51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
151. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
3Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураОбјавен визуелниот идентитет на 10. издание на „BookStar“Фестивалот на европската литература „BookStar“ 2024 денеска го објави визуелниот идентитет на своето 10-то издание, што годинава ќе се одржи од 30 септември до 3 октомври на повеќе локации во Скопје. Фестивалскиот слоган, кој секоја година креативно предизвикува на ангажман и размислување, е „Преобразба“ (The Metamorphosis), и е инспириран од делата на Франц Кафка. – Во годината кога се навршуваат сто години од смртта на еден од најголемите автори на XX век и автор чие творештво претставува вечна инспирација за реосмислување на литературата и на човековото битие, решивме да ја вклучиме Македонија кон светскиот тренд на одбележување на оваа значајна годишнина. Особено, бидејќи и за нас 2024 е многу важна година – „BookStar“ полни десет, а „Антолог“, како организатор на Фестивалот и издавач на делата на Франц Кафка, 25 години од основањето под слоганот „25 години Антолог е класика“. Затоа, и на „BookStar“ ќе се одбележат дела кои се доволно моќни да го претворат неможното во можно, дела кои ќе го дофатат незамисливото и се напишани од автори кои лично ја доживеале метаморфозата, соопштија претставници на организаторот. Инаку, од денеска на локацијата „www.bookstar.mk“ е активен новиот веб-сајт на Фестивалот, каде што следбениците на литературата ќе можат на македонски и на англиски јазик да ги најдат сите податоци за минатите изданија на Фестивалот „BookStar“, но и вестите за тековните и идни случувања. На веб-локацијата на „BookStar“ од денеска е отворен и јавниот повик за второто издание на фелоушип-програмата „Објавувајќи ја Европа“, чија главна цел е да се поканат професионалците од книжевниот сектор да ја посетат нашата држава и да ги запознаат одблизу македонските и европските колеги и автори. Во склоп на фестивалот е предвидено да се случат средби на меѓународни претставници на издавачки куќи, агенти, директори на фестивали, писатели и преведувачи, со цел да се зајакне секторот и да се отворат можности за размена на книжевни дела меѓу различни делови на Европа. Повикот е отворен до 10 јули. Како што соопштија организаторите, годинава фестивалскиот плакат е дело на дизајнерката Маја Плачкоска, а како и во текот на минатите, така и оваа година „BookStar“ ќе ја надгради соработката со сите чинители за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, но и активно учество на публиката во процесот на селекција, а исто така ќе ја продолжи својата мисија како прв книжевен фестивал кој понуди превод на дел од настаните на знаковен јазик, со цел да биде манифестација од инклузивен карактер. Исто така, од фестивалот потсетуваат дека годинава на „BookStar“ ќе биде повторно доделена и наградата за најдобар превод „Драги“, во две категории, основана во чест на зачувување на ликот и делото на проф. д-р Драги Михајловски и со цел да се направи вреднување на преведувачката продукција, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен простор. -За наградата може да се учествува со книги објавени во периодот меѓу 1 јули 2023 година и 30 јуни оваа година, а рокот за достава на делата е до 1 јули оваа година. Доставените преводи ќе ги оценува тричлена комисија составена од преведувачи, писатели и книжевни критичари. Наградата за најдобар превод на македонски јазик се состои од плакета и статуетка „Драги“, како и од паричен дел кој изнесува 30 000 денари, соопштија од фестивалот. Меѓународната награда „Драги“ се доделува на најзначаен превод на дело на македонски автор на странски јазик и се состои од плакета и статуетка „Драги“, како и можност за странскиот преведувач да биде дел од второто издание на фелоушип-програмата „Објавувајќи ја Европа“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Македонија51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црноВечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Путин сака да окупира украински град под маската на хуманитарна мисијаПутин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф.Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка во источна Украина е всушност план руските сили да влезат во градот и да го окупираат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека таков потег ќе ѝ овозможи на Москва понатамошно напредување кон Краматорск, објави „The Kiev Independent“. „Примитивен потег за окупирање на градот“ „Ова е сосема примитивен потег бидејќи не може да го заземе овој град на кој било друг начин“, им рече Зеленски на новинарите. Според него, прекинот на огнот ќе им овозможи на руските трупи да се прераспоредат на поповолни позиции во самата Костјантинивка и нејзината околина. Зеленски вели дека предлогот му го пренеле американските преговарачи. „Им го објаснив мојот став за Костјантинивка на американските преговарачи. Таму живеат само украински граѓани, а борбите се водат во самиот град“, рече тој. „Ми го донесоа овој предлог, а потоа рекоа: „Да, разбираме“, додаде Зеленски. Предупредување за наплив кон Краматорск Костјановка се наоѓа во регионот Донецк, каде што се водат жестоки борби, и претставува голема пречка за руските напори да го заземат остатокот од регионот. Затоа контролата врз градот е воен и дипломатски приоритет за Москва. Зеленски нагласи дека Украина направила сè што е можно за да ги евакуира цивилите од областа. „Ако ја предадеме Костјантинивка, нивните следни чекори ќе бидат нашите други градови во Донбас“, рече тој. Според Зеленски, украинската страна им дала на Американците список од седум или осум блокирани населби каде што сè уште се присутни цивили, вклучително и деца, како што е селото во близина на Олешки. Тој нагласи дека Русија не предложила хуманитарна операција за ниту едно од овие места. „Зошто? Затоа што по Костјантинивка доаѓаат Краматорск и Славјанск“, заклучи тој. Ситуацијата на терен Путин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, додека борбите продолжуваат во Костјантинивка. Украина ги отфрли руските тврдења дека Москва го контролира градот. Главниот штаб на украинската армија објави дека нејзините сили сè уште дејствуваат против руските пешадиски групи кои се обидуваат да влезат во градот. Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, ги доведе во прашање мотивите на Москва. Тој потсети на претходната руска понуда за хуманитарна операција во Олешки, во Херсонската област, која, како што тврди, служела за ротација на трупите и доведување дополнителен персонал во областа под маската на привремен прекин на огнот.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измамиВо непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило.Вчера (13.11.) во Ресен и на излезите од градот, полициски службеници од ОВР Ресен на возачите на моторни возила делеа едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот. Денеска (14.11.), полициски службеници од Полициската станица Делчево на Градскиот пазар и на повеќе локации во централното градско подрачје во Делчево одржаа повеќе средби со повозрасни граѓани, пензионери, со цел подигнување на свеста за препознавање и спречување телефонски измами. На граѓаните им беше укажано да бидат внимателни при повици од непознати лица кои бараат пари со лажно тврдење дека член на нивното семејство доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница. Исто така, им беше укажано да не даваат пари на непознати лица, да ги проверуваат добиените информации преку директен контакт со членовите на семејството и секој сомнителен повик да го пријават на 192 или 112.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00