Објавен тендер за надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија - Канал 5

Објавен тендер за надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија

Со тендерите за надзор и изведба на пругата од Крива Паланка до заедничкиот тунел со Бугарија, градежните активности би требало да започнат ова лето.

Објавен тендер за надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија

Со објавениот тендер за надзор а за десетина дена и тој за изведба на пругата од Крива Паланка до заедничкиот тунел со Бугарија, градежните активности би требало да започнат ова лето, извести министерот за транспорт Александар Николоски на денешниот состанок со делегацијата на ЕУ во врска со стратешкиот Коридор 8. Како што потенцираше Николоски, до 2032 година од наша страна би требало да е завршена железницата до Бугарија а од следната година со ЕУ средства, планирано е да се започне и со изградба на експресниот пат Куманово – Страцин.

-Во однос на заедничкиот тунел таму работите одат добро и се надевам дека за брзо време и таму ќе почнат активностите. Се надевам, извесно е дека Бугарија конечно ќе има стабилна влада и дека ќе продолжиме да работиме онаму каде што застанавме со вицепремиерот и министер за транспорт Караџов. Бугарија ветува дека со исто темпо ќе ги заврши работите од нивна страна, тие треба што да реконструираат, што да изградат нова пруга на цел потег од Софија до граница со Македонија,- - Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

Обнова очекува и пругата Скопје – Кичево, додека пак за евентуалната пруга од Кичево до Албанија која би чинела 2 милијарда евра, Николоски засега не гледа подготвеност од западниот сосед. Заменикот-шеф на ЕУ Делегацијата во државава, посочи дека ЕУ очекува динамична работа врз стратешкиот Коридор 8, во која веќе е вложена значителна сума, а како што посочи Николоски, целиот Коридор 8 ќе чини околу 5 милијарди евра.

-Се надевам дека финансиските средства во износ од 1,2 милијарда евра кои што беа обезбедени од ЕУ за реализацијата на овој Коридор, што е можно поскоро ќе бидат искористени и тој ќе биде имплементиран, за да може што поскоро придобивките од проектот да можат да ги уживаат како граѓаните, така и бизнисите, меѓутоа исто така да се придонесе и за безбедноста на целиот регион.,- - Бен Нупнау, заменик- шеф на ЕУ делегација.

Што се однесува на заштитената зона од УНЕСКО низ која треба да поминува дел од Коридорот 8, Николоски вели дека пат до граничниот премин Ќафасан ќе има, но со УНЕСКО до средина на јуни ќе се разговара по која траса тој ќе поминува. Додека пак за автопатот кој води до Охрид, изборот на изведувач на делницата Кичево-Букојчани е во финална фаза, вели Николоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните ја спасија Унгарија од колапс

 Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека граѓаните на Унгарија ја спасиле земјата од колапс благодарение на нивното дисциплинирано однесување во изминатите неколку дена.

Граѓаните ја спасија Унгарија од колапс

Токму затоа, како што додаде тој, Работната група за одбрана одлучи дека засега нема потреба да се воведуваат задолжителни ограничувања на потрошувачката на енергија за компаниите.

Маѓар во најновата видео-порака на Фејсбук изјави дека станува збор само за моментална проценка и дека владата може да интервенира во секое време, пренесува „Маѓар немзет“.

Според него, граѓаните, компаниите, локалните самоуправи и институциите во неделата заштедиле 700 мегавати електрична енергија – што одговара на производството на еден и пол блок од нуклеарната централа „Пакш“ – а тоа привремено довело до благо покачување на нивото на водата поради намаленото пумпање.

„Владата, заедно со експерти за енергетика и води, ги разгледа податоците за очекуваната потрошувачка за оваа недела, расположливите капацитети на домашните електрани, како и можностите за увоз и трговија. Не може да се воведе задолжително ограничување на потрошувачката за домаќинствата. Им благодарам на граѓаните за нивната солидарност. Владата очекува дека стотици големи компании-потрошувачи ќе се придржуваат кон доброволното намалување на потрошувачката“, изјави тој.

Тој повторно упати апел до граѓаните да се обидат што е можно повеќе да ја намалат или прераспределат потрошувачката на електрична енергија во периодот од 17:00 до 22:00 часот.

Исто така, изјави дека постојано се бара решение за да се избегне целосно исклучување на електраната и дека во моментов се испитува можноста за задржување на водата надвор од електраната, но дека доколку нивото на водата се спушти за уште пет сантиметри, ќе мора да се исклучи и последната турбина.

„Земјата доби уште еден или два дена, што би можело малку да ѝ помогне на електроенергетската мрежа во деновите на најголема потрошувачка. Ќе биде многу тешко, но заедно ќе го надминеме тоа“, рече Маџар и нагласи дека снабдувањето на населението со електрична енергија ќе се ограничува само во краен случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари

Опозиционерот Венко Филипче се обидува да држи лекции за здравството и јавното здравје, но граѓаните не забораваат кој со години раководеше со Министерството за здравство и кој беше на власт кога се случуваа проблемите.

ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари

РЕАКЦИЈА НА СДС

За разлика од некои минати времиња кога водата во Гостивар не била исправна, а никој не дал препораки и насоки да не се пие, сега согласно резултати се даваат препораките, а за скандалот се води постапка и има одговорност

СДС наместо да се засрами и да повика на одговорност во сопствените редови и од коалиционите партнери, продолжува со хистеријата и демагогијата.

Тоа што СДС не се навикнати за одредени случаи секој да е крив туку само вистински одговорните, не. Како што беше и трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде дури кабелот беше крив, но Венко Филипче како министер за здравство кој ја подготвил и потпишал тендерската документација, не бил крив.

За тоа и сега кога за случајот со водата за пиење во Гостивар, се води постапка, истрагата е во тек, се испитува целата документација и целиот случај, а најодговорните се приведени. Значи се преземаат сите потребни мерки целосно расчистување на случајот, а во зависност од резултати на направените анализи навремено се даваат насоки и упатства за граѓаните.

За разлика од едни минати времиња на власт на СДС, министер за здравство Венко Филипче, локална власт во рацете на нивните партнери ДУИ и Таравари, кога направените анализи на водата во Гостивар покажувале присуство на бактерии и на неисправна вода за пиење, не се најде никој да даде препораки до граѓаните за да не ја користат.

Оттука, разликите во пристапот се евидентни и на СДС и порачуваме ако сакаат некој да им поверува дека се грижат за здравјето на граѓаните, а не само за политички поени, нека го повикаат на одговорност и нека побараат оставка од градоначалникот Валбон Лимани, кој тие го поддржаа за да станат дел од локалната власт во Гостивар.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

Во над 50 населени места водата не е исправна за пиење.

СДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите.

Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење.

Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии.

Ова е скандалозно.

Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека концентрацијата на хлор е висока, водата не смее да се користи ниту за капење.

Високото ниво на хлор предизвикува иритација на кожата, очите и дишните патишта.

Особено е опасно при топол туш.

А што најавуваа досега?

Мицкоски најави дека водата ќе биде технички исправна и врз основа на таа изјава граѓаните ја користат водата за капење.

Министерот Клековски најави дека до крајот на минатата недела водата ќе биде безбедна за пиење.

Пред два дена Мицкоски повторно изјави дека „за првпат по многу години“ водата ќе биде бактериолошки исправна.

Во исто време, додека министерот најавуваше вода за пиење, Мицкоски рече дека не може - затоа што се појавила нова бактерија.

Ова се случува кога нестручни лица даваат објаснувања.

Секој ден различни упатства.

Граѓаните се збунети, а последиците по здравјето можат да бидат катастрофални.

Сѐ што прават е за политички поени. Резултати нема - само медиумска пропаганда.

Сѐ уште не знаеме кој потпишал дека водата е технички исправна и безбедна за капење.

Ако некој го потпишал тоа, а сега се докаже дека водата не била ни технички исправна, тој мора кривично да одговара.

Тоа што Владата деновиве не го покажува официјалниот документ, наведува на сомнеж дека документ воопшто нема.

Сѐ се работи по налог на Мицкоски, во служба на неговата кампања, а на штета на здравјето на граѓаните на Гостивар.

Не можете да си играте со здравјето на граѓаните.

Сите ќе одговарате!

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан, Форум на жени

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер