавена на денешната прес-конференција. Создадена е благодарение на синхронизираната работа на осум телескопи ширум светот.

Истата соработка е одговорна за создавањето на првата фотографија од црна дупка некогаш создадена, која беше објавена во 2019 година.

Црните дупки е исклучително тешко да се снимат бидејќи се буквално невидливи поради фактот што нивната гравитација е толку голема што ни светлината не може да „избега“ од нив.

Ковачки: Ковачевски и СДСМ со молкот ја превзедоа вината

 Ковачевски и СДСМ со молкот ја превзедоа вината, срамот и одговорноста од поведението на Талат Џафери.

Денес е работен ден во Собранието на Република Македонија и ако имаше барем грам доблест Талат Џафери денес ќе си поднесеше оставка од позицијата Претседател на Собранието. Прво тоа ќе го направеше заради примитивното и вулгарно однесување кое го манифестираше кон вработените кои ги пцуеше и навредуваше. Второ, заради скандалозната средба која ја имал со делегација во која учествувал и чеченски политичар, поранешен пратеник во руската Дума и соработник со режимот во Кремљ.

Овие два скандали се доволни во Европа да заврши кариера на било кој политичар, а не пак на претседател во Собрание. Зарем има друг претседател на Собрание во земја членка на НАТО кој остварува контакти и средби со лица од безбедносен ризик за државата или за стратешките партнери. Одговорот е нема друг освен Џафери. Има ли некој функционер во демократска земја кој навредува вработени и после тоа не понесува одговорност? Одговорот е нема друг освен Џафери.

Почитувани,

Срамно е што државните институции молчат за скандалот кој го предизвикал Талат Џафери среќавајќи се со безбедносно-интересно лице од Чеченија.

Неодговорно е од Ковачевски, Пендаровски и Спасовски да молчат за средбите на нивниот Талат Џафери со лицето кое е основач на здружението „Муслиманите со поддршка за претседателот Путин".

Треба ли некој да ги потсети споменатите дека извршуваат одговорни државни функции и дека со безбедноста на државата не смее да има импровизации, а дека меѓународниот углед се должни да го чуваат, а не да го рушат.

Заради зачувување на криминалната и анационална коалиција на власт, Ковачевски, Пендаровски и Спасовски се подготвени да го одмолчат, а со тоа и да ги оправдаат скандалите кои секојдневно ги прави Талат Џафери.

Но Ковачевски и сопартијците очигледно одбраа да се водат од принципот „не сме од овде, ништо не сме виделе и ништо не сме чуле".

Бидејќи го брани Талат Џафери, тогаш и Ковачевски и СДСМ подеднакво ја прифаќаат вината, срамот и одговорноста, а бидејќи СДСМ и ДУИ и нивните функционери заедно крадат, заедно го тормозат народот, заедно го игнорираат очигледното, тогаш и заедно ќе бидат поразени и заедно ќе одговараат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Ковачевски во Ватикан и Рим во чест на Денот на Светите Кирил и Методиј

Премиерот Ковечевски на тет-а-тет средба и аудиенција кај папата Франциск.

Денеска по повод одбележување на 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј премиерот Ковачевски со владина делегација во рамките на посетата на Рим и Ватикан,релизираше тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај Папата Франциск.

Како дел од работната посета, премиерот Ковачевски ќе се сретне и со премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Во Рим е Тамара Стојкова .

Тамара каква е агендата за денеска ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Одбиен предлогот Тајван да учествува на собранието на СЗО

Обидот на Тајван да учествува на годишното собрание на Светската здравствена организација, денеска е одбиен. Кина ги нарече, напорите на Тајпеј, да учествува, „политичка манипулација", јавија британски медиуми.

Водечкото светско здравствено тело одлучи да не се стави на дневен ред предлогот на 13 членки на СЗО, со што се бара Тајван да се приклучи на собранието како набљудувач.

притисни ентер