Објавен тендер за избор на изведувач за модернизација на граничниот премин Евзони - Канал 5

Објавен тендер за избор на изведувач за модернизација на граничниот премин Евзони

Архитектонска и енергетска надградба на постоечките објекти, подобрување на сообраќајната инфраструктура и организирањето на сообраќајот, зголемување на капацитетот и квалитетот на пасошката, царинската, фитосанитарната и ветеринарната контрола....

Објавен тендер за избор на изведувач за модернизација на граничниот премин Евзони

Архитектонска и енергетска надградба на постоечките објекти, подобрување на сообраќајната инфраструктура и организирањето на сообраќајот, зголемување на капацитетот и квалитетот на пасошката, царинската, фитосанитарната и ветеринарната контрола, овозможување на современи и ефикасни гранични услуги, побрз проток на патници и стоки, намалување на времето на чекање и усогласување со европските стандарди, предвидува, проектот „Надградба на копнениот граничен премин Евзони Килкис“, согласно објавениот тендер за избор на изведувач за проектот, јави дописничката на МИА од Атина.

Модернизацијата на грчкиот дел од границата кон нашата земја беше соопштена во втората половина на август со издадена одлуката на грчкиот министер за внатрешни работи Теодорос Ливаниос, а минатата седмица, Националниот инвестициски фонд на Грција, преку националниот систем за јавни набавки објави тендер за изведувач за проектот „Надградба на копнениот граничен премин Евзони Килкис“ во висина од 23,6 милиони евра.

Согласно тендерот, предмет на проектот е „поправка и надградба на постоечките објекти на ГП Евзони во Регионалната единица Килкис, преку студија и изведба на градежни работи“, а рокот за завршување е најмногу 22 месеци од датумот на потпишување на договорот со изведувачот.

- Надградбата на конкретниот граничен премин е итен приоритет за усогласување на Грција со меѓународното право и обврските што произлегуваат од Европската унија. Проектот е вклучен во Развојната програма за јавни договори од стратешко значење и се финансира од Националната програма за развој (ЕПА 2021 – 2025), пишува во објаснувањето на јавниот повик, а краен рок за доставување понуди е 9 март 2026 година.

Во тендерот е објаснето дека во проектот се вклучени архитектонска и енергетска надградба на објектите и инфраструктурата, надградба на патната мрежа, како и обезбедување на потребните услови за значително подобрување на услугите за пасошка, царинска, фитосанитарна и ветеринарна контрола, но и за земјата да се усогласи со низа европски регулативи.

Дополнително, пишува дека ќе придонесе во „олеснување на прекуграничното движење и трговија, во ефикасноста на прекуграничните контроли, намалувањето на времето поминато во чекање за патниците и возилата, во зголемување на соработката на земјата со С. Македонија, а со тоа и промоција на зајакнувањето и подобрувањето на добрососедските односи“.

Проектот е во висина од 19.074.711,46 евра без ДДВ, односно вкупно 23.652.642,21 евра, а надлежен орган е Децентрализирана управа на Македонија-Тракија.

Според генералниот секретар на децентрализираната администрација на регионот Македонија - Тракија Димитрис Галаматис, надградбата на граничните премини е „апсолутен приоритет“ и по преминот Кипи во Еврос, сега е објавен тендер и за надградба на Евзони, „со што во пракса се поддржуваат плановите на Владата за зајакнување на копнените граници на земјата“.

- Станува збор за проект од стратешко значење, кој ја потврдува кохерентната политичка определба на државата систематски да инвестира во влезните порти на земјата. Определба што е поврзана со зајакнување на безбедноста, со функционалноста и оперативната ефикасност на контролните механизми, како и со подобрување на услугите за професионалците, посетителите и граѓаните на земјата, посочи Галаматис за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Пратеникот од владејачката Нова демократија Фондас Баралиакос, кој е од областа Пиерија, на Фејсбук објави дека стапил во контакт со Галаматис, кој го информирал за „оваа позитивна разврска, што е дел од поширокиот владин план за зајакнување на копнените граници“, додавајќи дека станува збор за проект од стратешко значење, за кој се очекува „да ја зајакне националната безбедност и граничната контрола, значително да го подобри работењето на услугите на станицата, да ја надгради сликата на земјата на северната граница и да ја поддржи прекуграничната економска и трговска активност“.

- Особено сум задоволен од оваа разврска, бидејќи модернизацијата и обезбедувањето на персонал на копнените гранични премини, со што ќе станат модерни и функционални согласно европските стандарди, беше мој постојан и континуиран приоритет од првиот момент кога бев избран, напиша Баралиакос.

За модернизацијата на преминот од грчка страна, извори од надлежното грчко министерство, на крајот на септември за МИА објаснија дека целта е да се намали чекањето, особено во летните месеци, посочија дека станува збор за голем проект, додека пак додека траат работите, граничниот премин ќе функционира нормално и без проблеми.

Тогаш, претседателот на Унијата на полицајци од Килкис Христос Карјотудис, во разговор со дописничката на МИА од Атина, позитивно ги оцени најавите за надградба на ГП Евзони и објасни дека кога граничниот премин бил изграден пред многу години, не било предвидено дека ќе има толку голем број туристи и возила во летниот период со резултат, лентите и за влез и за излез од земјата да не се доволни, па затоа и се создаваат редици.

Посочи дека за влез во Грција се девет до десет ленти, а за излез се двојно помалку, а „во текот на летниот период имавме од 15 до 25.000 лица дневно“ и изрази очекување дека со надградбата ќе се зголеми бројот на сообраќајните ленти и за влез и за излез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“.

Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто.

Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Со најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.

Стопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапред

Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење.

Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор.

Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси.

Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година.

Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

Фејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.

Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта

„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер