Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност
2Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност
ТехнологијаОбјавена е листа на најпопуларни сајтови од 1993. до денес (ВИДЕО)Од постоењето на интернетот, со текот на времето, различни веб-страници добиваа значење и стануваа популарни меѓу корисниците.Во видеото објавено на Твитер е забележано кои веб-страници добиле најмногу посети од 1993 до 2022 година. Снимката од растот на сообраќајот на веб-страниците покажува дека во 1993 година, најпопуларна платформа била AOL, која нудела услуги за е-пошта базирани на веб. Во тој период, AOL имал 20 милиони месечни посети. По него, најпопуларни сајтови биле Prodigy, Compuserve, Bloomberg и IMDb. Видеото потоа го следи растот на популарноста на Yahoo, кој се искачува на второто место уште во 1994 година, а третото и четвртото место во периодот до 1997 година ги држат Geocities и Netscape. До 1998 година, MSN беше на второто место, а до 2000 година, Yahoo ќе стане најпосетувана страница, со 400 милиони посети месечно. Исто така, eBay се издвојува на четвртото место со 144 милиони посети. Во тој период започнува и растот на Google, а во 2006 година ќе го заземе првото место на рангирањето, со пет милијарди посети. Во 2008 година, Yahoo повторно го зазеде првото место, со девет милијарди посети, а Facebook и YouTube го зазедоа третото и четвртото место. До 2012 година, Google повторно ќе стане број еден, а Facebook и YouTube ќе го надминат Yahoo по бројот на посети. Во периодот до 2015 година на листата на најпосетувани се најдоа и Инстаграм, Твитер и Википедија. До јануари 2022 година, кога ќе заврши овој хронолошки преглед, Google ќе ја задржи првата позиција со 80 милијарди посети месечно. По нив следат YouTube со 34 милијарди, Facebook со 22 милијарди и Twitter и Instagram со по шест милијарди. Most popular websites since 1993… pic.twitter.com/Korxq71iSg — Tansu YEĞEN (@TansuYegen) December 21, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца!Изјавата на министерката за образование дека оваа учебна година ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку е најтешката оценка за политиките на Владата. Ова не е само статистика, ова е аларм дека Македонија забрзано се празни. Додека министерката се обидува да ја претстави државната матура како успех, вистинското прашање е: кому ќе му предаваме утре, ако секоја година имаме илјадници деца помалку? Не може да се зборува за успешен образовен систем кога училиштата остануваат без ученици, а младите ја напуштаат државата. Демографскиот пад е директна последица на погрешните политики, економската несигурност, недовербата во институциите и отсуството на визија. Секоја година со помалку првачиња значи помалку млади луѓе, помалку работна сила и послаба иднина за Македонија. Либерално-демократската партија предупредува дека ова не смее да се третира како обична бројка во извештај. Потребна е итна национална стратегија за демографска обнова и поддршка на младите како и донесување на конкретни мерки за создавање услови за граѓаните да останат и да ја градат својата иднина дома.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗаменик-министерот за здравство се сретна со претставници на ХЕМА-ОНКОЗаменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, одржа работна средба со претставници на Здружението ХЕМА-ОНКО – здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата Пеперутки.Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, одржа работна средба со претставници на Здружението ХЕМА-ОНКО – здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата Пеперутки, на која се разговараше за актуелните потреби на пациентите и за унапредување на здравствената заштита. Во фокусот на средбата беше новиот Закон за лекови, при што претставниците на здружението ги изложија своите препораки и предлози. Заменик-министерот истакна дека пациентските организации треба да бидат активно вклучени во креирањето на политиките и законските решенија што непосредно ги засегаат пациентите. Соговорниците дискутираа и за можностите за продлабочување на соработката со Канцеларијата на Светската здравствена организација, со цел примена на меѓународните искуства и добри практики, подобрување на планирањето и градење поефикасен и поодржлив здравствен систем. На средбата беше разгледана и состојбата со онколошката терапија, како и мерките што се преземаат за надминување на долгогодишните предизвици со кои се соочуваат пациентите. Беше посочено дека е обезбедено рекордно зголемување на буџетот за онкологија и дека се работи на подобрување на достапноста и континуитетот на терапијата. За лековите кај кои беа регистрирани доцнења веќе се преземени конкретни мерки. Дел од испораките се реализирани, за дел се склучени нови договори, а за останатите се обезбедуваат привремени решенија до целосно нормализирање на состојбата. Дополнително, се разговараше за навремената дијагностика, подобрата информираност на пациентите, поедноставувањето на административните постапки и за другите предизвици во остварувањето на правата од здравствена заштита. Заменик-министерот нагласи дека Министерството за здравство останува отворено за редовна, суштинска и транспарентна соработка со ХЕМА-ОНКО, групата Пеперутки и со сите пациентски организации. „Пациентите и нивните претставници се наши партнери во создавањето подобар здравствен систем. Преку отворен дијалог и заедничка работа ќе продолжиме да создаваме системски, одржливи решенија, во кои пациентот ќе биде во центарот на секоја одлука“, истакна заменик-министерот Андовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаМанасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорностТалогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност.Документите кои ги споделувавме во јавноста од испитувањата, покажуваат дека во времето на СДС и Венко Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во различни населени места низ државата, како и во Гостивар. Но, денес се поставува едно уште поважно прашање, а тоа е дали некој од тогашната власт побара одговорност? Дали некој директор бил разрешен? Дали некој градоначалник бил повикан на одговорност? Одговорот е не. Додека СДС беше на власт, проблемите се оставаа да се таложат, а граѓаните никогаш не добија отчет што било преземено по сите тие наоди и анализи. Денес, истите тие луѓе се обидуваат да држат лекции за одговорност. Талогот од СДС и предавникот Венко Филипче треба да им одговорат на граѓаните, зошто со години немало институционална одговорност за случаите на небезбедна вода и што конкретно презеле за тие проблеми да бидат отстранети. Граѓаните заслужуваат одговори, а не политичка селективност. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08