Објавен втор том од „Табу – време на страв и страдање“ - Канал 5

Објавен втор том од „Табу – време на страв и страдање“

Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците  од Пиринска Македонија.

Објавен втор том од „Табу – време на страв и страдање“

Вистината за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија излезе на виделина, на увид на домашната и на странската јавност. „Матица македонска“ објави втор том од зборникот „Табу – време на страв и страдање: прогонувањето на Македонците во Бугарија за време на комунизмот 1944-1989 година“ од универзитетскиот професор и голем борец за правата на Македонците во денешна Бугарија, Стојко Стојков. Во овој том за првпат во толкав обем и формат се објавени досиеја и спомени од Македонци од Пиринска Македонија, со обемна, фототипно прикажана документација.

Ова дело е драгоцен придонес во македонската историографија. До сега ние немаме истражување целосно, обемно и исцрпно документарно монографско сведоштво за геноцидот врз Македонците од бугарската држава. Притоа, станува збор за континуиран геноцид – убиства, масовни депортации, затворски казни, тортури од секаков вид, од времето на анектирањето на Пиринска Македонија од Бугарија по Балканските војни до денес. Сведоштвата за тоа се илјадници, меѓутоа Зборникот го опфаќа делот на комунистичката диктатура во Бугарија.

- Од една страна, за бугарскиот геноцид врз Македонците може да се состават стотици томови со документи. Мора да се потсетиме дека на пописот во Бугарија од 1946 година, Македонци имаше 252.908, десет години подоцна – во 1956 година, тие останаа 187.786, а во следниот попис – само 8 750. До крајот на 1989 година веќе немало ниту еден, што дало повод на западните медиуми како „Арбајтер Цајтунг“ од Виена да излезат со наслови: „Бугарските Македонци ‘умреле’ во Пиринска Македонија“. Зад овој статистички геноцид се крие реален геноцид на уништени стотици илјади човечки судбини, но голем дел од сведоштвата за тоа уништување и до денес се кријат од бугарските државни институции. И тука е огромната улога на проф. д-р Стојко Стојков преку борба со бугарските јавни и тајни служби да откине од нив делови од документарната историска вистина за македонскиот геноцид и да го претстави на јавноста. И не само тоа. Документите се поткрепени со писмени сведоштва на преживеаните од затворите, од иселувањата и од тортурите. На тој начин има симбиоза меѓу документарната вистина и нејзината улога во животот и судбината на жртвите на бугарскиот терор, истакнува во рецензијата, Стефан Влахов-Мицов.

Зборникот со досиеја и сведоштва приреден од Стојко Стојков, веќе е достапен за јавноста, во книжарниците на „Матица македонска“ и онлајн. Иако штотуку објавена книга, „Табу – време на страв и страдање“ е дел од насловите вклучени во акцијата „Априлско разлистување“ со којашто „Матица македонска“ овозможува огромен број изданија со голем попуст и до 80 проценти. Воедно, ова дело е едно од оние дела значајни за Македонија, со чиешто објавување, „Матица македонска“ и ја одбележува 35-годишнината од своето формирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче од Тремник: Власта има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, за лозарите нема пари

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во Неготинско Тремник, имаше средба со лозари, на која што се разговараше за проблемите со откупот и цените на грозјето. 

Филипче од Тремник: Власта има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, за лозарите нема пари

На средбата лозарите алармираа дека црното грозје од сортата Вранец не се откупува, им скапува, а белото грозје се откупува по понижувачка цена од 14 денари за килограм. Филипче посочи дека лозарите денес се соочуваат со ситуација во која вложениот труд, средства и целогодишната работа им пропаѓаат пред очи, а власта не носи никаква мерка за да им помогне на лозарите да ја пребродат кризата.

Тој нагласи дека ова не е проблем само на лозарите од Неготинско, туку состојба со која се соочуваат лозарите во целата држава, додавајќи дека во услови кога власта има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, за лозарите нема пари. На средбата Филипче потсети дека во времето на владите на СДСМ трудот на лозарите беше ценет и вреднуван - се зголемија субвенциите и навреме се исплаќаа, секогаш кога лозарите се соочуваа со проблем владите на СДСМ носеа интервентни мерки, што не е сега случај со власта на ВМРО. Филипче најави дека согласно сегашната состојба на терен, кога големи количини грозје скапуваат, СДСМ повторно ќе предложи конкретни мерки за да им се помогне на лозарите.

„Ќе направиме предлог мерка за поддршка на лозарите согласно состојбата на терен, колку од лозарите имаат предадено грозје за откуп, колку немаат, колку од грозјето скапува по нивите и од дождот, и според тоа во најкус рок ќе дадеме соодветен предлог во Собранието за помош на лозарите“, рече Филипче.

Инаку, и претходно, уште на почетокот на откупот, СДСМ предложи да се зголеми откупната цена за 5 денари по килограм, да се укине 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна на државата на црното грозје кое ќе остане непродадено, но Владата не ги прифати мерките. Лозарите се пред пропаст, а последиците од ваквата негрижа на власта за една од најважните извозно-ориентирани гранки допрва ќе се видат преку намалени површини и производство на грозје.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Европската комисија подготвува нови правила со кои ќе се ограничи пристапот на децата до социјалните мрежи и до платформите за споделување видеа пред да наполнат 15 години.

ЕУ подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Новиот закон на ЕУ за децата, кој комисијата треба да го претстави в четврток, предвидува различни нивоа на пристап до социјалните мрежи во зависност од возраста, со поголема улога на родителскиот надзор.

За децата под 13 години, родителите би можеле да отвораат профили кои целосно ќе ги контролираат, а платформите ќе мора да исполнуваат строги безбедносни стандарди.

Предлогот предвидува и задолжителна технологија за проверка на возраста на корисниците на социјалните мрежи и на платформите за споделување видеа.

Новите правила би се однесувале и на онлајн игрите и на четботовите. Компаниите би морале да обезбедат нивните производи да бидат безбедни уште при нивното создавање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Waymo“ го најави лансирањето на робо-такси во Токио

„WAYMO“, одделот за автономно возење на „Alphabet“, јапонскиот оператор на апликација за такси-услуги GO и такси-компанијата „Nihon Kotsu“ планираат во 2027 година да ја лансираат првата целосно автономна комерцијална такси-услуга во Јапонија.

„Waymo“ го најави лансирањето на робо-такси во Токио

„WAYMO“, одделот за автономно возење на „Alphabet“, јапонскиот оператор на апликација за такси-услуги GO и такси-компанијата „Nihon Kotsu“ планираат во 2027 година да ја лансираат првата целосно автономна комерцијална такси-услуга во Јапонија, соопштија денес овие компании.

Услугата првично би требало да биде достапна со помал број возила, а потоа возниот парк би требало да се прошири на околу 100 автомобили во клучните населби во Токио, под услов да се добијат регулаторните одобренија и успешно да се потврдат технологијата и деловниот модел на Waymo.

Откако ќе се добијат потребните дозволи и ќе се завршат проверките, такси-возилата ќе сообраќаат без возачи, а корисниците ќе можат да ги нарачаат преку апликациите на GO и Waymo, се наведува во заедничкото соопштение на компаниите.

„Услугата со возила без возач ќе биде достапна за јавноста уште од првиот ден“, изјави Текедра Мавакана, ко-извршен директор на Waymo, на прес-конференција во Токио.

„Одговорно ќе ја зголемуваме флотата и постепено ќе ги шириме операциите со текот на времето, сè додека секој во Токио не може да ја преземе апликацијата и да го користи нашето возило“, додаде таа.

Оваа најава го означува најновиот чекор во влезот на Waymo на јапонскиот пазар. Компанијата започна со собирање податоци по улиците на Токио во 2025 година, користејќи возила „Jaguar I-PACE“ со човечки возачи. Ова беше првиот излез на Waymo на јавни патишта надвор од САД.

Компаниите очекуваат дека услугата за автономни такси-возила би можела да помогне во ублажувањето на недостигот од возачи во Јапонија – земја која истовремено се соочува и со поширокиот проблем на опаѓање на бројот на населението.

Одделно, јапонскиот производител на автомобили „Nissan“ соработува со британскиот стартап „Wayve“ и американската компанија „Uber“ на развојот на робо-такси возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер