Објавен првиот број на списанието „Современост“ за оваа годин - Канал 5

Објавен првиот број на списанието „Современост“ за оваа годин

Излезе од печат најновиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година.

Објавен првиот број на списанието „Современост“ за оваа годин

Во првиот број се вклучени 21 статиja на 114 страници - два прилога проза, шест прилози поезија, три приопштувања, пет прилози од рубриката интерпретации, четири рецензии и афоризми.

Бројот е отворен со расказот „Јамата“ од Стефан Марковски и „Пригушени осцилации“ од Станка Бајлозова Барламова. Потоа следи избор поезија од: Васил Дрвошанов, Мирјана Тренчева, Иван Стојановски, Марина Икономова Шокева, Никола Алтиев и Софија Добреска.

Преведени извадок од романсиерското творештво на славниот автор на готскиот хорор роман „Дракула“ Брам Стокер, како и од поезијата на современиот перуански поет Емилио Мартин Паз Панана и современата кинеска енциклопедистичка поетеса Јин Џиојуан се сместени во рубриката Приопштувања. Васил Тоциновски и младите македонистки Верица Мукоска, Симона Анакијевска, Моника Колева и, библиотекарката Елена Станкоска се застапени со статии во рубриката Интерпретации.

Во рубриката Вреднувања се застапени рецензии од Славчо Ковилоски, Никола Алтиев, Јованка Денкова и Андреј Медиќ Лазаревски.

Крајот е отстапен за прилог составен од 165 афоризми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски.

Илустрациите во првиот број на „Современост“ за оваа година се дело на младиот ликовен уметник Калин Маловски, и истиот е достапен во книжарите на „Литература.мк“ и Антолог – Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342

Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, објави венецуелското министерство за информирање.

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342

Бројот на повредени достигна 16.470, додека бројот на луѓе кои останаа без своите домови скокна на над 17.300.

Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 24 јуни, на околу двесте километри западно од Каракас. По него следуваше втор земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, на оддалеченост од 45 километри, а потоа и низа последователни потреси. Земјотресот со магнитуда од 7,5 степени беше најсилниот во последните повеќе од сто години, велат податоците на американскиот геолошки институт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Милиони луѓе се придружија на погребната поворка во Техеран за да го испратат телото на починатиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи на пат кон светиот град Ком.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Според иранските медиуми, денешниот настан е најголемиот јавен собир во модерната историја на земјата. Поворката почна утрината од верскиот комплекс „Голема мосала“ во Техеран, каде што што изминатите два дена беше изложено телото на Хамнеи.

Организаторите очекуваат поворката, која се движи по траса долга околу 10 километри, да трае помеѓу 10 и 12 часа. Хамнеи кој беше убиен на 28-ми февруари од американските сили, ќе биде погребан во четврток. По атентатот, за негов наследник беше назначен неговиот син Моџтаба Хамнеи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Најмалку 18 луѓе загинаа, а повеќе десетици се ранети во најновите жестоки руски водзушни напади врз Киев, само неколку дена откако во слични напади беа убиени над 30 цивили.

18 загинати во руски воздушни напади  врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Како што соопштија украинските власти, мета на нападите биле повеќе згради во главниот град, каде што избувнале пожари, а меѓу повредените има и деца. Според информациите, Русија употребила 350 беспилотни летала, 40 крстосувачки ракети, но и речиси 30 балистички и суперсонични проектили, од кои безмалку ниту еден не бил соборен. Киев призна дека украинската одбрана претрпела огромен удар поради сериозниот недостиг на пресретнувачки ракети за системот патриот, кој единствено може да соборува балистички проектили. Украинскиот претседател Зеленски апелираше до сојузниците да донесат силни одлуки на самитот на нато утре и задутре за да и обезбедат на украина воздушна одбрана. Додека ракетите „Патриот“ се во магацините на нашите сојузници, Русија е само охрабрена да продолжи да уништува станбени згради“, напиша Зеленски на социјалните мрежи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер